Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Само ја потенцирав релативноста на темава, без намера да деградирам ничие мислење за тоа што е старо а што не. Може ќе се јават и помалечки од вас, па за нив други би биле параметрите...
Фала Богу дека е релативно, затоа е и темава за забава, нека се јават, ќе се посмееме. :)
Сеа и мене ме збуни ти ебам :pos:

Некој да не просветли ?
Пресекувам - РаздВАСтрас. :)
 
Тоа доаѓа од Рас-Два-Три.
Преминало во Раз-Двас-Трас или Раз-Два-Трас.
 
Кога ги чуваш сите Развигорчиња и Другарчиња, за кога ќе дојде време за писмена, да ги листаш сите по ред. :pipi:
И кога ги бришеш учебниците и работните тетратки, ради тоа што се пренесувале од колено на колено. И ти намерно ги шкрткаш, за да ти купат нови. Или лажеш дека не треба од тие автори. :свиркам:
 
Не се викаше РАЗГЛАСТРАС? :pos:
Цел живот сум викал погрешно значи :pos:

Како се чуствуваш сега откако го дозна ова ?

my-whole-life-has-been-a-lie_o_1076326.jpg
 
Леле кондурите со желевце :pos:, сум забораила дека некад постоеле.

А уз ова идеше фризура кремче, ама што е можно повисоко качени шишки. И сеа, зависно од квалитет на коса и квалитет на употребено средство за зајакнување на "фризурата" се добиваа кремчиња налик на разрушени тараби на кои се потпирале прароднините. :LOL: Али битно се следеа модните текови!

Не знаат како е да стоиш саат време пред огледало да тапираш тулумба или кремче :pos:
 
Еве син ми не може да сфати дека јас станував кафе да си сварам додека да се конектирам на интернет :), dial up, душа да ти излезе. А тоа пиштењето веќе го разбиравме ко мајчин јазик...
И не му се верува дека кога бев ептен мала, немавме НИКАКОВ телефон, кога имав околу 5-6 години ставивме, убаво го памтам настанот :), и не знае како е кога со години се чека да дојдат монтерите, а цела фамилија посреќна отколку 7-ца на лото да сте добиле кога ќе се појават. За двојниците ич да не почнувам :). Ти се брза да се јавиш, а двојникот зборува еден саат.
И преснимување игри на КАСЕТА...ај сеа да ве видам :icon_mrgr:. Снимаш некое брмчење, пушташ после и оп-игра бе. Јас сум генерација што почнуваше со Комодоре 64 :).
Заглавена лента во видео-рекордер, уништена касета со омилените песни...
И уште милион слатки „проблеми“ кои најчесто не ни правеа нервози, затоа што бевме среќни што воопшто ги имаме.
 
Кога ова чудово ќе го ставиш во магацинот на конзолата и не ја пушта играта, па мораш да дуваш кај кертриџот за да проработи.

Посебно навечер кога имаш забрана од твоите за пристап до нинтендото а ти дуваш ли дуваш тресејќи се да не ги разбудиш случајно:D
 
Еве син ми не може да сфати дека јас станував кафе да си сварам додека да се конектирам на интернет :), dial up, душа да ти излезе. А тоа пиштењето веќе го разбиравме ко мајчин јазик...


Расакажи му како е да плаќа интернет 500ден за 100 МБ :D[DOUBLEPOST=1397067826][/DOUBLEPOST]
Не се сеќаам дека ние ги имавме тие пари туку некои квази бонови и првите десетки со крушевскиот Македониум. Имаше и црвени пеески... Некаде 93та откако искочија прво металните одма после тоа книжните и после 97-8ма ги реновираа целосно во денешниве.

Не се сеќавам како личеа, но користевме југословенски динари до 93та. После ги заменивме. Моите земаа плата во милиони, за да не се жалат некогаш дека не биле милионери :D
 
Последно уредено:
..
И преснимување игри на КАСЕТА...ај сеа да ве видам :icon_mrgr:. Снимаш некое брмчење, пушташ после и оп-игра бе. Јас сум генерација што почнуваше со Комодоре 64 :).
...
Ја имав Atari XE. На него, учитувањето игра му траеше околу пола саат. Срање-несарње, ќе си ја играш (ако неќеш да жртвуеш уште пола саат, само за да провериш друга игра)
 
Нема да ја сфатат радоста кога ќе дојдеш до Табу клуб и го спомињаш пред народ само откако си го ги поминал соджините и си спремен да го прежалиш.
 
Никогаш нема да сфатат како секој понеделник на класен час, да читаш на разглас текст за пролетта (есента,зимата, шо и да е) а наставникот по музичко во позадина џигл спремен од дома на паузите од зборење ти го пушта, па пак го премотува за следната пауза.

Нема да сфатат каков ќотек се јадеше до 8мо одделение, кога ќе ти залепеа шамар ушите три дена ни ѕвонеа.
 
Нема да знаат што значи цел ден да ја превртуваш омилената песна на касетофонот за да ги запишеш зборовите и во школо да ги споредиш со другите.
Нема да видат мало лачиже во стакленото шише кисела вода за да не изветрее :pos:
 
Последно уредено:
Си прочитал во Ентер дека нареден месец ќе излага некоја игра што сакаш да ја играш и секој ден после ќе одиш по продавниците да прашуваш дали ја имаат. Еднаш знам долго време траеше тоа, само никако да ми текне која беше играта ама сигурно добри три недели им одев секој ден да ја барам.
Па ќе купиш и играта е на 4-5 цедиња. Инсерт ова, инсерт она. Проблеми со инсталација, фалат фајлови па пак до продавницата да ти го сменат цедето, доаѓаш дома и пак проблеми. Ај пак назад, и после неколку обиди ќе се задоволиш со друга игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom