Принудна работа за сите невработени !

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Во Хрватска да, говориме за Македонија. Не е исто да го напуштиш семејството и да работиш во странство и да работиш дома. Доколку веќе работиш во странство ќе одиш во Германија ќе работиш за 2000е. Сеуште тврдам дека е лага дека во Македонија некој одбил работа овчар за 500-1000е месечно.
Инаку, Вечер ко Вечер. Криви се работниците што не одат во Хрватска да работат, па да може да ја фалиме владата дека ја намалила невработеноста.
 

Шефе овчар е 24 саати работа не е 8, го знаеш тоа или не?
Потоа и ветеринар треба да бидеш кога ќе почнат овците да се објагнуваат не е заебанција па се извртило јагнето треба да ги пикнеш двете раце за да се заврти со главата накај излезот затоа што и јагнето и овцата ќе умрат.
А в дивина некаде ветеринар не може да дојде најмалку за една ден....
--- надополнето: Jul 30, 2011 6:29 PM ---
И сега значи со читањето на mail-от јас се запрепастив па решив да пишам уште еден mail и го прашав зашто тогаш АД Пивара неможе да најде вработени за во магацин за товарање и истоварање , а тој ми одговори : Пријателе , македончето сака лесни пари , не му се креваат вреќи за 15 000 со плус топол оброк , одма осигуран и се понатаму . Ми одговараат имало многу работа и кој си ти да ми кажеш дека треба да го метам магацинот после секоја завршена работа .

Чекај бре знаеш колку е тарифа утовар растовар на шлепер?
За 15000 пари не ти вреди ни килата што можеш да ја заработиш, затоа што од тежини мадињата се влечат по земја.
--- надополнето: Jul 30, 2011 6:32 PM ---
Латас ќе го пратиме таму доста му е и толку плата.
 
Шефе овчар е 24 саати работа не е 8, го знаеш тоа или не?
Шефе, членот побара каде тоа се нудела плата 500-1000 евра месечно за овчар и јас му дадов линк.
Кога сме кај муабетов (работното време и кешот)... Пред 1 година со еден другар бев Германија, Келн поточно.
Вторник, Среда, Четврток.... излегувавме дење/ноќе, туристи сме, ни се може... ама слабо луѓе (за 2 милионски град).
Во Петок вечерта бевме во пицерија на пица. Фул беше. Остај што беше фул, ама и десетина луѓе во секое време ни висеа врз глава чекајќи ние да станеме за тие да седнат. Знаеш зошто е така? Затоашто во вторник, среда, четврток... истиве работеле и не излегувале. Е тоа треба и ние да го научиме.
Значи ако сакате пари, ќе мора она излегувањето да го скратите (или целосно да го тргнете од вашите животи). И излегување и пари нема. Или пак: и 8 часа работно време и 1000 евра месечно нема.
 
Шефе, членот побара каде тоа се нудела плата 500-1000 евра месечно за овчар и јас му дадов линк.
Не знам дали ме разбираш како овчар нема болест боловање пицерии цивилизација, има да се соживее човек со планината и стадото.
 
Не знам дали ме разбираш како овчар нема болест боловање пицерии цивилизација, има да се соживее човек со планината и стадото.
Не знам дали разбираш колку се 1000 евра месечно за некој што во моментов живее со 2000 денари социјална помош.
 
Не знам дали разбираш колку се 1000 евра месечно за некој што во моментов живее со 2000 денари социјална помош.
Ама не знам дали разбираш овчар е занает не е компјутерски јазик C++ со курс да го научи човек :icon_lol:, не може на ти серакот (стап овчарски) и терај ги овците, од дете ако не си од село научен со стока не бива.
 
Ама не знам дали разбираш овчар е занает не е компјутерски јазик C++ со курс да го научи човек :icon_lol:, не може на ти серакот (стап овчарски) и терај ги овците, од дете ако не си од село научен со стока не бива.
Ај сега до бескрај (хинт: Македонија е и била "сточарска" земја. Барем не сме до толку за грев за да не можеме да најдеме десетина овчари).
 
А зошто на законов не гледаш како начин на стимулација на вработување?
Сметам дека проблемот не е во тоа што - нема пари -, туку проблемот е во тоа што - нема работници -.
Јас кога почнав да работам, добивав хонорар од 2000 денари месечно, пари што не ми беа доволни ни за до работа одење (треба да се плати јавен превоз, да се нахраниш...). Потоа ми го накачија хонорарот на 6000, па на 9000... после 2-3 години 9000 плата, сметав дека заслужувам поголема (12.000) и ја побарав. Газдата не сакаше да ми ја даде па ја напуштив работата. Отворив приватен бизнис во кој заработувам барем 1.5 до 2 пати повеќе од сумата што ја барав + сум сам себе газда + работам од дома. Мераци.
Кога сите луѓе би се потцениле малку себеси и би работеле за смешна сума на пари кои всушност не се пари, полесно би си ја нашле "среќата" во животот.
Во кафиќи со пари на тато и мама не се брка среќа.

@bucio: јас ти бришам веќе 2 мислења и ќе продолжам да ти бришам додека не ми скурчи и побарам да бидеш баниран од темава/форумов.
Политика на форумов не дискутираме и остави ги политичките партии настрана. На форумов. Ако не ти се допаѓа тоа правило, let me show you the exit (одјави се имаш горе десно).

Точно така човек и затоа е најдобро сами да си ја кроите работата а успехот сам ќе си дојде а државна администрација мислам дека не постои веќе на запад сем таму кај шо има потреба од тоа,

да речеме :

служби за чистење паркови
одржување на јавен ред и мир полиција
работа на шалтер еден човек
работа во болници и дом за старци

И тие работи се третираат како добро платени ама има и работа.

Инаку мислам дека еве и ти PRINC работиш со комјутерската технологија младите ги направи малце инертни и егоистични сите сакаат да бидат Сергеј Брин или Цукерберг знаеш со едно кликче да прават пари и да се билдаат со информации .

Односно денеска претприемаштвото е една вештина која се одразува во компјутерската технологија и носи некој виртуелен профит.

Но луѓето треба да сфатат дека животот мора да биде нормален и реален сепак луѓето се од крв и од месо,нема програма или сајт кој може животот да ви го направи поубав и посреќен.

На запад сум бил и можам да ви кажам дека ретко луѓето поминуваат толку време пред компјутер.
 
Prvo nasava zemja e PORNOCRATIA a vo Pornocratia e cest da bides nevraboten!
 
со оглед на фактот дека нашиве копираат се' од соседните земји(оние на север) немој да ве зачуди ако во скоро време се изгласа и во МК закон сличен на овој на хрвативе

прибирање саатнина:eek:

може работодавец да најми работник и за 4 часа
Što bi to trebalo značiti? Četiri manje tvrtke mogle bi zaposliti, primjerice, jednu čistačicu, i svaki od njih plaćao bi četvrtinu plaće, doprinosa i poreza.:pos:
http://www.jutarnji.hr/radnicima-ko...e-se-doprinosi-za-svaki-odradeni-sat/1052374/
 
Вака работеа наставниците што не беа у стален работен однос оти не можеа да исполнат бр. часови 9замена, трудничко или воопшто немање наставник у село). Два часа во Љуботен, 3 часа у Блаце, 2 часа у Коњаре. Повеќе патуваа неголи што работеа.
Тоа неделно, а ако ова парт тајм е дневно, не знам. Со хеликоптер.
Уште еден закон плус за работодавците, минус за робовите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom