Не би се сложил дека Реал на Мурињо >>>>>>од Реал на Капело. Капело во своите први сезони во Реал ( на двапати беше тренер) освојуваше Примера и на крај беше отпуштен. Мурињо во својата прва сезона беше солиден ама сепак втор и во ЛШ испадна во полуфинале. Со оваков успех тој доби и втора сезона да покаже што знае а Капело тоа не го доби. Дечкото погоре кажа дека се скарал со некои клучни играчи ама ако е само поради (не)атрактивната игра, тогаш за мене тоа е глупост на управата и тоа тешка глупост. Резултатите треба да се во прв план а потоа играта па дури и ако се работи за тимови како Реал или Барса.
Резултатите на Капело,кој среќно ја зеде титулата (Барса бегаше + 15 бода едно време)....и испаѓањето во Лш од Баерн М(тие кобни 1/8 финалиња).......не се за споредба со резултатите на Мурињо.Зошто ? ....Затоа што тогаш,работите одеа цика-цака во Ла Лига.Една година Реал,една Барса.....две години Реал,две БАрса.И реал победвеше 2,3 -0...и Барселона исто така.И Капело беше донесен со очекување да освојт шпанско пренство,и да поминит 1/8 финале.Едното го напрај...другото не.
Мурињо пак,беше донесен во зенитот на играта на Барселона,но не само како фудбалски тим,туку како фамилија,како институција.Доминантна на сите спортски полиња...и играчки,и со освоени титули,и со зголемен број на навивачи,самодоверба 1000 % .. Зад себе кога дојде Му,имаше утакмици со резултат 6-2,2-0,1-0,2-0....... сите во полза на Барселона.....Барселона не го газеше само Реал,ами кој ќе стигнеше.И првичните очекувања од Мурињо беа да се сопре некако таа иницијатива на БАрселона,зато шо почна веќе да го нарушвит и статусот на самиот Мадридски клуб.Во првата утакмица,петарда јаде.......ама после,се тргна по планот.Барса издвојуваше 2 потешки победи.......изиграја 2 нерешени...и конечно дојде таја победа во Купот,која донесе и титула.Сите веќе видоја дека Реал може добро да и се носи на Барселона,за разлика од претходните 3 години.....Го помина и то фатално 1/8 финале,кое шо 7 години беше ноќна мора на секој тренер на Реал,па и на самиот Капело

Веќе во вторава година,Мурињо имат 10 + пред Барса,имат помотивирана екипа од нивната,ја разбуди страста кај сите навивачи на белите,создаде хармонија во цела екипа.Како споредба на титули по важност,да...титулата освоена 2006 од страна на Капело,беше повредна од онаа лани во купот на Мурињо.Но резултатите кои Мурињо ѓи напрај за Реал,се од мнооогу поголемо значење,него оние на КАпело
