Како што пишав у темата ЛШ дека малце се збори за Интер и Ливерпул, а многу повеќе за Реал, Сити и ПСЖ, така и овде многу малце се збори за Челзи, а многу галама се крева околу Сити, Арсенал, Јунајтед, додека овие тивко си газат и играат одличен фудбал. Мора да му се даде почит на Мареска за овие 4 месеци во Челзи, начека општ хаос во екипата, а дечките играат предобар фудбал и заслужено се таму каде што се на табелата. Палмер игра МВП сезона, штета за него што во истиот момент тоа го прави и Салах така да ако останат вака работите Салах ќе биде најдобар играч али небитно е тоа скроз. Везњаците исто одлични сезонава, Енцо, Лавија, Каиседо, си жнеат момците. И Џексон проработе сезонава откако лани беше главно меме низ интернетот.
Добро тераат и во ЛК и тоа таму играат со втор тим, али останува да видиме како ќе одговорат сега кога ќе згусне распоредот пред и после Божиќ.