Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    777
Тоа со крајот на историјата на Фукујама се однесува на падот на Комунизмот како идеја, либерализмот е последната идеологија, ќе паднат границите итн.

Либерализацијата далеку од тоа да е секаде спроведена. Русија има големи ресурси и нема намера да дозволи западни компании да ги експлоатираат. Пр. како функционира Гаспром? Монопол во државна сопственост над 50%, остатокот разни Руски олигарси. Нема слободен пазар кога нема конкуренција, напротив не само во Русија и надвор настапуваат со барања за долгогодишни договори и за снабдување и за дистрибуција, цел им е да ја елиминираат конкуренцијата и во држави од ЕУ каде има антимонополско законодавство.
Нешто слично е и во нафтениот бизнис, имаше таму влезено западни компании како малцински акционери, но беа принудени да ги продадат своите удели.

Политичкиот систем во никој случај не им е демократија како на Запад, сега не навлегувам дали е тоа позитивно или не, Русија се консолидира под Путин, на Русите им одговара ваквиот систем.
Но не се компатибилни со Запад си противречат и постои судир. И не само Русија, и други држави богати со ресурси се во слична положба, Венецуела, Иран итн, мене ми изгледа логична нивната политика, но додека се потпираат на нафта и гас. Колку е одржлива таквата нивна политика на некој подолг рок, пр 20 - 30 или повеќе години? Мене не ми изгледа одржлива, се појавуваат нови технологии, ништо не е вечно па и овие економии кои зависат од цената на нафтата и гасот.

Само како надополнување во врска за разните неформални центри на моќ, економски групации и сл. Како ќе ги прокоментираш огромните казни на големите американските фирми поради монополско делување, или огромните казни поради еколошката катастрофа на БП во Мексиканскиот залив. Сепак американската политика се води во Белата куќа а не во некакви неформални центри на моќ.
ама батка за разлика од арапките земји Русија е свесна дека фосилните горива се исцрпен енергенс,и самиот Путин пред некоја година изјави на неколку пати дека во иднина гасот и нафтата ке секнат и треба да се бара алтернатива и дека и Русија покрај алтернативни енергенси ке треба да си бара и други извори на доход.
 
Со други зборови кажано, Русите веќе размислуваат и за иднината, а не само за сегашноста.

Колку за споредба, пред некоја година, некој арапски принц или крал изјави дека САД и западот мораат да се помират со фактот дека ќе останат зависни од арапската нафта не само во блиска иднина, туку и во далечна иднина.

Па од тука сосема разбирливи се крвопролевањата на Блискиот Исток. Арапите не сакаат мир, туку сакаат вечно крвопролевање, се додека тие остваруваат профит од истото тоа крвопролевање.
 
I

И друга битна работа за разлика од Русија, американските олигарси имаат контрола над федералните резерви или да ја наречеме нивната централна(народна банка) а во Русија олигарсите немаат пристап до монетарната политика.
Не баш, „американските олигарси„ не само што имаат контрола на американската централна банка туку тие ПРИВАТНО И ЛЕГАЛНО ЈА ПОСЕДУВААТ ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА!!!
(и намесно „американските олигарси„ викај ги светска банкарска мафија, зошто тоа се тие: многу повеќе од некои си локални олигарси).

Разликата со руската централна банка е огромна. На пример во Русија Путин (и власта генерално) ја контролира централната банка, но не ја поседува и не прави директен ЛИЧЕН профит од неа.
Понатаму за разликите, руската Рубља не е дефакто и дејуре светска трговска и резервна валута, тие не можат да принтаат рубљи до недоглед и да очекуваат цел свет да ја плаќа нивната инфлација.
 
"Give me control of a nation's money and I care not who makes it's laws" — Mayer Amschel Bauer Rothschild
 
http://www.theguardian.com/environment/2014/aug/18/anti-fracking-protests-london-swansea-blackpool
Нема у Британија али затоа ќе се дупчи на велико у Украина fracking freedom gas. :)

Е па и на Германија со Версајскиот мировен договор и било забрането да поседува воена авијација, тешки оклопни возила, подморници и бродови кои би надминале тежина на транспортните бродови, со цел истите да не можат да бидат вооружени за поморско војување.

Но овие забрани важеле на територијата на Германија, но не и надвор од Германија.

Па така најкомотно, откако Адолф Хитлер и нацистите дошле на власт во Германија во јануари 1933, започнале со нова програма за масовно вооружување и создавање на современа војска, воена авијација и воена морнарица, кои ги вршеле надвор од територијата на Германија.

Па така панзерите и воената авијација Луфтвафе биле развиени и првично почнале да се произведуваат на територијата на - Советскиот Сојуз, во партнерство со Советскиот Сојуз, се разбира.

Тоа што следувало подоцна е веќе позната историја.

Можеш да му забраниш на криминалец да врши криминал со тоа што ќе го ставиш зад решетки, но не можеш да му забраниш на криминалецот во затворот да му нареди на некој друг криминалец надвор од затворот да врши криминални дејствија во име на криминалецот во затворот и да му исплаќа процент на криминалецот во затворот од нелегалната криминално стекната добивка.
 
Хаха-ха....Шкотска ако ја земаш за пример, ќе треба Новорусите да попричекаат едно 7-8 векови за референдум! :rolleyes:

Гледај, јасно ми е и мене и тебе за кој навиваш. Јас се разликувам од тебе по тоа што знам против кој навивам.
Малку да си побјективен, ќе кажеш дека референдум немаше теоретски шанси да има без вооружен судир. Ниту пак ќе имаше потреба за тој референдум да не направеа воен удар САД на Мајдан.

