Premier League - Season 2020/2021

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Секако мора сега да почнат со тренинзи. На почеток на септември е интернационалната пауза. Си зависи од клубовите, ама мислам дека сите имаат бар две недели одмор (тие што немаа ништо после ПЛ ваљда три). Тие што завршија со ПЛ имаа одмор од 27ми јули, па се до неделава. Арсенал се на одмор од втори август до неделава. Челзи се од 9ти август и се враќаат утре на тренинг, значи 11 денови само. И понатаму истото со Волвс, Јунајтед, Сити. Сите други ќе си се вратат сега за да почнат со припреми, па ќе одат играчите на интернационална должност, и после почнуваат со ПЛ. Тоа што Ливерпул и Арсенал играат колку толку посериозен натпревар претходно баш може да им дојде и како предност во припремите.
Не се враќаат сите играчи на тренинг во исто време, секогаш било така, јужноамериканциве се враќаат подоцна секогаш, ама терминов 29-ти налага сите да се веќе во тренажен процес до тогаш, секако им се крати одмор.
Небитно, се надоврзав само како примерд и според мене Сити и Јунајтед не требало да добијат 7 дена повеќе од сите други, јбг корона тајм околности

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Не се враќаат кога имале интернационални турнири :D
Ако сите отишле во исто време на одмор, нормално дека сите во ист ден и ќе се вратат.
Во секој случај до крај на месецов мора сите (освен Сити и Јунајтед затоа што е невозможно) да се спремни за натпревари затоа што после одат по репрезентации и кога ќе се вратат одма почнува ПЛ.
 
Абе датумот е 22-ри Август ама некој ќе дојде порано некој на 22-ри, како и да е Арсенал има најкраток одмор од сите зарафи Комјунити, што не е никакво оправдување за евентуални сколободии во иднина

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Никој, никаде, во ниедна математика не прави хајп ни за Габриел, ниту дека Арсенал сезонава ќе направи било што, иако во најмизерната сезона ја завршивме со повеќе трофеи од многу други поизвикани екипишта и тренеришта. :P

Млад, перспективен играч, немам против да биде купен, не викаме дека он и Салиба наеднаш ќе станал Кембел и Туре, само убаво е да се проба со нешто ново и да се исфрлат дел од тие докажаните неспособни како Сократис, Холдинг, Чемберс и други.
 
Абе датумот е 22-ри Август ама некој ќе дојде порано некој на 22-ри, како и да е Арсенал има најкраток одмор од сите зарафи Комјунити, што не е никакво оправдување за евентуални сколободии во иднина

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Сити и Јунајтед ќе имаат најкраток одмор. А и Челзи и Волвс сигурно имаа пократок одмор од Арсенал.
 
Не се враќаат сите играчи на тренинг во исто време, секогаш било така, јужноамериканциве се враќаат подоцна секогаш, ама терминов 29-ти налага сите да се веќе во тренажен процес до тогаш, секако им се крати одмор.
Небитно, се надоврзав само како примерд и според мене Сити и Јунајтед не требало да добијат 7 дена повеќе од сите други, јбг корона тајм околности

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk

И Сити и Јунајтед ќе кратат одмори. Оле колку што го разбрав планира максимум 2 недели да им даде одмор.
Не знам зошто размислуваш дека не треба да добијат 7 дена кога мнозинство тимови во ПЛ веќе се започнати со припреми, а Јунајтед и Сити тек сега завршија со обврски од претходна сезона. И тој меч ќе го одиграат во рамки помеѓу 2 кола кога другите тимови ќе одмараат на пр.
Друга работа е што Јунајтед и Сити не добиваат продолжен одмор и 7 дена повеќе од другите ПЛ тимови. Додека другите тимови имаа 3 недели одмор, овие играа во Европа. Значи за 3 недели кога другите клубови биле на одмор и без обврски, Јунајтед и Сити добиваат само 7 дена а пред тоа интернационална пауза.
 
Kaко што немаме саглам клупа, уште само краток одмор ни фалеше.
 
Имам другар фан на Ливерпул, му викам уште од февруари дека оваа сезона ако не освежат машки може Дортмунд да им се деси (последната сезона таму на клоп), ми се смееше тогаш луд ме правеше ама сега некако избегнува да коментира за тоа :D . Има доста заситеност кај поединци, а и останатите екипи некако после натпреварот со Атлетико почнаа да им наоѓаат чаре.

А ако остане Ливерпул шампион и оваа сезона, тогаш сметам дека Јунајтед ќе биде екипата што ќе ги симне од тронот. Челзи ќе заврши во топ 4 според мене, а Арсенал и Тотенхем нема да фатат Лига на Шампиони (Арсенал над Тот).
 
Сити и Јунајтед ќе имаат најкраток одмор. А и Челзи и Волвс сигурно имаа пократок одмор од Арсенал.
Ако сметаме од 17-ти до денот кога ќе одиграат прва утакмица во првенство ваљда на 19-ти тогаш имаат 32 дена пауза, Арсенал имаат 27

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
И Сити и Јунајтед ќе кратат одмори. Оле колку што го разбрав планира максимум 2 недели да им даде одмор.
Не знам зошто размислуваш дека не треба да добијат 7 дена кога мнозинство тимови во ПЛ веќе се започнати со припреми, а Јунајтед и Сити тек сега завршија со обврски од претходна сезона. И тој меч ќе го одиграат во рамки помеѓу 2 кола кога другите тимови ќе одмараат на пр.
Друга работа е што Јунајтед и Сити не добиваат продолжен одмор и 7 дена повеќе од другите ПЛ тимови. Додека другите тимови имаа 3 недели одмор, овие играа во Европа. Значи за 3 недели кога другите клубови биле на одмор и без обврски, Јунајтед и Сити добиваат само 7 дена а пред тоа интернационална пауза.
Го сметам времњто од последната одиграна утакмица до првата од нова сезона, во вашиот случај второ коло во ПЛ(засега) тоа се 32 дена, Арсенал има 27.
Не викам дека тоа ќе влијае на крајниот пласман ама е исклучок од досегашна пракса, прво коло да се игра во ост викенд

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Има доста заситеност кај поединци
4 трофеи од кои за два биле потребни 3 изиграни утакмици значи презаситеност.

Добро, ќе престанете да се срамите со вакви констатации?
 
Ливерпул пак освојува, Сити втори.
Затварај темата
 
неам големи очекувања од Јунајтед сезонава, пред се ради Оле, дополнително на ова што тимот не е составен а веројатно нема ни да биде
се надевам барем на пласман во топ4
кељавицата ако ја среди одбраната која што му потфрли сезонава очекувам да освои и да се мане од ПЛ

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom