Пријателски натпревари

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
А шо беше финтата со Меси ? Оти не доби минутажа и на двата натпревари ? Па пријателските служат за да ги уигра тренерот играчите, а не тој пробва со играчи од трета Аргентинска лига, изиграва некој стратег, абе овие групи ако поминат јас гла сечам. Скоро сите репрезентации изиграа со фул состав, овај мрднатиот со магнифико излезе против Шпанија, зато воз ги прегази [emoji13] не 6 туку 16 гола требаше да му закачат па да се свестат малце


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Пријателска....

 
Мислев Пеџа збори за стартот што го направија аргентинците при крајот врз Коке, оно види сељово што прави...
 
Сега го видов стартот на Павон, како го собра Коке можеше да му скрши нога. Моментот е Рамос кога се затрча во одбрана, како за брат му помал да се работи а не за противнички играч од Атлетико [emoji846]
 
Кои цигани цццццццццццццццццццццццццццц
 
И Рамос е гнаса се понаша како дете ама онаков груб старт на пријателска е срамота. Колку само играчи имаат пропуштено светско/европско заради вакви дебили на пријателски утакмици, ќе ти дојди некој небитен во светот како Павон и ќе ти пое.и кариера.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Кутињо е во врвна форма, Нејмар е лидер на ПСЖ, лидер на Бразил, топ 3 играч во свет, Хесус газеше во Сити до повредата, а ќе има време до јуни да влезе пак во форма, Вилиан во мртвиот Челзи е најдобар поединец сезонава, Марсело и Алвеш по боковима, одбрана Маркињос и Силва, тандемот од ПСЖ, голман Алисон кој е страшен голман и ќе оди сигурно во некој јак тим следната сезона, Касемиро веќе е спомнат. Баш опасна екипа се, пресингот им урла.
d6cff2bdfd7fb1d9a2bb0a6217cc2390_754x.jpg
 
Не ми е јасно зашто го заборавив но НЕЈСЕ, сум ги изоставил и Паулињо, Фернандињо и уште пар други.
 
Од играчки аспект, најдобри ростери имаат Бразил и Франција. Тука е некаде и Аргентина.

Бразил делува моќно, уиграно, Тите врши одлична работа со селекцијата.

Франција е приказна за себе. Фантастичен ростер, но го видовме Дешамп шо и колку можи. Еден куп глупости направи на Европското (како на пример Жињак :tapp: ), а можеа како ништо да станат Европски шампиони.

Аргентинците зависи како ќе изиграат со случајот Дибала. Имаат одличен ростер, особено во офанзивниот дел, ама кретенот Сампаоли ми игра формција 3-6-0.

За мене овие три селекции се најголеми фаворити, после тоа ми се шпанците.
 
Франција ќе владее со фудбалот наредните 2-3 големи натпреварувања. :P
 
Не знам како Аргентина ти е пред Шпанија.

Пред се, заради индивидуалниот квалитет. Ја ставам Аргентина пред Шпанија, АКО играат со целиот потенцијал што го имаат во тимот.
 
Еден ростер шо има Аргентина шта да ти причам, освен напред шо се силни ништо немат ни одбрана ни средина, Меси е пола репрезентација, тури му пепел на репрезентација шо зависат од еден играч, ги видовме без него на шо личат.

За Франција сите се фаќате за Жињак а заборавате дека кога беше повикан имаше страшна сезона во Марсеј и беше еден од најдобрите стрелци таа сезона во Франција, ако не го повикаа ќе читавме коментари како Дешамп бил несалам и не го повикал него во страва форма а го викнал Бензема ( пример ) дрвото.

Франција ги има најталентираните фудбалери можеби ама се млади и не се сеуште созреани за големи дострели, ама мислам дека се на добар пат, нешто слично се и Белгијците.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Пред се, заради индивидуалниот квалитет. Ја ставам Аргентина пред Шпанија, АКО играат со целиот потенцијал што го имаат во тимот.

Тука не си во право, баш Шпанија има најмногу индивидуалци кои знаат да направат разлика на терен, од голман па се до шпиц имат на залиха со лопата да ги риниш играчи, види им ја средината сите млади играчи кои се носители во Реал, Барса, Атлетико, Баерн итн


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom