Честитки до Барселона за овогодинешната титула. Не дека Реал беа слаби годинава, ама едноставно Барса беа прејаки :icon_mrgr Шала на страна, Реал не покажа апсолутно ништо во меѓусебните дуели, и да испаднеше Барселона побрзо во ЛШ, разликата сигурно ќе беше поголема . И двата тима покажаа дека оваа година во Примера нема да може да им се спротистави ниту една екипа. Шпанското првенство ја изгуби својата привлечност низ годините, во кои доста сигурно беше дека првакот ќе има минимум 3-4 порази од екипите од типот на Атлкетико, Виљареал, Севиња, Валенсија и други, и се надевам дека од идна година барем малку ќе се сменат работите, затоа што не ми се гледа монотон фудбал, плус тоа не му одговара многу на мојот омилен тим Депортиво. Од оваа сезона како најголемо изненадување ќе го земам Гетафе, па и мајорка која за голема несреќа не влезе во квалификациите од ЛШ. Сосема очекувано и по квалитетот Севиља и Валенсија беа екипите кои обезбедија место во ЛШ, додека можеби и најголеми губитници се Атлетико, Виљареал па и Атлетик Билбао. Баскијците имаат многу силен и млад тим, но потклекнаа во неколку наврати и дозволија да не влезат во Европа. Атлетико своето бледо издание во Примера го оправда со освојувањето на ЛЕ (впрочем се и единствената Шпанска екипа која оваа година триумфираше во европски куп), па затоа за најголеми лузери од оваа година ги рангирам Виљареал. За најголеми баксузи дефинитивно без дилема ги прогласувам Депортиво. Толку повреди кои придонесоа за вртоглаво паѓање по табелата, а лесно можеа да влезат и во некој куп на Европа. За идната сезона очекувам многу по воигран Реал и уште поинтересно првенство. Се плашам дека доминацијата на овие два клуба ќе трае долго време... За оние кои испаднаа, сметам дека беше заслужено. Вањадолид имаше многу лоша сезона, а Тенерифе и Ксерез се квалитативно далеку зад останатите Шпански тимови од Примера...