Primera División 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011-12 во Примера Дивизион?


  • Вкупно гласачи
    123
  • Гласањето е завршено на .

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Делува апчето...гремлинот почна да дава голови и во гости :icon_lol:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
5.570
Овие Расинг против нас секогаш до смрт играат а со Барса и со 2 тим и без заинтересираност
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323
Колку што вас ви стои лани од Херкулес...:unsure:
Од кога Херкулес ни е ривал? Во постот некаде над твојот убо че си прочиташ, не си ја сфатил поентата.
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:13 ---
Овие Расинг против нас секогаш до смрт играат а со Барса и со 2 тим и без заинтересираност
Абе исти ко Еспањол се :tapp:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
не сум фан на Барселона но Меси:cuc:..50 голови во сите натпреварувања досега а минатат година имаше 53 цела сезона:cuc:..зарем се осмелува некој да прави споредба со овој играч?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Од следната година Примера без македонски пренос, истото најверојатно и за Серија А :eek:
http://www.mkd.mk/18627/sport/elitniot-evropski-fudbal-bez-komentar-na-makedonski-jazik/#more-18627
Елитниот европски фудбал без коментар на македонски јазик
Од следната натпреварувачка сезона македонскиот јазик ќе биде речиси целосно избркан од најголемите фудбалски натпреварувања откако деновиве дојде информацијата дека правата за пренесување на средбите од престижната Лига на шампионите ги добила фирмата „Т-Хоме“ и дека тие најверојатно ќе може да се следат на српскиот ТВ-пакет „Арена спорт“.


Неговите игри во ЛШ следната сезона ќе ги следиме со коментар на српски јазик: Горан Пандев
Од пред извесно време веќе се знае дека од следната сезона дуелите на Реал Мадрид и на Барселона во шпанската Ла лига ќе бидат пренесувани на каналите на „Спортклуб“, кој исто така доаѓа од соседна Србија. Средбите од англиската Премиер-лига веќе ги гледаме на „Спортклуб“, а сè уште не е јасно дали „Телма“ ќе ги има правата за италијанската „Серија А“ за следната сезона (за која исто така во игра е „Арена спорт“). Тука може да се стават и спортските канали „Евроспорт“ и „Евроспорт 2“, каде што примарен избор е коментар на српски јазик, а каде што одат преноси од исто така актрактивната германска Бундес-лига.
Сето ова наведува на заклучок дека македонските спортски вљубеници средбите од најсилните фудбалски натпреварувања во Европа, но и оние помалку комерцијални, но, сепак, атрактивни спортски настани што се пренесуваат на двата канали на „Евроспорт“, ќе бидат принудени да ги гледаат со коментар на српски јазик.
Велиме на српски јазик бидејќи такви се досегашните примери со „Спортклуб“ и со „Евроспорт“, каде што спортските настани ги гледаме со коментар на јазикот на нашиот северен сосед.
„Простете, но сметам дека ова е суптилен начин на јазична хегемонија. Начинот на кој македонскиот јазик исчезнува од најсилните фудбалските средби на стариот континент во најмала рака е нејасен. Ме чуди зошто никој во државава не реагира на сето ова“, вели Перо Момировски, спортски новинар во телевизијата Алфа, каде што во моментов се пренесува шпанското првенство.

Преносите од ЛШ следната сезона на нова ТВ-фрекфенција
Искоренувањето на македонскиот јазик од преносите на спортските натпревари што кај нас се пренесуваат преку странски телевизии, кои се застапени на кабелските оператори, делумно се прави со амин на државата. Имено, според прописите на Советот за радиодифузија, секој канал мора да емитува програма на матичниот јазик. Тоа правило досега беше заобиколувано од страна на „Спортклуб“, кој оригинално е унгарски ТВ-канал, со тоа што барање за регистрација за реемитување во Македонија било поднесено преку сестринска фирма, која е регистрирана во соседна Србија. Тоа значи дека кај нас спортскиот канал важи за српски, иако оригинално не е така. Истото се однесува и за каналите на „Евроспорт“.
Останува да се види дали „Арена спорт“ воопшто ќе биде партнерот на „Т-хоум“, како што се шпекулира во балканските интернет-портали, меѓу кои е и босанскиот teve.ba, но и дали оваа компанија ќе продолжи по стапките на својот конкурент „Спортклуб“ или, пак, ќе реши да направи посебен канал за Македонија, каде што преносите би биле работени со коментар на македонски јазик.
Како и да е, во најава е проблем што не смее да остане само на реакција на медиумите, туку треба да покрене лавина прашања и коментари, на кои на крајот одговорот треба да го дадат државните органи. Тие што народот меѓу другото ги избрал да го заштитуваат македонскиот јазик.
Во спротивно, во Македонија ќе растат генерации што гледајќи ги своите спортски миленици преку ТВ-апаратите ќе слушаат само величење на мајсториите на Ѓоковиќ, Коларов, Савиќ, Видиќ, Обрадовиќ, Ивковиќ, Савановиќ, наместо на добрите потези на Пандев, Мекејлеб, Антиќ, Новески…
Игор Крстевски
Се прикажуваат 3 коментари


