Принесување на жртви

  • Креатор на темата Креатор на темата Annabel
  • Време на започнување Време на започнување
:) Во Стариот завет Евреите му принесувале жртви на Бога, животни му жртвувале - телиња, јариња, јагниња... Со Новиот завет нема потреба од жртвување животни. Јован Крстител тоа го објавил - смачено му е на Бога од принесување на жртви од животни, се што сака од вас е само да се покаете!
Само уште Исус морал да се жртвува за сите нас.
 
Dobro be covek...sto me vozis ti mene?

Pa tie zrtvi ne se misli li na zivotini?
Што не ти е јасно..кога се мисли на жртва....тоа е посебна процедура во Стариот Завет..место каде се принесувале паленици..животното прво било одрано..месото флено во оган..крвата се истурала..во подножјето на жртвеникот(на грубо објаснето)..Јадењето на тие животни не се смета за жртва... напротив вели вака..
Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста,
 
a koj go veli ova?
 
Kolku sme samo razlicni vo ovoj pogled....nam ni se preporacuva da bideme oprezni i da pazime sto kupuvame i sto jademe.

Zabraneto ni e da jademe nesto sto e ubieno a ne zaklano...
Нормално различни религии различни работи..би било убаво да ни објасниш малце повеќе..што вели Исламот за ова?
 
Eve nekolku citati od Kur'anot pa ako nesto ne ti e jasno prasaj pa ako znam inshallah ke ti odgovoram ili ke ti doobjasnam....

Pa,jadete od ona pri cie kolenje e spomnato imeto Allahovo,ako,sekako veruvate vo ajetite Negovi.
(el-en'am,6:118)

O vernici,jadete od dobrodetite so koi Nie nafaka vi dadovme i na Allah bidete blagodarni.Samo Nego treba da go obozavate!
On vi zabranuva,navistina i mrsha,i krv i svinsko meso,i ona sto e zaklano vo drugo ime a ne vo imeto na Allah. A onoj shto ke i bide prisilen,ne so zelba i ne od navika,togas nema grev.Allah,navistina,e Prostuvas i Somilosen!
(el-bekara,2:172-173)

Halal (dozvoleno) vo e lovot vo more i negovata hrana shto e sopestvenost vasa,vam i na siot karavan.NO,haram (nedozvoleno) vi e lovot na zemja seto vreme dodeka ste vo ihram.Plashete se od Allah zasto kaj nego ke se zberete.
(El-maide,5:96)

Zabraneto vi e:i mrsha,i krv,i svinsko meso,i ona sto e zaklano vo drugo a ne vo imeto na Allahovo,i ona sto e zadaveno,i pogodeno,i ona sto e urnato,i so rog probodeno,ili od zver nacnato...
(el-maide,5:3)
 
Жртвувањето е прво и основно ритуално дејство кое човекот го вршел, прва акција на посредување меѓу човекот, природата и светот на божествените сили.

Жртвувањето има и елементарно-инстинктивен мотив, постои инстинкт за принесување жртва, за оддавање почест на нешто поголемо од себе, со цел да се придобие или повика тоа нешто во близина, или истото да се смилостиви.

Жртвувањето деца, нема никаква сличност со денешното убиство, туку е нужен израз на своето време во кое има сосема поинаква смисла. Во периодот на жртвување луѓе, убиствата се вршени од љубов, на обредно жртвуваниот му се укажувала чест и љубов. Убиството не предизвикувало страв во заедницата, ги плашел единствено непрописно изведениот обред кој можел да им донесе пропаст на сите. Паганското начело налага да ѝ се даде на земјата нешто, во замена за животот кој го дава. Оттука произлегува чинот на жртвопринесување.
Во средиштето на словенскиот култ несомнено се наоѓала жртвата. Основен облик на култот е принесувањето жртва на натприродното битие. Од жртвата не може да се одвои молитвата и молбите упатувани до божеството.

Ритуалните жртви ги следела ритуална гозба чии симболични учесници биле натприродните битија, а фактички - оние кои принесувале жртва. Жртвениот обред бил синкретичен чин, проследен со: молитви, пеење, танц, раскажување митска приказна и мимичко дејство, разврат или оргии.

Жртвите се делат на крвни и бескрвни, крвта е најважен дел од хтонската жртва, а постојат многу видови бескрвни жртви како што се жртва на вино и колач, либациите во пиење, жртва во облека, жртва при жетва итн.

