Проблем при голема нужда?

  • Креатор на темата Креатор на темата bastard
  • Време на започнување Време на започнување
Пиј рицино,јади круши,сусам,праски..Пиј црн сок,синалко на пример,мене ми помага..Наутро пола литро ладна вода..
 
Јади супа секој ден, вежбај ко вол, трчај, вози точак, од сабајле смути со млеко/јогурт + праски, банани, кајсии, малини (и слични воча што тераат да се испразниш лесно и ефикасно). Пиј кефир со ленено и пиј многу вода.
Избегавај сува храна, на крај краева почни да се грижиш за себе.
Во спротивно спреми се за хемороиди или во најлош случај сечење на дебело црево.
 
За ова, исхраната е најчестата причина... Прва работа е: намали леб, бел посебно. Зголеми внес на растителни влакна, значи непроцесирани житарки, најдобро цели пресувани зрна. Како ова:
http://www.vitalia.com.mk/zitni-snegulki-mk.nspx

Леб, само по малку со манџести јадење (пошто манџи навистина не се јадат без леб), ама исклучиво интегрален леб. Јадења каде што доминира ориз/компир/друг-скроб, без леб јади ги. Избегавај да јадеш сендвичи, леб мачкан со нешто, било што каде главното јадење е леб со по нешто друго.
Зголеми внес на овошје, и зеленчук, и тоа пола саат до саат пред оброк а не после оброк (како што многумина погрешно практикуваат).

За крај, ама никако најмалку важно: редовно јадење храна богата со пробиотици. Тоа значи домашно спремен јогурт или уште подобро, кефир (кликни). Комерцијалните кефир/јогурт од супермаркет немаат пробиотици во нив, конзервирани се за да траат со недели на полица. Пробиотици се живи квасци и бактерии, какви што сите имаме во цревната флора. Преку редовно јадење на храна богата со пробиотици се балансира таа цревна флора, а небалансирана цревна флора предизвикува разни дигестивни (и други) проблеми.

Како што кажа и @Бавча - или смени го начинот на живот, или тој ќе те смени тебе: хемороиди и „пораѓање“ сучки во величина на 8 месечен фетус, ќе бидат најмалите последици.
 
Поздрав.

Досега сум немал никакви проблеми со тврдата столица, но ова лето не сум многу активен, па почнаа да ми се појавуваат проблеми.
Веке некое време столицата ми е премногу голема и моето тело неможе да ја спроведе низ аналниот канал, па кога имам тврда столица ме боли.
Поради болката, веке се плашам да одам во нужда (веке имам фобија), освен ако не е мала.

Што би можело да ми помогне го пребродам овој период и што треба да практикувам за да не се случи во иднина. Ова прват ми се случува.

П.С. Машко сум.
Најпрво наутро можеш да си земаш по една лажица масло од кантарион за да го обвитка желудникот, што е многу добро за дигестивниот систем.

Потоа тоа што чувствуваш голема болка не е до толку од големината на изметот, туку од тоа што е сув и тврд изметот. Па ако имаш и хемороиди, болката е плус.

Смени начин на живот и исхрана. Биди малку поактивен, вежбај нешто, трчај.........., едноставно разработи го метаболизмот. Што се однесува до храната гледај да баталиш тврда и сува храна, а гледај да преминеш на потечна и полесна храна. Земај јогурт помешан со ленено семе или со трици, пиј многу вода, еве можеш да јадеш и доста лубеница.

И нема простор за страв и паника. На секој му се случува бар еднаш тоа во животот (иако не е еднаш, туку е повеќе пати).
 
Ricinus! Ispij edno pakovanje 50 ml, ali ne garantiram kakov ke bide krajniot ishod (dali crevata ke ostanat chitavi poslem) :D :D
 
Ricinus! Ispij edno pakovanje 50 ml, ali ne garantiram kakov ke bide krajniot ishod (dali crevata ke ostanat chitavi poslem) :D :D

треба некој модератор да те смири, некако си ми многу хиперактивен. Човекот има проблем а ти изиграваш нешто.
 
треба некој модератор да те смири, некако си ми многу хиперактивен. Човекот има проблем а ти изиграваш нешто.
Епа ако те лажам за рицинусот иди провери на гугл или прашај ја баба ти, постарите сите знаат за тоа ;) да не биам после ХИПЕРактивниот :D
 
За столица убо било мусли да се јадат шо би рекол Дон Дијареа
 
Епа ако те лажам за рицинусот иди провери на гугл или прашај ја баба ти, постарите сите знаат за тоа ;) да не биам после ХИПЕРактивниот :D
Рицинусовото масло се зема во случај ако неможеш да отидеш во поголема нужда, а не ако изметот е тврд и при одење во нужда предизвикува болка поради неговата тврдост. Кога е тврд изметот тоа треба да се регулира со правилна исхрана и активност на организмот.

Башка рицинусот најчесто се користи како една мала лажичка во шоља кафе, поради неговото силно дејство, а не 50мл туку така да ги испие.
 
Веќе едно 5-6 месеци имам запек 7-8 дена,после пролив 4-5 дена, а кога немам запек 1-2 недели после пак фаќам запек,и стомакот ми е тврд од левата страна кај дебелото црево кога имам запек.бев за тоа на лекар ништо не ми кажаа.
Иам пробано со киви да јадам на сабајле,со ленено семе,житарици и не ми помага ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom