Принудна работа за сите невработени !

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Добро само што јас во мојот пост пишував за додека студираш, а не од кога ке дипломираш. А и сигурно дека од кога ке дипломираш приоритет ке ти биде работата на струката нели?

Kоја црна струка.
Претходната година 90% од матурантите се запишани на факултет. Аналогно на тоа сите ќе бидат академски граѓани, со тоа се јавува дефицит на општи работници.
 
в Холандија на една емисија на Европски Журнал имаше прилог за холандија, во која што невработениот прима социјално, а за возврат треба да работи во некоја фабрика за рециклажа...ако одбие да работи, му се кине социјалното.....
Нормално е тоа таму фашисти се они.
 
Човекот на кого му се обраќаш има повеќе животно искуство од сите нас заедно собрани на форумов.
Убаво ти рече, студирај си ти некоја еврејска професија(правник,адвокат,книговодител) али успат заврши и некој курс, машинобравар на пример. :)

Бил Гејтс има работено на бензинска така да муабетов тиња ти е.
Имам живеено на запад, таму е нормално да видиш млади со метла во раката, облечени во униформа чистат улици од шут и смет.
Незнам дали до ваздухот е, или до водата е али ептен мрзлив народ сме.
Секоја наредна генерација дабетер е.

Мене не ме интересира колку искуство има тој или што и како има, јас кажувам за мене, а и ако сакам да научам нешто металостругар, бравар или било што тоа ке биде по моја желба, а не некој да ми одлучува мене јас што да учам, јас што да работам и доколку не го правам тоа ке бидам избришен од листата
 
За твое добро ти кажувам.
Живееме во диктатура, освести се на време.
Ако неќеш да работиш физичка работа ќе те пратат на пракса во Идризово и таму ќе копаш канали за дневница од 10 денари.
 
Kоја црна струка.
Претходната година 90% од матурантите се запишани на факултет. Аналогно на тоа сите ќе бидат академски граѓани, со тоа се јавува дефицит на општи работници.

Епа ако нема капацитет нека не отвара толку факултети. Три години се зборува дека ке има стагнација на економски факултет за две години т.е. ке нема уписи за наредните две години па ништо. Ако нема потреба нека ги затвори факултетите па барем да знаеме на што сме, а не со сила сме високо образовани, а бараме работници за чистење вецина, градење патишта, чистење на праковите... Ако нема потреба едноставно намали го бројот на студентите затвори дисперзирани студии затвори неколку факултети за одредено време и проблемот ке биде значително помал. А не факултети само се полнат со студенти кои реално 70% незаслужуваат да студираат, вештачки се создава Високо Образована Нација, се полни државната каса, а се создава друг проблем- ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИ ЛИЦА. За неколку години ке станеме држава со најголем број високо образовани невработени...
--- надополнето: Jul 27, 2011 2:29 PM ---
За твое добро ти кажувам.
Живееме во диктатура, освести се на време.
Ако неќеш да работиш физичка работа ќе те пратат на пракса во Идризово и таму ќе копаш канали за дневница од 10 денари.

Јас сум доволно освестен имам работено како келнер и имам спечалено пари не се секирај. Ама никој мене нема да ме присили да копам канали да го знаеш тоа. Тој што го измислил тој закон нека почне прво со своите деца па потоа нека важи овој закон за сите нас. Зошто само така ке види колку е добар тој закон.
 
LOL темава 8 страни за 3 саати.

Кој ја сака таа пуста работа.
 
в Холандија на една емисија на Европски Журнал имаше прилог за холандија, во која што невработениот прима социјално, а за возврат треба да работи во некоја фабрика за рециклажа...ако одбие да работи, му се кине социјалното.....
Значи тоа е еден конкретен случај, места за работа се нудат повеќе и што е многу битно примањата се на ниво на просек и постојат курсеви за обука и преквалификација, се со цел да му се овозможи на случајот да се стекне со вештини кои би можеле долгорочно да му го решат статусот, во меѓувреме да релативно удобно да живее и на крај да се тргне од социјалната програма.
Реално со присилнава работа, луѓето ќе бидат ставени за аргати/физички неквалификувани работници и ќе мешаат малтер, дигаат вреќи цемент, чистат паркови и нема да развијат никакви вештини кои би им помогнале понатаму во животот, а оние 8 000 не дека се ситна пара ,ама порадо маслинки ќе берам во Грција, бар неколку илјади евра ќе извадам за дома во сезона.
П.С. колку тоа беа 8 000 x 311374?
 
Епа ако нема капацитет нека не отвара толку факултети. Три години се зборува дека ке има стагнација на економски факултет за две години т.е. ке нема уписи за наредните две години па ништо. Ако нема потреба нека ги затвори факултетите па барем да знаеме на што сме, а не со сила сме високо образовани, а бараме работници за чистење вецина, градење патишта, чистење на праковите... Ако нема потреба едноставно намали го бројот на студентите затвори дисперзирани студии затвори неколку факултети за одредено време и проблемот ке биде значително помал. А не факултети само се полнат со студенти кои реално 70% незаслужуваат да студираат, вештачки се создава Високо Образована Нација, се полни државната каса, а се создава друг проблем- ГОЛЕМА НЕВРАБОТЕНОСТ НА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИ ЛИЦА. За неколку години ке станеме држава со најголем број високо образовани невработени...

И јас сум за тоа. Да се престане со летните курсеви наречени факултети какви што се сега. Но, проблемот е веќе присутен дури и да се затворат сите факултети во моментов ... веќе постои голем процент на дипломирани.
Утопија е работа на струка. Кој побрзо сфати, помалку ќе го боли. :)
 
LOL темава 8 страни за 3 саати.

Кој ја сака таа пуста работа.

Не е до работата друже секој сака да заработува, но никој не сака да биде присилен
 
Пресели ги сите 2 милиони луѓе од Македонија и на нивно место донеси 2 милиона Швеѓани или Норвежани, нека остане истава администрација и истава Влада што мислиш колкав би бил тогаш стандардот во Македонија?

Ќе ја запалат владата море шотие..

Не вреди да се расправа за вакви ретардирани идеи фуј
 
Од една страна се прават кампањи сите да студираат, а од друга страна невработените да работат робовски.Ами зошто тогаш да студираат??? За да градат мостови демек?
А зошто се нарекува ПРИНУДНА работа.Ние невработените, казнети ли сме за невработеноста?
А бе нама шанси да прифатам таква работа се додека оние кои се исто образование како моето работат административна работа само затоа што се членови на партија.
На 35 годишна возраст и ако ме отпишат од евиденција не ми значи многу.
 
Невработените во Холандија земаат социјална помош што е доволно висока да платат станарина во социјални станови, струја, вода, телефон, интернет и слично, и да го истераат безболно месецот до крај. Нивните агенции за вработување активно им бараат и им наоѓаат работа на невработените - Во Холандија не работи оној што навистина не сака да работи. Таму нема невработени магистри.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom