Пренаселеност

  • Креатор на темата Креатор на темата Toecutter
  • Време на започнување Време на започнување

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Веб-сајт
ygeneration99.blogspot.com
Многу честа тема последниве години е онаа за пренаселеноста на планетата и за последиците кои од таа пренаселеност, намалување на енергенсите,резервите на вода,загадувањето,војни...
Сигурно многу пати сте слушнале “премногу сме“, “7 милијарди сме“, “нема да има храна за сите“ и слично...

Има многу теории околу ова,од христијанските учења на Тертулијан,преку Томас Малтус кој е најпознат со теоријата за експоненцијален раст на популацијата при линеарен раст на производството на храна,до социјалниот дарвинизам и еугениката и денешните еколошки структури кои како најголем проблем често ја споменуваат пренаселеноста.

Кој е вашиот став за ова,дали се согласувате или не...
Колку луѓе мислите дека може да живеат на земјава ?
 
многу кинези и шконови на мал простор. :)

Не, си наоѓаат секогаш платенава и човештвово начин за регулирање на овој проблем. Чуми, земјотреси, торнада, еугеника.....војни на крај краева ако дојде нож до коска :), битно никогаш нема да е кнап.
 
Кој е вашиот став за ова,дали се согласувате или не...
Колку луѓе мислите дека може да живеат на земјава ?
Незнам дали сме пренаселени, бидејќи никој никогаш на нас смртниците не ни ја прикажал вистинската слика за планетава и нејзините потенцијали па да оценам/оцениме дали може и колку може таа да прехрани.

Фактите говорат дека сме... колку само прикриени програми за системско уништување на населението ги има, и не за џабе ги има нели (ова го поткрепувам од разните теории на заговори и слични други работи за кои самите на вести гледаме дека се случуваат) ништо не е случајно а активно се работи на поништување на голем дел од населението од планетава - некому едноставно не му одговара да не има толку.
 
Не е пренаселено! Батали ти Кина, Индија, Русија тие се цел свет, ама затоа ние Европјаните добро балансираме :pos: Освен муслиманите ретко кое семејство има 3 или повеќе деца :smir:
 
Доколку правилно се распоредат ресурсите без проблем можат да живеат и 10 пати повеќе жители на планетава.
 
си ја почнавте ЧДА стил ..
меѓутоа ова е и те како сериозна тема ..
во последните 40-50 години сме дуплирани од 3+ до 6+ милјарди ... за околу 100 години ќе бидеме околу 24 милјарди .. за 200год можеби 100 милјарди ... итн ... = ептен сериозно ...

и да најдеме нова планета .. пример .. не ни брка работа ... и да биде голема колку земјата и да ги има истите услови за живот (шо е сосема тешко да е така) за 50-100г и нејзе ќе ја пренаселиме ..

решение?

решението е WWIII а можеби и многу пострашно од војна .. но да не навлегувам во конспираси :)

--- надополнето ---

Доколку правилно се распоредат ресурсите без проблем можат да живеат и 10 пати повеќе жители на планетава.

60 милјарди ?и да е така .. до кога ќе бидеме 60 милјарди ... од моментот кога ќе бидеме 60 .. во наредните 50-60години ќе станеме 120 милјарди ...
 
Фактите говорат дека сме... колку само прикриени програми за системско уништување на населението ги има, и не за џабе ги има нели (ова го поткрепувам од разните теории на заговори и слични други работи за кои самите на вести гледаме дека се случуваат) ништо не е случајно а активно се работи на поништување на голем дел од населението од планетава - некому едноставно не му одговара да не има толку.
Една од тие програми е гладувањето... :vozbud:

Африка има 1 милијарда жители, Кина 1 милијарда и 300 милиони, Индија над 1 милијарда... значи само овие трите преставуваат половина од населението на Земјата.
Значи ако некој сака да го намали населението треба да почне таму, бидејќи не само што имаат најмногу население туку имаат и висок природен прираст.
 
Да така е,треба да го балансираат природниот прираст.Они,ем нема што да јадат,ем се е*ат на мртво.
 
Мислам дека големите светски глави имаат план за балансирање/регулирање на земјината популација.
Не за џабе нон стоп има катастрофи (природни?) кај густо населените подрачја.

П.С. несакам некој ден кинез или индиец да има во Благоевград, Стара Загора или Атина, Волос... некако застрашувачки е.
 
Има начин како да се реши тој проблем : Редистрибуција на населението во Канада и Австралија каде што густината на населението е 3 жители на километар квадратен.
 
Има начин како да се реши тој проблем : Редистрибуција на населението во Канада и Австралија каде што густината на населението е 3 жители на километар квадратен.

и до кога .. до кога ќе биде тоа решение .. до која бројка ..
 
си ја почнавте ЧДА стил ..
меѓутоа ова е и те како сериозна тема ..
во последните 40-50 години сме дуплирани од 3+ до 6+ милјарди ... за околу 100 години ќе бидеме околу 24 милјарди .. за 200год можеби 100 милјарди ... итн ... = ептен сериозно ...

и да најдеме нова планета .. пример .. не ни брка работа ... и да биде голема колку земјата и да ги има истите услови за живот (шо е сосема тешко да е така) за 50-100г и нејзе ќе ја пренаселиме ..

решение?

решението е WWIII а можеби и многу пострашно од војна .. но да не навлегувам во конспираси :)

--- надополнето ---

60 милјарди ?и да е така .. до кога ќе бидеме 60 милјарди ... од моментот кога ќе бидеме 60 .. во наредните 50-60години ќе станеме 120 милјарди ...
Од една страна, како што Апокалипто посочи, немаме некоја претстава колкав би бил во моментов оптималниот број жители според условите. Ниту сме рамномерно распоредени на земјата, многу неискористен простор и (можеби и потенцијал за ресурси).
Од друга страна, напоредно со зголемување на бројот на жители напредува и технологијата, а со тоа и искористеноста "по квадрат".
Од трета, природата е најбитен фактор кој ќе се погрижи да не се случи да бидеме 60-тина милијарди -болести, исхрана, услови, ресурси.

Сепак, според ресурсите мислам дека сеуште има доста капацитет, но битна е и нивната распореденост. Останатото (плафонот на населеност) ќе си го направи самата природа (од вируси преку недостаток на горива, до вода) -прилагодување, селекција
 
и до кога .. до кога ќе биде тоа решение .. до која бројка ..
Еве како може да биде тоа решено: Кина е за 344.000 квадратни километри помала од Канада, а има 1.338.612.968, жители, а Канада има само 33 милиони жители. Значи може една милијарда да се префрлат во Канада и уште една милијарда во Австралија која има некаде 22 милиони жители и планетата ќе биде избалансирана.
 
Ха едните ќе ги ставиш во пустина,а другите во замрзнати планини.Неможе човекот да живее секаде.
 
Лурц ^^ како технологијата ја употребуваш за максимално искористеност по квадрат .. така треба да ја употребиш и за наоѓање на решение за многу болести, алетрнативно гориво, вода итн...
проблемот сепак останува .. од кога знаеме за нас до денес стагнирање на прирастот има само за време на војни ... и толку ...

Индија земи ја за пример .. сиромашна по руралните средини ... но
21.76 births/1,000 population
6.4 deaths/1,000 population
невработеност 7.8%

само вештачки би можеле да се намалиме .. никако поинаку ..

--- надополнето ---

Еве како може да биде тоа решено: Кина е за 344.000 квадратни километри помала од Канада, а има 1.338.612.968, жители, а Канада има само 33 милиони жители. Значи може една милијарда да се префрлат во Канада и уште една милијарда во Австралија која има некаде 22 милиони жители и планетата ќе биде избалансирана.

каква милјарда .. гола вода е тоа ..
статистички за 200год ќе бидеме можеби 100милјарди ... а сега сме 6 ...
ти ми зборуваш за решение за наредните 10?20?50год? ами шо праиме за 200г-300г итн .. без разлика шо ние нема да бидеме живи .. а шо се 200-300г ... ништо .. 3-4 генерации ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom