- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 5.694
- Поени од реакции
- 13.095
Друже, само за првиов дел...Сериозно веруваш дека цената на храната во Македонија се должи на крвопролевањето во Украина ?
Македонија најголемиот дел од храната ја увезува од Србија и соседните држави, а не од Украина и/или од Русија.
Да, цената на нафтата игра огромна улога во завршната цена на храната, но уште пред 24 февруари 2022 во Македонија цените на храната полетаа кон небото и никако да се симнат.
А за потсетување токму за време на пандемијата на корона вирусот цените на нафтата масовно паднаа низ целиот свет што едно време нафтените компании работеа со загуба бидејќи плаќаа повеќе за складирање на готовите нафтени деривати отколку што заработуваа од нивната продажба. Тоа кратко време траеше, но цените на храната во Македонија само си растеа.
Украина и Русија ниту малку не се виновни за цените на храната во Македонија, виновни се само македонските трговци кои си ги гледаат своите профитерски интереси на прво место, исто како што и градежните компании и агенциите за недвижности ги напумпаа цените на становите до небо, а десетици илјади станови низ Скопјево зјаат празни.
Лом не се прават членовите на темава, туку општо Македонците меѓу себеси.
Појма немаш без навреда.
Тие 600 миљарди што и ги дадоа на Украина, не ги извадија од џеб!
Ги испринтаа! И уште богзнае колку миљарди за короната...
Сума сумарум, ја обезвреднија парата!
А кој највеќе настрада од тоа?!
Најсиромашните, т.е. ние што ионака се увезуваме...
Реалната инфлација никој не ја кажува, ама е бар 100% од 2019 до сега..
