Колку пати досега ви се случило да ви остане неизедена храна и на крај да ја фрлите? А можете со малку додатоци да ја „дотерате„ и никој да не забележи што е тоа. Можете да измислите дури и некој нов рецепт. Пробајте – економично е и многу едноставно.
Би било добро на секои 7 дена да го претресете фрижидерот и да отстраните се што е непотребно. Но, што со неизедената храна која уште може да се јаде, но ја има недоволна за целото семејство?
Направете нешто ново –еве неколку идеи:
Остатоци од тестенини: можете да им додадете јајца и да направи омлет, или пак, да ги помешате со свеж или обарен зеленчук и бешамел сос.
Леб: ако веќе му се појавиле зелени траги од мувла, отстранете ги и исечкајте го на коцки. Пропржете го со малку зејтин и сечкано сирење и тоа ќе биде одличен појадок, со јогурт.
Месо: преостанатите ќофтиња и фашираните шницли секогаш можат да се комбинираат со варен спанаќ, грашок, морков или пченка, а со добро измечените ќофтиња можат да се наполнат палачинки или канелони. Вареното месо (пилешко, телешко, јунешко) може да се искористи за салата: додајте му свежи краставички, обарен морков, павлака, мајонез или пак, малку кромитче и печурки (свежи или конзервирани) со павлака и мајонез.
Риба: од преостанатата пржена риба можете да направите крокети така што ќе ја изроните и помешате со пасиран варен компир и јајца, па испржете. Варената риба, со маслинки и доматен сос, може да биде одличен прелив за шпагети.
Зеленчук: иситнете го, пропржете сланина, измешајте со павлака и јајца и сето тоа може да послужи како фил за лиснато тесто.
Сирење: во фрижидерот, тоа најчесто преостанува, прекриено со тенок слој мувла. Затоа, добро исчистете го, исечкајте го на коцкички, помешајте со малку путер и павлака и растопете. Така може да послужи како додаток со качамак или сос за шпагети.
Овошје: ви дошле гости, а вие немате ништо благо да ги послужите-си што имате е преостанато овошје. Исечкајте го на тенки кришки, измешајте го со суво овошје и комбинирајте со 1 топка сладолед.
Овие рецепти лично не ги препорачувам ... Но се доста економични и ќе ви заштедат и време и пари.
Секогаш купувајте помалку храна отколку што мислите дека ви е потребна, со тоа може да намалите и некој килограм.