  • Nace Ivanov
    Телевизиите во Македонија се заинтересорани само за турски серии, а не и за квалитетен спорт.Иако Алфа тв ги има правата за шпанската примера , тие ги даваат само Реал(М) и Барселона , затоа што спонзорите така сакале, што значи дека тие го пренесуваат шпанското фудбалско првенство за спонзорите а не за гледачите...


  • Todorce
    Браво!
    Нека се крене прашина, нека се појави траекторија која ќе ја следат релевантните за овој проблем и, нека се средат работите!
    Очигледно се што е поврзано околу Македонија, македонски, ..., мора да биде подлегнато на некој вид борба.
    Во ваков случај нема потреба од борба, едноставно е да се среди.
    Ок, јасно е дека во игра се парите како и секаде на планетава, но, заработувачката и она светото од секогаш биле паралелени универзуми и функционирале во насока да се заштити тоа за кое нашите, нивните,... предци се бореле да го зачуваат.
    Без разлика колку сите луѓе сме исти, и без разлика што англосаксонското творештво (Елада) и мал број душманчиња ни прави проблеми,
    сепак низ историјата сме покажале дека имаме хумани вредности и свој единствен идентитет, кој помалку или повеќе го чуваме и му се радуваме.
    Во ред е да се познаваат а уште поубаво да се зборат различни јазици, тоа е богатство, но, тоа треба да биде избор, а не наметнато.
    Посебно не преку спортот, филмовите, рекламите,... и се што сакаме да го гледаме на националните тв канали или преку некоја си единствена приватна монополска опција.
    Новинари! ставете се малку во друга функција, вие треба да ја кренете прашината.
    Но знајте, не сме смотани и, приметуваме кога манипулирате со нашите чувства само за да си ја задржите работата и платата.
    Во ред?!


  • Hristijan BuckoskiCollapse
    АренаСпорт од оваа сезона започна со емитување на својата програма на територијата на Република Српска на чија територија се зборуа Српскиот јазик и немаше потреба од промена на комантаторите за Република Српска. Исто така од оваа година стартуваше и АренаСпорт на територијата на Хрватска чија програма е исклучиво на Хрватски јазик. По таа логика ако АренаСпорт биде достапна на територијата на Македонија преносите би се работеле со Македонски коментатори. Пред два дена поставов на нивната страна прашање на оваа тема но за одговор треба да почекам една недела. Кога ќе го добијам одговорот ќе го напишам на оваа страна. Но не верувам дека АренаСпорт ќе зрачи на македонскиот етер бидејќи е премнугу скап овој пакет. Можеби Македонски телеком ќе отвори сопствени спортски канали како што беше случајот со Српскиот телеком кој ја поседува АренаСпорт.

 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Pepe
Just heard the recent news about Abidal and I would like to wish him all the luck and that we all be praying for the best.

Iker Casillas
Todo el ánimo del mundo a un compañero de profesión. Da igual el color de la camiseta que se defienda, lo importante es la persona. Mucha fuerza Abidal!
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.668
Поени од реакции
22.752
Lots of support to Eric Abidal, I hope he recovers soon and can enjoy life and football again. (@R_Albiol, Real Madrid player)

"'Rocks in your path? Save them all, one day you'll build a castle'.#animsAbidal We love you" (@Thi_Alcantara91)

Fb Iniesta: "Abi, everything is going to be all right and you'll win again! You are not alone!" [via @andresiniesta8]


"A big hug for Eric Abidal!!! He's a great professional and a fighter!! Strength, crack!" (@phernandez19, Valencia player)


И уште мнооогу има... Цела Барса, Барса Б и другите делови на Ла Масија е со Абидал. Подршки стигаат и од соигарчи од репрезентацијата, како и од фудбалери од сите репрезентации и клубови... AnimsAbi!
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Најбољи играч следна година.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Drenthe (ex-Madrid): "We were close, I know Cristiano well. He gets angry when he doesn't score, certainly when Messi did score." :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom