Primera División 2013/14

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    195
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.846
Поени од реакции
23.247
La_Liga_Logo.png

Ла Лига 2013-14 ќе биде 83та сезона од основањето на најсилната шпанска фудбалска дивизија. Сезоната ќе започне на 17 август, а ќе заврши на 18 мај. Барселона е актуелен шампион и бранител на титулата. Како и во претходната сезона, официјалната топка на првенството е изработка на Најк, а оваа сезона ќе се игра со Nike Incyte топката:
51644.JPG
Тимови кои се натпреваруваат во Примера 2013-14 се:
Алмерија
Атлетик Билбао
Атлетико Мадрид
Барселона
Бетис
Селта Виго
Елче
Еспањол
Хетафе
Гранада
Леванте
Малага
Осасуна
Рајо Ваљекано
Реал Мадрид
Реал Сосиедад
Реал Ваљадолид
Севиља
Валенсија
Виљареал

Минатата сезона во Сегунда заминаа Мајорка, Депортиво Ла Коруња и Сарагоса, а повратници во Примера оваа сезона се Елче(по пауза од 24 години), Виљареал и Алмерија.
За оваа сезона, повторно главни фаворити се Реал Мадрид и Барселона. Кај двете екипи има промени, бидејќи и двете екипи во оваа сезона имаат нови тренери.
Со нови тренери, различни од минатата сезона, освен Барселона и Реал Мадрид, во новата сезона влегуваат и екипите на Валенсија, Сосиедад, Селта, Леванте, Малага, Ваљадолид, Атлетик Билбао и Алмерија.
Со среќа нека им е на сите екипи, посакувам борба до последен момент, неизвесна и интересна сезона, а овде на темата, што повеќе квалитетни дискусии, без многу провокации и расправии. :)
 
Не сум се изјаснил никад, али од овие Примерциве навивам за Леванте веќе 2-3 години уште откако беа у втора лига. Дополнителен фактор е што клубот им е создаден на ист ден ко мојот роденден (само 85 години порано :D). Секоја сезона си ги продаваат најдобрите играчи и пак вадат добар успех. Време е да се стабилизираат, може пак Лига Европа местенце ќе начекаат :rolleyes:
 
Ги симпатизирам Атлетико Мадрид уште од Форлан кога играше па очекувам да освојат они :D
И криво ми е што Депортиво не во елитата :/
 
Кандидатите за наградите од шпанската федерација за најдобар голман, одбранбен, средина, АМФ, напаѓач и откритие на сезоната за 2012/13 во Примера и Сегунда:
BP3LweLCcAA8KV_.png


Пишувајте ги најдобрите по ваш избор.
 
Куртонот
Џесика
Бењат
Иниеста
Малиот тиранин
Иља

Иначе ќе го јадеме оваа сезона, кога ЧЕ ја отворил темата...
 
Малага доколку не се засилат сериозно, очекувам да бидат далеку од конкуренцијата.
Претходно тимот го напушти Начо Монреал, сега остана без играчи како Иско, Демикелис, Тулалан, Жоакин, па ајде и Итура, Лугано и Савиола да ги споменам.

Доколку успеат да го зачуваат 6тото место од минатата сезона, ќе биде премија за нив. Но и тоа тешко дека ќе го постигнат со оваа формација.
 
Куртоа
Алба Ињиго
Илараменди
Иско
Меси Роналдо
Илараменди

:свиркам:

Иначе ова со Тата ме потсети кога Реал го назначи Вандерлеј Луксембурго. :pos: Ако и братов го има тој стил (а би требало, 90% од тамошните такви се), очекувајте ГГ7+ утакмици и резултати ко 4-2, 4-4, 5-3. :D
 
И Реал и Барса не се во најсјана ситуација, ама според мене годинава Реал освојува сто посто. Кај Барса многу ќе биде битно како ќе игра Нејмар, ако се разигра Нејмар онда можеби ќе направат нешто ама не ми се верува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom