Primera División 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/2013 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    324
Статус
Затворена за нови мислења.
lizarazu mislam deka e edistven sto ne e baskiec a ima igrano za atlitic bilbao
Lizarazu (nicknamed "Liza"), of Basque descent, has been capped 97 times for France (for the first time on 14 November 1992 against Finland), scoring two goals, and helped them win the 1998 FIFA World Cup and Euro 2000.

He has been threatened by the Basque terrorist group, ETA, alleged for not giving money to the organization, what the terrorists called the "revolutionary tax". He also has a stadium named after him in the French Basque Country, the "Stade Bixente-Lizarazu" (former "Belcenia Stadium").
 
Преглед на четвртото коло:

00037_Escudo.png
Малага 3-1 Леванте
00028_Escudo.png

Малага и по четири кола е непоразена во Ла Лига, каде досега има три победи и едно реми. Овојпат поразен од Ла Росаледа си замина Леванте. Головите за Малага ги постигнаа Савиола, Хоакин и Портиљо додека за Леванте погоди Мичел.

00019_Escudo.png
Валенсија 2-1 Селта де Виго
00030_Escudo.png

Валенсија на Местаља се намачи против одличната Селта за да стигне до првата победа во Примера сезонава, по тешкиот старт кога мораше да гостува на Бернабеу и Камп Ноу. Натпреварот го отвори Фегули во 3-та минута, изедначи Кабрал во 15-та минута, а победата на Лос Че им ја донесе славеникот Али Сисоко кој го славеше својот 25 роденден и го постигна својот прв гол во дресот на Валенсија на дебито пред публиката на Местаља.

00009_Escudo.png
Гетафе 1-4 Барселона
00005_Escudo.png

Барселона го збриша Гетафе на гостински терен без Лео Меси во стартниот состав. Резултатот го отвори Адријано во 31-та минута, а Меси погодуваше двапати во 74-та и 78-та минута (првиот од пенал). Домашните намалија на 3-1 со автоголот на Маскерано, а Давид Виља со голот во 91-та минута

00018_Escudo.png
Севиља 1-0 Реал Мадрид
00015_Escudo.png

Андалузијците конечно му се одмаздија на кралскиот клуб за поразите од 2-6 последните две сезони на Санчез Пизхуан. Со голот на Троховски во 69-та секунда, домашните стигнаа до водството кое го задржаа до самиот крај на мечот. Игуаин и Рамос ги имаа најдобрите шанси за изедначување на резултатот кај гостите од Мадрид.

00008_Escudo.png
Еспањол 3-3 Атлетик Билбао
00002_Escudo.png

Фернандо Љоренте ги одигра првите минути за Билбао оваа сезона и во првиот допир со топката постигна гол на еден од најинтересните натпревари ова коло. Еспањол поведе на Корнеља ел Прат со 2-0 благодарејќи на головите на Хави Лопез и Верду, додека во второто полувреме лавовите од Баскија го изедначија резултатот на 2-2 со головите на Љоренте и Адуриз. Еспањол повторно поведе 3-2 со голот на Лонго во 80-та минута, но Ариц Адуриз беше повторно стрелец овој пат со прекрасен волеј во 83-та минута носејќи му бод на Атлетик на гостувањето во Барселона.

00156_Escudo.png
Гранада 1-1 Депортиво Ла Коруња
00007_Escudo.png

Нелсон Оливеира им донесе водство на Галицијците во 40-та минута по грешката на дефанзивецот на Гранада, додека Флоро Флорез во 81-та минута го изедначи резултатот на 1-1.

00014_Escudo.png
Осасуна 1-1 Мајорка
00012_Escudo.png

Осасуна и Мајорка одиграа реми 1-1 на Рејно де Навара во Памплона. Домашните поведоа преку Кике Сола во 69-та минута, а островјаните изедначија преку израелецот Хемед во 79-та минута.

00032_Escudo.png
Реал Сосиедад 2-0 Реал Сарагоса
00033_Escudo.png

Втора победа за екипата од Сан Себастијан овојпат против гостите од Арагон. Ињиго Мартинез во 55-та минута и Карлос Вела во 61-та минута беа стрелци за Сосиедад.

00003_Escudo.png
Атлетико Мадрид 4-3 Рајо Ваљекано
00029_Escudo.png

Забавата на Висенте Калдерон каде јорганџиите водеа со 4-0 на 10 минути до крајот на натпреварот за малку ќе се претвореше во кошмар. Марио Суарез, Коке, Туран и Фалкао ги постигнаа головите за Атлетико, додека последните 10 минути им припаднаа целосно на гостите од Ваљекас кои за тој период постигнаа дури 3 гола: Делибашиќ во 82-та и 85-та минута и Лео во 89-та минута беа стрелци кај Рајо.

00042_Escudo.png
Реал Ваљадолид 0-1 Реал Бетис
00006_Escudo.png

Грешката на голманот на Ваљадолид, Хаиме, на само една минута пред крајот на натпреварот му овозможи на Рубен Кастро да и ја донесе победата на екипата од Севиља на Хосе Зориља.

Статистики за четвртото коло:
Голови: 33 (3,3% по натпревар)
1x2: Пет победи за домаќините, три ремија и две победи за гостите
Жолти картони: 56
Црвени картони: 4
 
Преглед на четвртото коло:



Статистики за четвртото коло:
Голови: 33 (3,3% по натпревар)
1x2: Пет победи за домаќините, три ремија и две победи за гостите
Жолти картони: 56
Црвени картони: 4

како го доби процентот???
 
Табелата по четири кола:
tabelakk.png


Топ 10 стрелци:
strelci.png

--- надополнето: 18 септември 2012 во 00:06 ---
како го доби процентот???

Од Marca тоа, не пресметував јас :D
 
како го доби процентот???
Не треба да стои процент таму, туку 3,3 гола по натпревар, нема проценти овде.
33 гола, 10 меча, или 3,3 гола по натпревар.
 
Ѓи изеде клоците,па сеа ќе јаде гомна,ебате дебилот.

Демек од Реал е човекот и требаше да рече Роналдо.Врска нема ова што го збориш-тоа е негов став.
Мојот став е дека Роналдо(дебелиот) е најголемиот играч на сите времиња до сега.Врска нема тоа што играл во Реал и тоа што јас навивам за Барселона.

Бидете малку реални ....
 
Демек од Реал е човекот и требаше да рече Роналдо.Врска нема ова што го збориш-тоа е негов став.
Мојот став е дека Роналдо(дебелиот) е најголемиот играч на сите времиња до сега.Врска нема тоа што играл во Реал и тоа што јас навивам за Барселона.

Бидете малку реални ....
А кај беше да изјави вакво нешто додека сеуште беше во клубот ?
Тогаш Роналдо му беше најдобар.

Ми се сере од вакви морони како Валдано,додека е во клубот се топи зборејќи како најдобрите играчи играат во неговата екипа,а кога ќе го лапне отказот,продава некои ефтини приказни.Бидејќи не му преостанува ништо друго освен контрирање на неговото бившо работно место.
Ова важи општо за сите вакви гомнојадци.
 
Не треба да стои процент таму, туку 3,3 гола по натпревар, нема проценти овде.
33 гола, 10 меча, или 3,3 гола по натпревар.

па и ја тоа се збунив си викам од кај сеа процент, кога вајда тоа просек е
 
scaled.php


Реал Сосиедад - пријатно изненадување мислам дека многу луѓе би се сложиле со мене, екипа која е феноменална на свој терен. Многу јаки екипи паѓале на домашниот терен на Сосиедад.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom