Воопшто не го оспорувам влијанието на Диаз, поентата ми беше да видиме како стои флопот Мегваер покрај најдобриот играч на сезонава (според некои). Инаку лани Јунајтед имаше далеку подобри бројки во одбрана од оваа сезона, за сезонава ти барем знаеш дека прекините беа главен проблем во екипата.
Нека донесат квалитетен штопер и пивот, мислам дека доста постабилни ќе бидат во дефанзивниот сегмент.
Извини, ама сам со себе се докажуваш.
Немам видено некој да смета дека Мегваер е флоп во Јунајтед.
Можеби луѓе да сметаат дека е преплатен или дека знае да греши, ама немам видено некаков муабет дека Јунајтед не требало да го купат или дека се заебал, или дека не им е главен дефанзивец или што ти знам.
Тоа е едно.
Другото е... Диас според некои (новинари, играчи, експери и останти) се смета за најдобар играч сезонава токму поради тоа видук што ти објаснува.
Беше missing piece на најдобрата екипа сезоната.
Нешто на пример како..што знам, Бруно Фернандеш што беше кај вас.
Да освоевте титула на пример минатата сезона ќе беше најдобар играч на сезоната.
Пошто е парчето што фали и секоја утакмица игра добро.... и апсолутно не е битно дали постоел стабилен играч во второпласираната екипа што е исто така добар, пошто нели, вообичаено се бара играчот кај шампионот.
Така да тоа ми е муабетот дека сам со себе се докажуваш, пошто не постои никаква дебата за тоа дали Диас е подобар од Мегваер, дали Диас не требало да освои награда за најдобар играч или што знам, ти ја воведуваш дебатата и потоа пробуваш да си го одбраниш аргументот што никој не го внесе во темава освен ти.
Не ми е ова во негативен контекст пишано, нити со цел за расправање само пробувам да ви објаснам каде не се разбирате.
А лично, мене ако ме прашува некој, Диас е подобар од Мегваер, Мегваер е сосема добар дефанзивец што е битен дел од Јунајтед и воошто не е флоп.
А да, и сметам дека Бруно или Кејн треба да бидат прогласени за најдобар играч сезонава, ама јбг вообичаено шампионите добиваат предност, па така, Диас како најбитна алка кај Сити ја добива таа награда. Исто така заслужено, иако мене малце ми е шубе фаворизирањето на екипи со подобри резултати (не само во фудбалов, и во други спортови и награди е тоа така)