1 Лига Европа со Манчестер мислам дека.
На крај на сезона ако Мурињо со Тотнем биде пред Јунајтед, или по некое чудо освои билокаков трофеј со факинг тотнем тогаш шо ќе биде муабетот?
И далу истово милење го имаш и за Дон Карло? Пошо еве он у Евертон си е и не дека не го крена клубот со неговото доаѓање.
И само уше едно прашање,
Со што знаслужил тренер како ОГС да го води Јунајтед, што има он покажано? Најголемо достигнување му е топ4 во Пл. Пред тоа имаше релегација со Кардиф.
Дали по твојата логика Јунајтед е екипа што не цели кон титула во Англија или?
Никаков успех не е да завршиш пред Јунајтед, кој сите знаеме дека премногу зависи од еден играч во моментов.
И не е поентата да освои било каков трофеј, се знае кои се најбитни трофеи за екипи од највисок ранг - ПЛ и ЛШ. Не ме заебавај ми спомнуваш земал Лига Европа со Јунајтед, каде што играше против екипи како Ростов, Феенорд, Краснодар, Селта Виго и Ајакс, чиј што тим имаше 21 година во просек.
За Анчелоти немаж некое дефинирано мислење искрено. За Солскјер сум прв во фан клуб дека тактички не е спремен и достоен да го води Јунајтед. Единствено ми се допаѓа што купува профил на играчи што но требаат и имаат позитивно влијание на тимот. Фудбалски не прикажал некоја брилијантност, а ин-гејм менаџментот му е катастрофален.
@Rick.Utd. ти одговори Видук на прашањето што ми го постави.