Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    232
Не се жалам често од судиски одлуки, дека ако почнам ќе треба секое мислење за тоа да ми е ко што се дно судииве во Англија ама ова благе везе нема.

Нкетија е последен играч пред голманот, му дигаш нога во висина на глава (се надевам не го закачи), му правиш фаул, и добива Линделоф само жолт.

Потоа во 42ра минута не суди фаул за Јунајтед, пушта предност, Јунајтед губи топка кога во контра им се залетани многу играчи и автоматски станува опасна ситуација за Арсенал и оп тогаш се суди фаул

Сака го фаулираат во падот го собира Бруно, овој му дава жолт на Сака, коментаторот со цел памет вика ова има и намера од Сака.

И овој Хавертц е поголем флоп од Пепе, буквално од секој можеш да очекуваш да е опасност само овој мим е офанзивно, утнува топки дава некој спори млитави пасови. Златен ЕСР кариера му се сјеба со повреди и неиграње, а беше боље од Сака едно време.

Kaко последен, покрај аут линија, со уште еден играч на Јунајтед до него? За болдот, искрено, не знам што не ти е јасно, буквално тоа е дефиниција за пуштање предност.

 
И кога сака играше лев бек ЕСР не беше подобар играч од Сака, не зезај меѓу најдобрите англиски таленти го рачунам у послединте години.
Пред 2 години пред повредата ЕСР секој натпревар независно од минутажата имаше гол/асистенција, 10 гола од 10 меча направи со влегување 5 минути при крај на пола од нив. Елеганција од играч е, страшно прецизен исто, штета што е ветрушка и не баш најдобро спремен кондициски.
 
И мене ми е ова чудно, освен за голот што беше мајсторија на Ериксен и Рашфорд, ништо не изиграа.
Ако продолжи вака заедно со Покетино може да се натпреваруваат кој е поголемо пиче во пристап. А имав тотално различни мислења и за двајцата.
За кратко време што е тука ги собра наголемите бламови, најголемите порази, најмногу порази со 2-3-4-5-100 гола разлика, најлош гостински рекорд итн...оттука пичкарењето, го манаа по муцки уште тазе. А беше храбар.
 
Kaко последен, покрај аут линија, со уште еден играч до него?
Вториот играч на Јунајтед што пратеше беше 3 метра позади, во моментот на стартот Нкетија беше играч најблиску до Онана. Што има врска дали е покрај аут линија стартот или не, каде пишува правило дека во центар ако е таков старт е црвен, а ако е странично е само жолт?
 
Вториот играч на Јунајтед што пратеше беше 3 метра позади, во моментот на стартот Нкетија беше играч најблиску до Онана. Што има врска дали е покрај аут линија стартот или не, каде пишува правило дека во центар ако е таков старт е црвен, а ако е странично е само жолт?

Да де. 25 метра позади. Имаш видео погоре, дај не се брукај. Има разлика дали е централно, затоа што Нкетиа ке мора да сече за да стигне до голот, кој пази, е централно поставен. Правилото вика clear goalscoring opportunity за да биде црвен. Ова не е тоа.
 
Арсенал како да ми има регресирано во игра во споредба од лани, не знам зошто ама лани кога ги гледав мноу побрзи и пофлуидни беа, сеа некако тромаво играат. Хаверц нема да го коментирам, сите си пишавме овде реално кога се деси трансферот дека ова е тешка глупост на Арсенал, не знам како успева момакот да добива шанси а ништо да не изигра.

Класичен дајв.
:facepalm:
 
Последно уредено:
Да де. 25 метра позади. Имаш видео погоре, дај не се брукај. Има разлика дали е централно, затоа што Нкетиа ке мора да сече за да стигне до голот, кој пази, е централно поставен. Правилото вика clear goalscoring opportunity за да биде црвен. Ова не е тоа.
Абе како ќе ги погледнам луѓето утре во очи на улица од што се брукам. На твоето видео се гледа дека Нкетија е најблиску до голманот на Јунајтед, дека другите два играчи се позади него, дека му се стартува со копачка во глава од страна на последниот играч на Јунајтед, ако тоа не е црвен не знам што е. Па црвени добивале играчи само затоа што се лизнувале на мокар терен и паѓале врз друг играч, овде имаш и намера и висока подигната нога и последен играч, се што е потребно за црвен без око да ти трепне...Еднаш признај дека судењето не е квалитетно, а не да ми релативизираш тука со досетки од типот 25 метра бил вториот играч позади, а не 3 метра. Моменти ко недосуден жолт врз Ентони што ја шутна топката во трибина после судиски прекин, не ти ни спомнувам такви, посекако и за нив ќе најдеш нешто да ги оправдаш генијалните судиски одлуки, да не те мачам.
 
Манчестер Сити без најдобриот играч е фаворит за првак. Толку.

Sent from my ...
 
Манчестер Сити без најдобриот играч е фаворит за првак. Толку.

Sent from my ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom