При успеси ги величиме - при порази ги плукаме

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Првин ќе почнам со кошарката: Како бе брат да не ги плукам кога сме бруки невидени, дрва неизделката, се понашаат од глуп до поглуп. Мене ми е јасно дека другите репрезентации може се поквалитетни од нас меѓутоа тоа не е оправдување за толку слаби игри. Пола репрезентација не заслужува да биде таму, се плашат како пички само шутираат од тројка и никој не влегува во рекетот, никој не сака да направи пробив ко божем големото реноме ќе им падне ако попијат банана.

Фудбал: За ситуацијата во фудбалот пола се криви репрезентативците пола селекторот. Ниту еден селектор немал авторитет да се справи со егоата на играчите. Има некои играчи кои одамна треба да го напуштат државниот дрес без разлика што секогаш се жртвувале за него. Прв пример е Седло. Киксови против Исланд, против Холандија, против Шкотска, три утакмици на кои токму поради негова грашка примаме гол. Подобро човекот да си рече слушајте јас не можам се повлекувам нека дојде некое дете да ме замени. Барем одбрамбени играчи ги имаме многу. Жалосно е еден Васовски да дреме на клупата. Па после кога ќе ми текне дека еден Величе игра во тимот, а човекот не прави ништо, ни е добар во дефанзива ни во офанзива, никогаш не повлекол топка и му треба пет минути за да реши што да направи ми се мачии.

Па и на крај Јонус, човекот слушнал 4-3-3 формација е хит во цел свет па дај и ние ќе ја примениме. Играме со Наумовски како лево крило (аман бе Мирсад човекот треба да рипа во 16тник да игра со глава не за џабе е висок), Пандев во средина и Стојков како десно крило.

Ако селекторот ми најде пет екипи што ја применуваат оваа формација и играат со тројца класични шпицови како во нашиот случај, јас прифаќам да истрчам три круга низ трговски гол пиштол.

Башка една формација 4-3-3 без класичен плејмејкер нема шанси да се игра, кој ќе ги храни тие тројца напаѓачи? Си го поставил ли Јонус ова прашање. Жозе Мурињо во Интер виде дека не иде формацијата и за два месеци си ја призна грешката и ја промени тактиката а на клупа седна играчи за кого плати вкупно преку 30 милиони евра. Или Јонус да глуми дека е реформатор дека донел нешто ново во репрезентацијата па ај 4-3-3 е мода.

Не ми е јасно зошто ниту еден селектор не му даде шанса на Ндерим Неџипи. Можеби најдобриот според мене плеј што излегол од македонија. Сите викаат не бил добар. Е од каде знаат кога никогаш не му дале шанса. Пријателските натпревари се направени за да побаш нешто ново, нешто различно а не да излезеш со најдобрите 11. Викни го Ндерим, пушти го во игра ако се покаже тапа на следната прес-конференција ќе речеш: ето го викнавме доби шанса сите видовме дека не се снајде.

е сега главната тема Пандев: Навистина дека Пандев треба да биде нашиот лидер, треба да ни носи победи но сепак тој не е семоќен (иако шансата во Шкотска мораше да ја реализира). На моменти е себичен, на моменти наликува како да не игра во Лацио но што да прави кога е опкружен од 10 потпросечни играчи. Пандев какви топки што им дели на соиграчите они да му даваат 50% од тоа ние ќе даваме повеќе голови и ќе имаме повеќе победи.
 
уште кога ке им го видам тренингот на нашиве фудбалери знам што треба да им се направи на сите! Тенис со нога за пари БРАВО БРАВО!

и после застанале коа некои амбулиња на утакмица зјапаат во трибина север (каролина гочева како некоја кокошка едвај собира сили да ги фати високите тонови и да го заслепи бекам од убавина) ги грабнале јајцата во рака(пошто многу големи па да не им испаднат од шорцеви) и ќутат ли ќутат(ти се чини на час по германски се и треба да ги испитаат).
да ја застапуваш државата е гордост а не срам, а ако неможеш да го направиш тоа со срце слободно кажи си и испадни а не да им го зазимаш местото на некои што сакаат да играат.
Во норвешка играме на трибини 10 македонци викаат ли викаат по нив ама џабе викаат кога овие доле не играат ни за држава ни за публика они гледаат да не се повредат па после тенис да неможат да играат со седловски....
и спомна фантом Пандев бил од Крв и Месо и не требало така по него, епа исто е и џерард од крв и месо и сите фудбалеришта се од крв и месо. Само разликата меѓу нашите играчи и светски играчи не е ни класа ни ништо туку јајца! нашите држат ама прашање е дали држат нешто или оти на снимки гледале дека така треба рацете да стојат па ајде и они....
и не е срамота да ги плукаме треба да ги пречекаме на аеродром со камења и јасно да им кажеме или со срце за македонија или фаќајте патот!
И немојте да викате дека немаме квалитет не не бивало, грците 2004 со харистеас и со карагунис Европско освоија против Франција,Англија,италија португалија шпанија и сите европски држави! што имаа грците повеќе од нас да не играа со три нози?
 
Мразам да се повторувам.

Јас не знам што му е на дечково очигледно има некој психолошки проблем ме цитира на различни теми и ми објаснува за Пандев????
Абе можеш да сватиш некои работи или тешко ти влегуваат во глава? Да не имаш проблем со меморијата?
Тој дека е голем играч тоа е неспорно ама неговото безобразно понашање и промашување на ДВЕ ИСТИ СИТУАЦИИ СО ИСЛАНД И ШКОТСКА НА РЕЗУЛТАТ 0-0 после кои не може да ми биде сеедно! Не може да ја плукне топката на еден метар од гол еден себичњак голем, до него играч, со таквиот однос не ми требаат звезди. Во тие моменти нервозата е голема ако не си знаел, па не можам да се помирам со тоа.

И очигледно сеуште немаш искусено и покрај толку постови дека секој има право да мисли и да зборува како сака за одредена личност е сега тие што не можат да го почитуваат тоа е сосема друга работа.
И барем не ме цитирај за него, бидејќи јас моето си го кажав, ти мисли што сакаш, ионака не можеш да ме разбереш.
 
Фантом, брате, фанови има, ама не лојални.
Да бев Пандев и прочитав коментарите за мене, ќе си земав бугарски пасош.

слободно... и така немаме никакво фајде од него!!!
е сеа...секој во афектна состојба можи да кажи или напрај нешто непромислено и после да се прај како ништо да не било!!!
 
Ае шо губиме,доро тоа,али бар да се трудат нешои да направат ебаго
примиаа гол од Шкотска,после тоа нишо не изиграа,ко светот да се срушил
со Норвешка незнам,очајни беа нашите
а за баскет да не зборам,до толку незаинтересирано да влагаш у меч
да дозволиш да те газат како сакаат
зашо ???
за да биле поодморени за следна утакмица или нз шо тамо:tapp:
Абе брату играш до последни сили секоа утакмица бре,без разлика коа е цената,за ДРЖАВАТА своја играш бе алооооо:tapp:
 
Јас не знам што му е на дечково очигледно има некој психолошки проблем ме цитира на различни теми и ми објаснува за Пандев????
Абе можеш да сватиш некои работи или тешко ти влегуваат во глава? Да не имаш проблем со меморијата?
Тој дека е голем играч тоа е неспорно ама неговото безобразно понашање и промашување на ДВЕ ИСТИ СИТУАЦИИ СО ИСЛАНД И ШКОТСКА НА РЕЗУЛТАТ 0-0 после кои не може да ми биде сеедно! Не може да ја плукне топката на еден метар од гол еден себичњак голем, до него играч, со таквиот однос не ми требаат звезди. Во тие моменти нервозата е голема ако не си знаел, па не можам да се помирам со тоа.

И очигледно сеуште немаш искусено и покрај толку постови дека секој има право да мисли и да зборува како сака за одредена личност е сега тие што не можат да го почитуваат тоа е сосема друга работа.
И барем не ме цитирај за него, бидејќи јас моето си го кажав, ти мисли што сакаш, ионака не можеш да ме разбереш.

Ако некој овде е веќе со психолошки проблеми, то си ти. Не ме терај да барам ситуации на нет каде и десет пати поголеми имиња од Пандев промашувале и поголеми шанси и зицери. И научи се да ја контролираш нервозата за почеток, не можам јас ко шо ме нервираш сега ти, да те тупнам еднаш по тиква.

Зборувај што сакаш и колку сакаш за секого. Јас сум тука да ти контрирам, и баш ме интересират шо ќе напрајш за да ме спречиш. Твое е да си зборвиш, мое е да не прифатам.

А така. Се читаме.
 
Пандев никогаш не играл добро во репрезентација, многу ретко.
Обично блеска на пријателски натпревари, а на натпревари од важност се обидува сам се да напрае (себичи) и со тоа ништо не постигнува но не треба да се критикува, најдобар е и неможе да игра со некои телиња :toe:
 
Не прифаќај ама не се прави со сила ... па да ме цитираш по милијарда пати по други теми, на што ти личи тоа? Што чоек ќе беше ќе влечам сега јас после 10 дена уште ме цитира чоеков па и отвара посебни теми, повеќе од еднаш ти образложив зошто така мислам за него, сега понатака само ја влечеме дискусијата во погрешна насока, не можеш никој со сила да убедиш ти контрирај таму каде што е местото ама не по цел форум и немам намера по 20 пати да се изјаснувам зошто сум реагирал така кога промаши зицер итн...
 
Македонски менталитет, за величењето играчите после успесите ок, а за плукањето воопшто не ме чуди. За жал тоа се случува кај нас, гледам во музика имаше тема кој македонски музичар најмногу го мразите, за ценење воопшто не им текнува. Не е само ради поразите, општо таков ни е менталитетот, плукаме по своето отсекогаш.
Тоа е тоа, толкави ни се можностите, да сме еден Бразил па да имаме енормно голем избор на играчи ќе ги разберам ''стручњаците'' тука кои плукаа по Пандев, ама во ваква држава, со инвестиции рамни на 0 во спортот, а ,,просперитетот'' е непознат поим не преостанува ништо освен да се соочиме со реалноста дека на терен не се игра со срце, туку треба да се има талент и квалитет, зборувам општо за спортот тука во Македонија.
Тие се играчите, тие се можностите, једино што може да направиме е да ги бодриме и во успех и пораз, со плукање ништо не се постигнува.
 
Лично, си ги пцујам и плукам и кога губат, и кога победуваат. Карактерен човек сум си :)
 
Пандев никогаш не играл добро во репрезентација, многу ретко.
Обично блеска на пријателски натпревари, а на натпревари од важност се обидува сам се да напрае (себичи) и со тоа ништо не постигнува но не треба да се критикува, најдобар е и неможе да игра со некои телиња :toe:

Ама гледај он дека игра подобро за Лацио тоа е факт, ама таму има со кој да игра. Роки и Зарате неможеш да ги рамниш ти со Наумовски и со Мазнов или Стојков. Пандев треба сам да земе топка да повлече акција од центар, да стаса до голот, ако подаде арно, ако не треба он се живо и диво сам да изашка па уште и гол да даде. А во Лацио тоа не е така, таму он може слободно да си го прчи напред и да чека топка оти има играчи кои што знаат кога и како да му ја подадат топката за он да даде гол. Затоа нашава репрезентација неможеме да ја рамниме со лацио. Сепак лацио има далеку појаки поединци одколку што Македонскава репрезентација:toe:
 
Па тоа е најнормална работа која се случува секаде. Зарем некој во моменти на пораз кој боли (туку мислам на незаслужен пораз или пак на катастрофален пораз поради недоволно залагање) ќе каже нешто убаво. Факт е дека има играчи кои играат феноменално за своите клубови а кога е во прашање репрезентацијата истите тие се само бледа сенка. За жал таков е и Горан Пандев. И Жерард и Лампард играа очајно за Англија па беа јавно критикувани. И Бекам доби црвен картон па цела нација го мразеше. Ама по неколку добри партии повторно сите го закасаа и беше нивен херој. Значи така функционира целиот свет и тоа е нешто сосем нормално. На крајот на краиштата ако нема критика нема да има ниту поголемо залагање како и поголема мотивација.
 
Пандев никогаш не играл доброе играл доб во репрезентација, многу ретко.
Обично блеска на пријателски натпревари, а на натпревари од важност се обидува сам се да напрае (себичи) и со тоа ништо не постигнува но не треба да се критикува, најдобар е и неможе да игра со некои телиња :toe:

како бе не игра добро пандев кога секоја акција оди преку него ако не се врати назад да прими топка другиве гледаат како теле во шарена врата и не можат да го поминат центарот а и ако не си приметил ПАНДЕВ на секоја утакмица е чувам од 2-3 противнички играчи
 
Темава е без везе, иако има нешто вистинито, при неуспеси ги плукаме.

HTML:
При успеси ги величиме
Кој се тие успеси на македонската фудбалска репрезентација, а Фантом? Ениуан?
 
Кој се тие успеси на македонската фудбалска репрезентација, а Фантом? Ениуан?

Со сегашниот капацитет и состав, фудбалски успеси ни се победата против Хрватска, нерешено со Англија на нивни терен и слични.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom