RickyLFC9
Модератор
- Член од
- 28 март 2012
- Мислења
- 19.565
- Поени од реакции
- 41.148
Вистина е дека Алисон имаше грешки сезонава, повеќе од обично, нормално коа голманот нема пред него добра линија. Единствената капитална грешка беше тоа со Сити што не кошташе многу. Друго така да не коштало искрено не се сеќавам, може грешам.Види, ако се вратиме во Јануари 2018 и трансферот на Ван Дајк во Ливерпул со најосновна споредба на резултатите на Пул пред и после него, и на мало дете ќе му биде јасно каков импакт имаше врз клубот.
Практично бевте клуб за заебанција пред тоа, дури и ние ве тролавме (освен таа едната сезона со Роџерс и Суарез), а само 5 месеци подоцна, Ливерпул играше финале во ЛШ. Наредна сезона освоија ЛШ и собраа 97-8 поени во ПЛ, а ланската сезона земаа ПЛ за прв пат после 30 години. Значи нема збор, нема потреба да ми објаснуваш ни дека се повредил Матип или дека се повредил после тоа не знам кој ви е трет или четврт штопер.. Доволно е губењето на Ван Дајк рано во сезоната за Ливерпул да доживее огромен удар за шансите за титула.
Меѓутоа, ај да почнеме од голманот... Колку голови поклони Алисон на противниците оваа сезона? Еве и денеска имаше голем кикс, кој Кавани не знаеше да го искористи. Колку криминални изданија имаше ТАА во дефанзива? Па реално падна и малце офанзивно, последниве месец дена почна да се враќа на асистенциите, меѓутоа самиот факт што изгуби место во репрезентацијата на еден период доволно зборува за неговата форма сезонава.. Дали Вајналдум имаше некој надпросечен меч, како претходните 2-3 сезони? Дали Мане и Фирмино не пропаднаа целосно, со повремени блесоци? За Салах можеш да вадиш статистика, но факт е дека е бар ниво подолу од претходните 2-3 сезони. Промашуваше шанси во клучни моменти, нешто што во сезоните 2018/19 и 2019/20 мнооогу ретко му се случуваше.
Значи океј е, Ливерпул го изгуби Ван Дајк и со тоа можеби ги изгуби шансите за одбрана на титулата. Ама екстра квалитетен тим, кој е составен од неколку world-class играчи, ќе преживее и без еден таков и ако ништо друго бар ќе има пристојна сезона. Дали Ливерпул имаше пристојна сезона? Ако ги победат сите утакмици до крај ќе завршат со 30 поени помалце од лани, имаат до сега 9 порази (во претходните 3 сезони вкупно имале толку), на Енфилд изгубија 6 по ред и постигнаа само еден гол (и тоа од пенал) до средина на Април, ќотекот од Астон Вила... итн, итн.. да не набројувам.. Кажи ми друга екипа што пропаднала вака со повредата на главниот дефанзивец, или еве нека е на главниот играч.![]()
Вистина е дека Трент имаше ужасен дефанзивен период сезонава, ама ми се чини дека сите го заборавија оној муабетот „колку што е ТАА добар у напад, толку е АВБ у одбрана, и обратно“ што важеше уште од лани. Што е хипербола малце по мене али ајде, сепак доволно кажува за тоа дека Трент не е сјаен назад како играч, генерално. Сезонава беше уште по изложен на криминални партии у одбраната. Зашто? Пошто имаше потреба од поголема инволвираност назад, наместо безгрижно да цепа ко страничен бек плејмејкер ко досега. Зашто? Сакаш да погодиш од три пати?

Вајналдум е со паметот у друг тим, и затоа нема изговор. Едвај чекам да си иде искрено. Ама Тиаго требаше постепено да го замени. Ќе гаѓаш зашто не се деси тоа?

За Фирмино, може да се дискутира тука бајаги мислам, иако ќе се придржам на тоа дека сепак и он е жртва на проблемите. Можеше да напраи повеќе и да ја адаптира играта, ама некако ја изгуби улогата што ја имаше претходно. Мислам дека е по малку од двете, и очекувам да се замени летово.
Салах е на ниво подоле заради промената во динамиката. Значи глеј, колку голови лани пример имавме коа Трент и Робертсон пуштаа дијагонали, Фирмино влече човек, Салах испаѓа сам на гол и си ги буши лабаво? Колку такви контри искачале? Што се дешава коа Трент и Робертсон немаат толку слобода тоа да го прават? Нормално дека ќе му се намали учинокот. Али и покрај тоа, човекот ја адаптираше играта целосно и се снајде и извади топ сезона..
Да, Ливерпул има екстра квалитетен тим што може да преживее без неколку добри играчи. Ама може да преживее ако тие играчи се да речеме, еден од тројцата напред, еден од тројцата у везњаци, и еден од штоперите пример. Па со малце крпење да се одржи динамиката и играта со која што се газеше толку време.
Ама, дај не ме дупи бе. Тројца стопери значи. Ван Дајк, најдобриот на свет. Гомез и Матип со ротациони партнери негови. И толку. Тројцата аут еден по друг, на почетокот на сезоната. И остануваш со Филипс кој иако сега игра добро, типот беше пријавен чисто дур му се најде купец онака, у некоја втора германска лига ко што беше у Штугарт на позајмица. А другиот е Рис Вилијамс, што беше планиран за на позајмица у Хадерсфилд. И?? Не знам искрено, само што го напишав ова сфаќам дека не знам зашто уопште го дискутирам, мислам дека само оваа констатација за состојбата со штоперите е јасна за тоа што се дешава, али или на темава или се води превише сеир, или инат, или се глупи луѓево па никој не капира, најискрено не знам кое од овие е.
tl;dr, ги губиш сите стопери, тимот е приморан да игра играчи на неприродни позиции, со поинаков стил на кој никој не е навикнат, екипата испаѓа од борба за титула и едвај се држи у борба за топ 4. Ако ова не е логично, нормално, очекувано и јасно дека бизарните повреди на штоперите го искасапија тимот, неам зборови.