Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.661
- Поени од реакции
- 31.896
- Возраст
- 34
Локална самоуправа имаш слушано предмет? Вие уште живеете во времето на Тито каде се граделе фабриките мајкатаАј да си правиме муабет искрено и без нервози... непристрасно гледано, што е СУПЕР во Прилеп?! Освен можда филингот дека е роден град па најубаво си се чувствуваш меѓу своите. Реално гледано, градот е тиња... тоне во мизерија се’ повеќе и нема со генерации да исплива од мизеријата, бидејќи се’ што е попаметно и поамбициозно е избегано надвор или се труди на секој начин да избега од градот. Остануваат тие што се просечни и потпросечни (’рзаците) или пак тие што немаат амбиција и се плашат да се одвојат од средината, се плашат од пријателите да се одвојат, од мама и тато... Ама ако (ко во песнана) треба и такви да има, иначе човек не ќе остани во градот.
Ако зборуваме искрено, квалитетот на живот во Прилеп е мизерен.
. Сега такво нешто се нарекува инвестиции. Се прават напори да се носат, но не идат. Со сила можиш да ги грабниш? Секој инвеститор си сака убава почва, на сигурна земја, обезбедена со стабилна политика/економија. Никој не е будала да фрли пари во бунар без дно. Е сега локалната можи да се финансира ако сака да превзема капитални инвестиции, но кој будала е толку маж да си ја закопа глата в дупка, кога капитални и на централно ниво ние немаме, не па на локално. Што се однесува до инфраструктура, тука е најлесно за напредок. Каков таков и ние можеме да се пофалиме со истиот, целосна промена има на многу работи. Нема основа да споредуваме Прилеп пред 10 години и Прилеп сега. Дали асвалтот бил 1 сантим или 5 како што ги лажат по комитети јас нема да се мешам, нека помини време, нека распука, нека сиби мамата, па и јас да плукам ако е така.Ако така настапуваш, секој град е тиња (освен моментално 2 на памет ми идат), креатори на мизеријата сме и самите ние. Надвор не ти бегаат само од Прилеп, надвор ти бегаат од секаде, и Скопјани ти бегаат надвор. Секој со визијата и замисленото. И рзаци надвор бегаат чунки овде животот бил досаден, надвор е забавата па ајде успат дури учиме, че се журкаме и таму некаде вкопани. Со реченицата остануваат тие што се просечни и потпросечни навредуваш голема маса на луѓе, свесен си ?

Амбиција не значи бегање, секој со судбината и замислата. Пример јас планирам да станам судија или доктор во Македонија, немам амбиција? Е сега колку че успеам и колку истото че ми се исплати, јас да си осетам на моја кожа па да си кажам шо како. Секој човек е приказна за себе. Транзицијата сите не јади, не само нас Прилепчани. Македонија е зацапана и че остани како таква долг период. Скопје лека поплека се преплавува, затуцува, крцнува. Пелагонија че биди центарот за некои си двоцифрен број години. (запамтете го овој муабет, ако сме здрави и живи секако).

ама она кај марко цепенков шо сакаше ко Холивуд да го напрај со звездине
. Но не е битно тоа, менталитетот си е таков да секој викенд се користи како марш на модни писти во исти места со иста музика со исти луѓе, демек шемата ти текнува. Се шо скрснува од нормалата или автоматски не го бива, или не ги интересира. Целата ситуација и низ Македонија е никаква, од здравство до полиција. Прилеп моментално растура со дрога, хепатит Ц од наркоманите е на второ место во Македонија после Скопје, шо е загрижувачки податок. За попаметни има попаметни само се истиснуваат од тие понепаметните, но и тоа не е новина, споилс и мерит систем се обидуваат да ги урамнотежат, но едниов страшно доминира од било која партија која иди на власт, ги шиба нивните. Едните се добрите, другите мрштат како не ја бива оти тие не се првите, и така сето тоа ти е желба и борба за замена на позиции, ја имало, ја има и че ја има. Контролата потекнува од центар, било од здравствто да тргниме па до администрација, центарот мора да си стегни, колку и да има локалната пренесени надлежности и свои извори на приходи, сепак тие се ограничени и се се чека од центарот или некоја добра душа да фрли донација. Се оди по линија на помал отпор, шо е многу нормално. Кој и да дојди на власт со овој менталитет, само површно че си работи, без да му ја мисли многу многу. Сите сакаме најубо, но пари немаме, то е голем проблем. Инаку финансиската состојба верувај преку вечер нема да се напрај, та е првиот проблем од каде баздат сите лајненици и незадоволства. И така секоја новина не е вметната како што треба до крај оти не кочи ограниченоста, но обидите се тука, ефективни-неефективни. Рибата од глата смрди....