Баш значајни се, да се види колку е капацитетот на резервистите, а и на тренерот за да може да се прави план што понатаму.
Клоп со вакви играчи победи финале против Челзи, тука веќе се покажуваат првите слабости.
Можеби првите 11 со 3-4 замени делуваат како најмоќна машина на свет, ама сето тоа лесно може и да се раштима.
Келехер ќе си оди.
Еден од Цимикас/Робертсон ќе си оди (јас двата би ги продал ама знаеме кој ни се газди.
Мортон ќе биде продаден.
Ендо веројатно исто така, иако немам ништо против него.
Бајчетич или ќе го позајмат или продадат. Не знам кај би играл.
Елиот е зрел за продажба
Жота е вечито повреден, башка 29 години, а мислам дека и договорот му е при крај. Ќе го дадат ако има понуда.
Диаз е печен за продавање. Последна шанса да се кешира, нов договор нема да добие.
Доук ќе го дадат сигурно на лето.
Кумас исто.
Тие ѓупците назад Мабаја и Нало можеа комотно да ги остават во Плимут, нема потреба ни да се враќаат во Ливерпул.
Овен Бек не гледам како би добил шанса, така да продажба и на него.
Гомез или Кванса, еден веројатно ќе бега. Првиот стаклен, вториот нема во главата. Мада позајмица можеби би го управила. Јас би ги задржал.
Дарвин ако стигне понуда ќе го дадат. Иако немам ништо против и да остани.
Киеза, истото како за Дарвин.
Како стојат работите, можно е да има ресет на лето и да си одат куп играчи, и да дојдат неколку нови.
Триото мора да продолжат договори инаку ништо не правиме.
Потребен е лев бек, стопер, еден физички спремен играч во средината и веројатно 2-3 или евентуално 4 во напад (крила или напаѓачи во зависност од тоа кој ќе бега).
Секако и десен бек ако Трент напушти.
Ги чека премногу работа на лето, нека ги засукаат ракавите Хјуз и Едвардс.
Иако со оние газди сум скептик дека можат вакво нешто да истераат.