Но ете јас ќе бидам пообјективен од тебе, и ќе кажам дека нема потреба да се натегаме за тоа на чија страна е приклонето цивилното население (иако е јасно). Само ќе повторам по не-знам-кој-пат дека таму всушност САД и Русија водат прокси војна меѓу себе, и единствено тоа е од суштинско значение.

Тоа се разбира не значи дека цивилното население треба да страда, а хуманиратните и меѓународните организации намерно да ги држат очите затворени. Ако САД и компанија можеа да ја бомбардираат Либија заради хуманитарна криза (која тие ја продуцираа) и страдањето на цивилите таму, тогаш зошто побогу по истата таа (искривена) логика Руската Федерација не би го имала истото право да ја бомбардира Украина (и тоа не само кризните подрачја)...??!?
Затоа и нема како да е по мирен пат...
Абе не знам зашто сметаш дека навивам за некоj?!
Великите конспирации не са во моj стил по примерот на Маjданот и така натаму...
Самиот ти зборуваш за некакво цивилно население,а не прашаш цивилното население во другите краишта на Украина. Другото логично прашане е,дали тоа цивилно население има избор за кого може да навива,кога се зависи от тиja што држат градовете им во заложнишство?!
Не знам зашто сакаш да гледаш Либиja- една африканска држава и Украjна-една европска држава?! Ако беше погледнал структурата на населението, неговиот етничски состав,ке знаеше,дека Либиja нема со што да се сравнева.
Руската федерациja гарантира териториалноиот интегритет на Украина, тоа тивко го забораваш,а сега зборуваш,зашто да немала право да ja бомбардира.
 
Брзо се предадоа русите, да беа палестинците со камења повише ќе издржеа.

Русија од овој конфликт уште повеќе го наруши својот углед во светот, ај се надевам ќе влезат уште повише во конфликтот и ќе бидат тивко срушени од западот. (после Украина , западот уште повише ќе се концентрира во Источна Европа, Меркел најавува дека НАТО ќе ги брани своите сојузници кои се загрозени од Русија, а санкциите нема да се укинат се додека Русија не капитулира).

Еве што остана од Руската република во Украина.

776px-East_Ukraine_conflict.svg.png

Украина го изгуби привремено Крим , но си постави суверенитет низ цела Украина. Сега само треба да ги гонат сепаратистите кои без најмала причина кренаа оружје према Украина која им нудеше права кои ги имаат малцинствата во Европа (а не права кои ги имаат малцинствата во Русија)
 
Израел има топ углед а? Америка се прави светски полицаец а неможе дома да си ги реши проблемите изгуглај малце колку илегалци им велгуваат од Мексико месечно колку еден помал град. Западот па западот кој црн запад??? Италија - пиши пропало Франција - пиши пропало, Шпанија - пиши пропало. балтикот - економски да воено се никој и ништо значи западот е УСА и Германија. Германија многу лесно може да и сврте грб на УСА само да осети мала слабост така да немој да мислиш дека во западот ружи цветаат се кова нов светски поредок можеби не сега ама за 20 год западот нема да е никаков фактор во светот
 
Се шушка дека по формирањето на свој фонд брикс се спрема и за формирање за своја воена алијанса е доколку дојде то тоа а по секоја цена нато гледа да недојде до формирање на таква алијанса, тогаш веќе ќе се исцртаат мапи кај што ќе можат односно неможат да делуваат[DOUBLEPOST=1408401423][/DOUBLEPOST]И да додадам нема потреба да се војува еден потег и војната е добиена а тој потег се вика петро долар[DOUBLEPOST=1408401740][/DOUBLEPOST]Лошо е кога западот си игра РУСКИ РУЛЕТ
 
Последно уредено:
Руската федерациja гарантира териториалноиот интегритет на Украина, тоа тивко го забораваш,а сега зборуваш,зашто да немала право да ja бомбардира.
Сосема ги испреврти работите.
Не велам дека РФ треба да ја бомбардира Украина. Напротив.

Поентата е дека САД немаше право да ја бомбардира Либија.
Патем што ако Либија е африканска држава, сакаш ли да кажеш дека сите африканските држави треба да се бомбардираат?
Демек Украина е европска држава па затоа нема да ја бомбадираат. Колку наивно.

Дали Југославија беше европска држава, кога беше бомбардирана од САД (и полтроните од НАТО)?

Него да не дигресирам. Зборот беше дека САД немаат никакво право да бомбардираат други држави за исполнување на свои геостратешки цели. Никој не ги напаѓа, од никој не се бранат.
Тоа ти го кажувам.

А дека навиваш за САД, навиваш.
Повеќе од очигледно е тоа. И не велам дека немаш (ти и други) право за навивање... Но малку повеќе објективност, тоа добро би дошло.
 
Последно уредено:
А што ако еден центар на моќ го контролира ова што се случува? Брикс, доларот итн.?
 
И НАТОВЦИТЕ ветија дека нема да се шират на исток, ама се шират и очекуваат Русија да го почитува интегритетот на држава која стреми да биде членка на НАТО, организација која не почитува договори како што спомнав погоре. Епа тоа не оди така блгарче. :) Two can play that game. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom