Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Денеска слушајќи еден марш се потсетив на погребните маршови во 90те. Три пати на ден погреб, напред крстоносецот, по него музика со погребен марш во состав од шестмина дувачки таленти кои во слободно време свират на свадби, па редица на венцоносачи, мртовечкиот сандак на раце 6мина збрани го носат по нив мртовечката кола попот па фамилијата. Три пати на ден како Тито да го закопуваш со сите почести, блокирани улици, луѓе на тераси со крпчиња во рацете плачат растревожени граѓани на тротоари немо гледат и по тук таму некој коментар што добар човек беше шо лошо го снајде.

Добрата ствар беше што поповите имаа кондиција и пешачеа 5км мин на ден. Лошата е што тие слики до ден денес неможам да ги избришам од глава кога како основци ни загина школско другарче заедно со фамилијата негова во сообраќајка, а ние ги носевме венците цел клас со одвај 10тина години.

Погребниот марш до денес го паметам. Каде и да ја слушнам таа музика ме потсетува на тие славни закопи.
И би сакала иако звучи морбидно во овој момент али џенка нека си запише - поп кај мене во никој случај. Музиката да ја викнеш, со таа музика сакам да ме испратат!
 
Добрата ствар беше што поповите имаа кондиција и пешачеа 5км мин на ден. Лошата е што тие слики до ден денес неможам да ги избришам од глава кога како основци ни загина школско другарче заедно со фамилијата негова во сообраќајка, а ние ги носевме венците цел клас со одвај 10тина години.
И јас мрзам погребни обичаи, и мрзам кога малтретираат деца. И денешниве деца ги малтретираат. Ако ги нема такви што ги тераат да бакнат рака на покојникот глава сечам.
Ако го нема маршот, ги има стоте врсти колачи и пакетот овошје над гробот и внуците таму, а за пред да го закопаат телото да не прам муабет си играат со телото сешто ставаат и мобилниот и наочарите, да не фали таму.
Не вреди да им кажам да не си играат со моето тело, ќе си играат, ама јас нема да сум таму. Попот е ок, каков и да е колку и да заработува, само тој ја знае молитвата што треба да биде кажана наместо колачите.
 
Колку ноќи не сум спиел од тие маршовите.
Не верувам дека има такви што ги малтеретираат децата да му ја бакнуваат раката на покојниот. Лошо е кога уште од мали ќе им внесеш страв.
Пред неколку месеци кога почина братучед мој, децата негови 3 и 7 години не им дозволија да го видат. Ни јас не го видов, таа лоша слика ти останува за цел живот.
 
Колку ноќи не сум спиел од тие маршовите.
Не верувам дека има такви што ги малтеретираат децата да му ја бакнуваат раката на покојниот. Лошо е кога уште од мали ќе им внесеш страв.
Пред неколку месеци кога почина братучед мој, децата негови 3 и 7 години не им дозволија да го видат. Ни јас не го видов, таа лоша слика ти останува за цел живот.
И јас не ги однесов моите кај мајка ми иако таа имаше само 50 години
Големата беше во состојба да памти нешто, сакав да ја памети жива и насмеана
После слушав горделиви коментари откако се вратив на вистериа лејн улицава
како некој попаметни од мене ги носеле нивните деца кај бабите/дедовците, и редовно по задушници. На тие деца ни бајачките не им се непознати.
Јас ги однесов еден ден од што немав кај да ги оставам а ретко сум во градот, колку да го посетам гробот. Мислам дека не знаеја каде се. Не се намачив ни да им објаснам многу, повеќе сакам да им ја опишувам жива.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Ако ми верувате јас сеуште немам на погреб отидено ама на ниеден. Близок мој фала богу ми нема починато пра баба и пра дедовци два ми починаа уште како дете кога бев и не бев на погребите ниту пак моите навалуваа да отидам а пошто бев основец и разбирав веке... Доста многу се исплашив поготово од реакцијата на дедо ми... За тертипот староградски мртовец да се шета низ град стварно мислам дека нема потреба и нема смисла али секоја чест на тие деца тогаш што имале храброст за тоа.
 
Na grob sum bil kako mal. Koga umre pra baba mi moite ne me zedoa. Ni mene ni sestra mi. Iako trebase. Baba mi i dedovci te ni se nalutija sto ne smo bile. Vikaa pa i nim im e baba.
 
Сум бил и јас на 9-10 години на таков марш а како минуваше времето така бројката се зголемуваше.

Не гледам ништо страшно, тоа е дел од животот.

(во 90тите не се сеќавам дали имаше ручеци после чинот, барем во мојот град немаше зошто немаше просторија нели на сред гробишта)

Имавме слатки проблеми, пример добра топка за фудбал (се играше на сред улица па дури направивме дрвени голови - вери ниец), добра ливада за фудбал, греди, бандера, обрач за кош, дискети а посебно џојстици за нинтендо...
 
Последно уредено:
Ова беа бомбони од деството
43465fc86653b0b801b769320c600c66.jpg


Играва ја отепувавме од играње по флиперите 96/97 год бегање од часеви и право до најблиската флиперница :)
9ad2bb210978222d5b1e366aacf346ef.jpg


Има многу работи што не ми текнуваат

Sent from my Galaxy Note 4 [SM-N910F]
 
Никогаш нема да разберат како е да си играш надвор по цел ден, мајка ти да се дери од прозор за да те прибери дома да јадеш. А ти пак инат, ќе ја земиш намачканата кришка со ајвар/еурокрем како божем крај на светот ќе е ако седнеш 10 минути да се најадеш како треба.

Никогаш нема да разберат како е да се јаде ќотек кога ќе си дојдеш дома цел нечист како свиња што се валкала во кал, со искинати панталончиња, и рани по нозете.

Никогаш нема да разберат како е тоа да шпарташ по цел ден надвор од град, да истражуваш нови места, околина заедно со твоите другари, да се пентариш по карпи, брда и планини, како некој пантер, без мозок дека може да биде опасно по твојот живот и само една секунда е доволно да паднеш и да се искршиш целиот па да те собираат со лопатче.

Никогаш нема да разберат како тоа можеш да се тепаш со другар ти, онака, оти ви е досадно и после тоа да си подадете рака како ништо да не се случило.

Никогаш нема да разберат како е да украдеш овошје од комшијата, од она дрво кое прв пат родило, кое го чекал 3 години, за после воопшто да не го проба оти ќе му ги оберите и тие малку плодови кои ги родило, не поради тоа што сте гладни, него да му се осветите за сите дупнати фудбали.

Никогаш нема да ја разберат креативноста која сме ја имале тогаш, па сме креирале разни чудотворија, змајеви, учутми, летала, куќички, дрвени пушки, камиончиња, возила, направени од детските раце, за денес да се купуваат истите од кинезариите, пластифицирани, многу поубави од тие нашите, но без душа, кој ќе завршат фрлени во некој ќош.

Никогаш нема да ја разберат таа сплотеност на луѓето, стари, млади, сите на исто место за празници, собири.. Почитта која сме ја имале кон тие луѓе, па макар биле и само неколку години постари од нас.. Добар ден, чичко.. Добар ден, деца.. без разлика дали го познаваш или не.. за денес луѓе кои ги знаеш цел живот да ја вртат главата кога ќе минат крај тебе, или комшии со кои си немаш ни едно ЗДРАВО.

Никогаш нема да разберат како е да се има малку, а притоа да биде тоа многу. Никогаш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom