Ќе успее ли Енрике да ја одбрани титулата во Ла Лига?
Ќе успее ли Бенитез да ја освои третата лигашка титула во својата кариера?
(има цели 2 титули со валенсија)
Ќе успее ли Симеоне да им ги помати сметките на 2те најтрофејни шпански екипи и повторно да ја освои Ла Лига?
Ќе успее ли Светиот Дух со новите засилувања и засилената Валенсија да направи сензација и да заврши на првото место?
Ќе успее ли Марселино да го спаси Виљареал од отпаѓање во Сегунда?
Одговор на овие и многу други прашања ќе добиете во дневникот во осумнаес...... уствари во новата сезона од најдобрата фудбалска лига во светот(уствари само Лига на Шампиони е подобра, ама она и не е баш лига, уствари не е ни лига, ма каква лига бе....) и пошироко(пошо НАСА откри и нова планета слична на нашата. Веројатно Меси потекнува од таму, за него одамна се знае дека е од друга планета. Хе-хе.
И, да. И оваа сезона тики-така фудбалот, најубавиот во свет, ќе доминира во Ла Лига, стилот кој во Каталонија пристигна со Јохан Кројф, па го усоврши неговиот ученик, најголемиот меѓу најголемите, најдобриот тренер во историјата на овој спорт, мистер Пеп Гвардиола, сега го продолжува, усовршува, надградува и проширува и Луис Енрике Мартинез Гарсија, такозвани Лучо. Секој друг стил е ништо, боранија. Тики-така е она вистинското, Меси е бог, цар, најдобар фудбалер во свет, плус има карактер за разлика од сите други, пример Кристијано кој напушта интеврјуа, се разбира он нема понашање.... И мора да се спомне и најинтелигентниот фудбалер на денешницата, еден и единствен Серхио Бускетс. Неговиот придонес е често оспоруван, но само од страна на тие што не го разбираат фудбалот во неговата вистинска смисла. Вистинските разбирачи на овој спорт можат да го видат она генијалното во нозете на Бускетс, неговата генијалност и неговите маестрални потези.
И да, се разбира, последните 7-8 реченици, односно последниот параграф е напишан како поздрав до
@ElNinho , човекот кој навива за клубот на режимот!
!Visca el Barça!