Jack Nolan
Сите сме луѓе, но ретко кој е човек!
Jack Nolan
Отиде и Фалкао накај Монако. Денеска или утре ќе стане и официјално.
Штета за целата лига е што таков напаѓач ја напушта Шпанија, ама пара буши где бургија нече.
Ќе се бара ли нов напаѓач, како замена за Фалкао, или ќе се остане само со Лео Баптистао(кој Атлетико веќе го договори)?
Како можни замени за Фалкао се спомнуваат Виља, Луис Суарез, Бентеке и Негредо.
По се изгледа Негредо е прва опција како втора Бентеке!
Негредо се надмина себеси сезонава гази 20 гола Ла Лига 6 гола Копа дел Реј добар е. Како 'мана' му е тоа што има скоро 28 години ама далеку од тоа дека е стар има уште 3-4 сезони да игра константно добро, шпиц со искуство во Ла Лига. Наспроти Бентеке кој е доста млад (за цената можеби 3-4 милиони повеќе за Бентеке)ама незнам како ќе се снајди во Шпанија, плус ЛШ и сето тоа, ќе му дојди многу наеднаш и ќе има голем терет.
Покрај Баптистао и Коста треба и некој малце поискусен, не е се до младоста. Негредо за 18 милиони и ќе биде супер!
Ма да сакав јас за Левандовски да се потрошат едно 40 милиони, класа напаѓач! Ама сум на тоа да се земе поевтин шпиц и да се дадат малце повеќе пари за играчи во одбрана и среден ред. (стопер и деструктивци)
Ама пази не е се по мое. Ќе го земат Негредо а после за ситна пара ќе го вратат и Диего
