Primera División 2009/2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој според вас ќе ја освои Primera División во сезоната 2009/2010?


  • Вкупно гласачи
    297
Статус
Затворена за нови мислења.
Сезонава ќе има доста неизвесна борба за тронот, но убеден сум дека Барселона повторно ќе биде на позиција 1 во Шпанија.
Реал се засили но играчите не се доволно уиграни, додека Барса со Меси, Иниеста, Чави, Ибра има поголема предност.
 
Реал само 95% минимум уиграност со моментален состав + Ч.Алонсо би можел некако да и парира на една ваква Барса.
Факт.

Бидејќи проблемот не мора да е во Реал, за да една Барса повторно освои Примера. Просто составија еден идеален тим кој ќе биде многу тешко да се надмине , не само за Реал во Примера , тука и за цела Европа во ЛШ.

Ама нели сезоната е долга , и никогаш незнаеш кога би можел еден Чави или Иниеста да "рокне" од некој попален дефанзивец на Алмериа.
Е тогаш е веќе друга приказна.
 
Па нормално секој навивач ке каже за својот тим дека ке освои титула..но во Реал пристигнаа многу нови играчи и + тренер дур се уигра тимот можи да има катастрофални резултати, но јас се надевам дека во пред сезоната ке се вклопи добро тимот за да биде поинтересна сезоната и ако можиме да освоиме некоја титула..но реално да гледаме Барселона со својот уигран тим имаат големи шанси повторно да бидат шампиони во Премиера и можи ЛШ(потешко дека ке е одбранат). :toe:


HALA MADIRD ! ! !
 
Гласав за Барселона и се надевам дека Барселона ке биде пофторно шампион ..
:back:
 
Од секогаш во Шпанија сум бил за Севиља како екипа, а од играчи за Раул, а никако за Реал. Реално гледано Севиља сеуште е далеку од состојба во која може да конкурира за насловот... Затоа типувам на Барса, која очекувам да ја одбрани титулата иако Реал се засили ко никогаш порано.
 
Некогаш ќе речев Реал, али одамна помина то време. За Севиља глас, онака од ќеф, инаку во Шпанска Примера само уживам, ретко гледам резултат.
 
Ова е после бундес лигата најнеизвесно првенство според мене. Тоа е затоа што овде конкурираат две екипи а во бундес се може да биде.

Мислам дека шансите се 50/50, иако ќе пробам со Реал. Ова од причина што Реал и онаков никаков успеа да и се доближи на Барселона минатата сезона и во финишот да го направи првенството интересно. Ова во годината кога Барселона го играше најдобриот фудбал. Не очекувам Барселона да ја повтори минатата сезона (вечниот проблем со мотивација кај екипи кои освоиле двојна/тројна круна), додека Реал би требало да одигра подобро од лани, а атмосферата веќе им е одлична.

Кралевите имаа проблем со предходната група ѕвезди, т.н. Галактикоси, кои делуваа како група индивидуалци на терен. Дали и оваа група ќе се однесува така ќе видиме. Не мислам дека Реал ќе растура затоа што ги има Кака и Роналдо, но се надевам дека нема да ги разочара навивачите и дека оваа година ќе гледаме многу интересно шпанско првенство.
 
Реал се засили премногу оваа сезона,доведе екстра играчи и со тоа имаат нови Галактикоси,но мислам дека имаат проблем со уигрувањето,не се доволно уиграни.Мислам дека ке има многу карање во соблекувална кај нив пошо кој од кој е поголема звезда и сака да игра во прв тим...

Барса не смени ништо во тимот,главните играчи останаа,се доведе Ибра,така да главни кандидати за титулата се.

Атлетико Мадрид е мојот тим од Шпанија,мислам дека ке изненадат оваа сезона...
 
Pak go nema Deportivo vo anketata:):)
E deportivo ke bide sampion ovaa godina!!!!!!!
 
Оваа година очекувам жестока битка и неизвесност до крај помеѓу Барселона и Реал.Зад нив очекувам да се води вистинска битка помеѓу Виљареал,Севиља,Атлетико М. и Валенсија.Реал иако донесе јаки засилувања не донесе добра одбрана така да очекувам повторно Барселона да ја освои титулата тука и за нив ќе гласам бидејќи се и каде каде поуиграни од Реал каде што се прави ремонт.
 
Типувам на Барса ..тие се мои фаворити во Шпанија . се надевам дека и оваа година ќе ја освојат титулата
 
Гласав за Барса. Да се надеваме дека оваа година ќе ја одбраниме титулата, реал е премногу засилен али сеуште не се знае како ќе се адаптираат играчите. Додека Барса не направи промени во костурот на екипата.

Очекувам интересна сезона.:)
 
Дефинитивно се знае Реал Мадрид ке биде шампион со овој состав се разбира напред Реал доста им бесе на барса ке ги симнеме од тронот поздрав
 
Пак...

Мислам дека оваа година ќе биде премногу интересна и неизвесна поради двата силни тима на Реал и на Барса, али ипак навивачки(и објективно :) ) мислам дека Реал ќе го освои шампионатот.
 
Дефинитивно се знае Реал Мадрид ке биде шампион со овој состав се разбира напред Реал доста им бесе на барса ке ги симнеме од тронот поздрав
точно така се знае дека Реал Мадрид ке биде шампион. со многу јакиот состав предводен од Кристијано Роналдо ке нема проблеми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom