Имаше елементи за втор жолт картон. Тејлор постапи правилно, бидејќи многу често пред судиите да досудат нешто, ја земаат во предвид интенцијата на играчот. За разлика од некои другите ситуации во кои Коста стартувал многу гомнарски и преагресивно, овојпат навистина немаше намера да го повреди Адриан. Двајцата отидоа на топка, нашиов инстинктивно реагираше. Поради тоа мислам дека Коста не беше исклучен.
Мене многу интересно ми е, како тоа заборавате на другите спорни ситуации на мечот. Двете ситуации во кои имаше елементи за пенал. Рид и Оскар и играњето со рака од двајцата играчи во живиот ѕид, после слободниот на Вилиан.
Да не дојде до забуна, Тејлор постапи правилно и во двата случаи. И можам да кажам слободно дека натпреварот го судеше одлично.