Жртвопринесувањето во христијанството е останато како супститут од паганството, не е христијански чин, не е чин на ниту една монотеистичка религија. Црквата го прифатила затоа што не можела да ги искорени паганските сфаќања и обреди, па затоа дел од нив целосно ги прифатила, а во друг дел се внесени некои христијански елементи.
Иако денес има многу поборници против жртвата воопшто.
Бидејќи неможело и неможе ни денес да се искорени жртвопринесувањето од страна на христијанството црквата го прифаќа со цел да биде и поблиску до својот народ, во спротивно народот како моќна маса би ја отфрлил црквата.
Исус рекол “Не сум дојден ни буква од старите закони да изменам“
Така да нека попот отвори библијата и чита шо велат старите закони.
Не е битно што ни влегува низ устата туку што ни излегува.
Мојсеј на евреите им дава над 600 закони според кои тие би го почитувале Бог. Еден од тие закони е дека несмеат за време на еден оброк да јадат и меснати и млечни производи.(Кошер така денес го нарекуваат).
Тие имаат посебен обред при колење на некое животно. Кујната им е посебно одвоена имаат посебни тањири,вилушки,лажици,ножеви,чаши крпи,судопер посебен,два фрижидери се е посебно одвоено едното се користи за месо кога се јаде а другото кога се јаде млеко.Купуваат од посебни продавници и производи на кои има жиг дека им е одобрено тој производ да го јадат.
Се лекуваат во така да кажам еврејски болници.
Ова евреите и ден денес го почитуваат но ако пцујат, хулат... не ги прави да се блиску до бога со тоа што ќе внимаваат што ке изедат.
Христијанството е основано со давањето на Новиот завет, за да постои нешто ново мора да предходи нешто старо.Во основа христијанството не го отфрла Стариот завет. Вистинскиот христијанин верува од создавањето на светот до откровението. Toj e alfa i omega. Со него се почнува и се ќе заврши.