Повеќето од нас мислеа дека Атлетико нема да издржи, дека ќе падне во вториот дел од сезоната. Изгледа сме се излажале, Атлетико не покажува знаци на умор.
Иако ние дури сега сфаќаме каква екипа е Атлетико, еден новинар од Спорт Клуб(не ми текнува името, мислам дека беше Иван Лончаревич) уште пред почетокот на сезоната напиша колумна во која прогнозираше дека Атлетико нема да биде кандидат за титула само на хартија. и дека можеби нема да освои титула, ама ќе биде во игра за шампион се до последното коло.
Еве ја колумната од 26 август 2013:
http://www.sportklub.info/blog/a-da-nismo-mozda-zaboravili-jorgan
имаат солидни колумнисти Спорт Клуб, ама катастрофални коментатори!
значи катастрофа се, Премиер гледам чат-пат али во ЛаЛига многу често грешат за имиња (добро, знам дека ги убива ова ротирање на позиции во соверемениов фудбал ама сепак... ) само што не грешат само имиња него и други работи

, незнам зашто неможат да најдат некој по саглам, еден петок имаше еден добар на Ваљадолид - Осасуна (мислим) и го неам слушнато од тогаш... еве на СК ми се свиѓа тој што коментира Аргентинска лига (ваљда уште истиот коментира).
за Атлетико не давав никакви типови освен што се кладев со еден другар дека ќе играат 1/4ф во ЛШ уште од Август и то

.... навикнав на нивниот успех (на почеток ми сметаше), се гледа дека титулата во Купот од лани си има улога во градење на шампионски дух.
Барса(според мене) може да изгуби бодови само против Гранада и Виљареал у гости, ама жутата подморница тоне у задње време + Дос Сантос им се повреди до крај на сезона, може и СП ќе пропушти. Секако за Барселона тешка утакмица е и против Билбао на Камп Ноу, Валверде е човекот што незнае да губи од Барса

(до сега има 7 натпревари по ред без пораз против Барса).
Реал нема нешто тежок распоред освен гостувањето во Сан Себастијан следната недела, мене ме интересира што ќе направат во финалето на Местаља ете таму Касиљас ќе им брани може подобро ја контролира одбраната од Лопез, а за Барса мислам и вака и така Пинто ќе беше на голот.
Атлетико сами си одлучуваат за себе, се сложувам со Џек дека во Валенсија се најтешките утакмици (не ја рачунам таа на Камп Ноу)
последен пат во 2003/04 имавме иста ситуација (1 бод разлика меѓу првиот и вториот) на 8 кола пред крај на првенството... интересно е што лидерот до тоа коло (Реал Мадрид) во следните 8 натпревари освоји само 6 бода и заврши дури на четвртото место