Жртвопринесувањето во христијанството е останато како супститут од паганството, не е христијански чин, не е чин на ниту една монотеистичка религија. Црквата го прифатила затоа што не можела да ги искорени паганските сфаќања и обреди, па затоа дел од нив целосно ги прифатила, а во друг дел се внесени некои христијански елементи.
Иако денес има многу поборници против жртвата воопшто.
 
I praktikuvaat li uste Hristijanite paganski obicai?
 
Па ако колењето јагне за Ѓурѓовден, прскањето крв по темелите на новите градби и сличните ритуали ги сметаме за супститут од паганството (а науката го тврди тоа) значи практикува.

Исто така постои еден т.н. Говедар камен, карпа во близина на Свети Николе каде што секоја година на Ѓурѓовден се изведува пагански обичај за забременување на жените, гледавме видео на факултет од самиот ритуал и верувале или не на тој чин присуствуваше и еден христијански поп. Еве линк ако те интересира нешто повеќе за тоа.
 
Колењето јагне(животни) не е пагански обичај..туку било средство за помирување меѓу луѓето и Бога во Стариот завет..ако читате ќе видите дека се работи за повеќе видови(мислам три) на жртви...и цел еден ритуал како тоа се правело....Со жртвата на Исус овие работи се завршени...сакав само да потенцирам ..дека не се работи за супститут на паганството туку било пракса барана од Господ..
Како пример земете го Аврам кој на планината Морија требало да го жртвува својот син..на барање на Господ..
 
Жртвувањето во Новиот Завет е ``укинато`` иако во Стариот завет тоа се практикувало. Но со жртвата на Исус ние сме ослободени од првородениот грев. Овде веќе станува збор за жртва над жртвите. И по Него веќе нема никаква потреба од принесување на жртви бидејки Неговата крв ја ``мие`` нашата ``поганштина``.
Од нас се бара само да ги следиме десетте Божји заповеди, и да живееме во склад со учењето на Библијата. (е ова е гоооолема ``жртва `` што многумиина од нас не можат да ја принесат)

А за тоа дека кај нас (христијаните ) има остатоци од принесување жртви од дамнешни времиња има докази на секој чекор. Жално е што во тоа учествуваат и свештени лица кои треба да се ``коректор`` водичи, учители, или како милуваат да се кажат пастири. ( тешко на тоа стадо чиј што пастир се вози во блиндиран џип)
 
Колењето јагне(животни) не е пагански обичај..туку било средство за помирување меѓу луѓето и Бога во Стариот завет..ако читате ќе видите дека се работи за повеќе видови(мислам три) на жртви...и цел еден ритуал како тоа се правело....Со жртвата на Исус овие работи се завршени...сакав само да потенцирам ..дека не се работи за супститут на паганството туку било пракса барана од Господ..
Како пример земете го Аврам кој на планината Морија требало да го жртвува својот син..на барање на Господ..

Имам предмет Митологија на факултет и цел семестар професорката ни зборуваше за жртвување, тоа ми беше и испитно прашање. Значи лично јас не се согласувам со некои нејзини ставови, затоа што тврдеше дека крстот настанал од балваните (фигурите изработувани од дрво како идоли, паганска идолатрија), тврдеше и уште многу нешта кои се малку апсурдни, но литературата што таа ја преферира зборува за тие нешта како останати од паганството.
 
Имам предмет Митологија на факлтет и цел семестар професорката ни зборуваше за жртвување, тоа ми беше и испитно прашање. Значи лично јас не се согласувам со некои нејзини ставови, затоа што тврдеше дека крстот настанал од балваните (фигурите изработувани од дрво како идоли, паганска идолатрија), тврдеше и уште многу нешта кои се малку апсурдни, но литературата што таа ја преферира зборува за тие нешта како останати од паганството.
Нема сомневање дека жртвувањето го има и во други религии..од Христијанска гледна точка..пагански..ама сакав да кажам дека истото го има и во Библијата..значи не е примеса кај новите Христијани кои задржале дел од паганските обичаи...Крстот пак..бил средство за мачење кај Римјаните...на него биле распнувани криминалците....во Библијата е само симбол на победата над смртта на Исус..ништо повеќе..
Многу е важно што кориситиш како појдовна точка(мислам на литературата)..има премногу преспективи..различни гледишта
 
А според тебе која е најверодостојна литература?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom