Жртвувањето е прво и основно ритуално дејство кое човекот го вршел, прва акција на посредување меѓу човекот, природата и светот на божествените сили.
Жртвувањето има и елементарно-инстинктивен мотив, постои инстинкт за принесување жртва, за оддавање почест на нешто поголемо од себе, со цел да се придобие или повика тоа нешто во близина, или истото да се смилостиви.
Жртвувањето деца, нема никаква сличност со денешното убиство, туку е нужен израз на своето време во кое има сосема поинаква смисла. Во периодот на жртвување луѓе, убиствата се вршени од љубов, на обредно жртвуваниот му се укажувала чест и љубов. Убиството не предизвикувало страв во заедницата, ги плашел единствено непрописно изведениот обред кој можел да им донесе пропаст на сите. Паганското начело налага да ѝ се даде на земјата нешто, во замена за животот кој го дава. Оттука произлегува чинот на жртвопринесување.
Во средиштето на словенскиот култ несомнено се наоѓала жртвата. Основен облик на култот е принесувањето жртва на натприродното битие. Од жртвата не може да се одвои молитвата и молбите упатувани до божеството.
Ритуалните жртви ги следела ритуална гозба чии симболични учесници биле натприродните битија, а фактички - оние кои принесувале жртва. Жртвениот обред бил синкретичен чин, проследен со: молитви, пеење, танц, раскажување митска приказна и мимичко дејство, разврат или оргии.
Жртвите се делат на крвни и бескрвни, крвта е најважен дел од хтонската жртва, а постојат многу видови бескрвни жртви како што се жртва на вино и колач, либациите во пиење, жртва во облека, жртва при жетва итн.
Жртвопринесувањето во христијанството е останато како супститут од паганството, не е христијански чин, не е чин на ниту една монотеистичка религија. Црквата го прифатила затоа што не можела да ги искорени паганските сфаќања и обреди, па затоа дел од нив целосно ги прифатила, а во друг дел се внесени некои христијански елементи.
Иако денес има многу поборници против жртвата воопшто.