Препораки за игри

  • Креатор на темата Креатор на темата Cyber lord
  • Време на започнување Време на започнување
Ја играм Assassins, ја играм Crysis 2, ја играм Homefront, ја играм Dragon Age 2... Луѓе бре како се снаоѓате...??? Незнам која попрво да ја играм, па ги играм сите по малку и се ми се меша... :)

Многу лесно правиш 2-3 кафина 1-2 редбули седнуваш еден ден цел и ги метиш :pos2:

--- надополнето ---

Излезе Shift 2 за хбох, очекувам да и даде 2-3 шамари на гт5.

Ја пробав првата стаза само, нема ап 2.5 заштита спуштајте слободно. Искрено мене ми е ама баш иста како првата. Прерано е да судам но мислам дека нема да ме импресионира многу.
 
Излезе Shift 2 за хбох, очекувам да и даде 2-3 шамари на гт5.
GT5 гомна да јаде, играва е мнооогу јака, после Most Wanted оваа е единствена добра Need for Speed заедно со Hot Pursuit. Супер графика и звук, многу различни стази така да не здосадуваат никогаш и супер гејмплеј, подобра е од првата
 
Брат се пријавив на странава шо е ... Ја имаш изиграно ? И шо конфигурација бара?

Не, ја немам изиграно, уште немам добиено клуч. Кога ќе земем клуч, одма ќе постирам импресии :).

Иначе ѕирни го видеово, претставување на херој ( малце е лошо напрено, ама ко за прво добро е )
 
Добро никој не виде досега? Lead and Gold бесплатен викенд.
spotlight_image_english.png
 
GT5 гомна да јаде, играва е мнооогу јака, после Most Wanted оваа е единствена добра Need for Speed заедно со Hot Pursuit. Супер графика и звук, многу различни стази така да не здосадуваат никогаш и супер гејмплеј, подобра е од првата

Сега за сега единствено нешто што ми се допаѓа е камерата што може да се одбере од за кацигата. Значи перфект е, но неможам да сфатам зошто се навалува на страната на која треба да вртиш. (20 метри пред кривина)
 
Сега за сега единствено нешто што ми се допаѓа е камерата што може да се одбере од за кацигата. Значи перфект е, но неможам да сфатам зошто се навалува на страната на која треба да вртиш. (20 метри пред кривина)

Хах па најверојатно по реално демек е така али не ми е проблем, не можам да се одлучам која камера ми е подобра, дали таа во кола или надвор :)

Добро никој не виде досега? Lead and Gold бесплатен викенд.
spotlight_image_english.png
Јас забележав само што не ме влече многу играта, знам дека за брзо време ќе ми здосади...
 
После 2 часа играње можам да кажам први импресии за shift 2


  • Играва не личи за 2011, туку како за 2008. Колите се катастрофа направени премногу ми изгледаат пластични
  • Кога ќе се "тумбаш" е најголемата катастрофа во некоја игра, значи се отревртуваш со колава 1 круг и се крши како лименка, изгледа толку нереално што дури ми се лоши.
  • Графиката ми е истата од shift не гледам никакви промени искрено.
Доста е мислам за почеток :)
 
Излезе Торент на замунда за NFS SHIFT 2 од RELOADED
Па навали народе
 
[video]http://www.youtube.com/user/IGNentertainment#p/u/12/qp8X530E2Kc[/video]

Ете игн ревју.
 
Знае ли некој за излезената
Mass Effect 2 Arrival

Дали ја има на торенти или исклучиво се купува преку лајв?

 
Да ја играш на SHIFT 2 на PC со Xbox360 гејмпад е рамно на самоубиство!

Па јас не знам кој садиста ја дизајнирал, како прво helmet-cam е срање за профи вожња (пробајте да ја исправате колата по кривина, кацигата оди лево-десно), како второ обичната cockpit камера ги нема веќе оние blur ефекти...

И како најбитно, ај што е срање вожњата на гејмпад, него и противниците се претешки. Па ебате беља, Forza 3 ја владеам (не премногу, ама доволно за да победувам и на hard), а овде на easy ме шибаат противниците и не дај боже ЕДНАШ да згрешам. Ќе ја симнам сега за конзола, се надевам таму нешто подруго е направено...бидејќи искрено не можам да вадам живци за играва.

Сума сумарум, засега ми е иста како Forza 3, ама со подобра внатрешна камера. Само не дај боже да изгубите контрола во кривина, камерата ќе почне чуда да прави. :)

Едит - сега ја изгледав рецензијата на IGN, нема што - кажано е се. Кога веќе ставаш вакви тешки патеки и фрустрирачки AI; тогаш мора да има Rewind опција. Ајде на трки од два-три круга е океј, ама понатаму...
 
хехе NFS Shift 2 според сите требаше да биде играта што ќе ја прегази ГТ5 ;)
 
хехе NFS Shift 2 според сите требаше да биде играта што ќе ја прегази ГТ5 ;)


Ептен ме разочара мене, ја пробав 2-3 трки беше јасно веќе каква глупост направиле. Страшно ме нервира тоа со камерата пред кривина ја навалува глата на каде треба да вртиш!!! Е добро бе ние глупи сме или што е работава?


Ништо чекаме сега Dirt 3, Forza 4, F1 2011. Толку од убави игри со возење годинава. Јас ја очекувам Forza 4 осеќам ќе биде лудо и незаборавно искуство, особено и со кинектот. Пред некој ден потврдија дека ќе има и гласовни команди, за во менито ќе се користат сигурно а за во гемплеј (мени брзина, камера) незнам.


Како и да е Shift 2 пропаст на годината според мене, колку се фалеа само ќе ја згазиме гт5 и што направија? Не успеаа ни Shift да ја поминат хахахахахха

--- надополнето ---

@Mac не троши лимит за џабе, истото лајно е
 
Само да имаше копче што ја мења камерата за да не ви се врти :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom