Според мене главниот проблем на Тен Хаг е што во моментов во посед сака да игра нешто вакво:
Едноставно ни Шо, ни Бисака немаат квалитет да играат холдинг улога, и да им дадат простор и на Бруно и на Маунт да напаѓаат полупростори од двете страни. А генерално, во светот на фудбалот нема многу такви бекови. Не бива од секој ТАА, Стоунс, Лам, Алаба, Кимих.
И мислам дека што побрзо се помири дека офанзивната игра треба да изгледа поразлично, тоа побрзо Јунајтед ќе ја стабилизира играта во офанзива.
Е сега, тука проблемот е што Бруно ќе се помири дека ќе мора да падне подлабоко од Маунт, и да има полоша статистика. Шо ќе биде многу покорисен, зошто ќе може да се уфрла зад грб на Рашфорд, наместо да пробува да биде плејмејкер.
Транзициите нема да бидат проблем, ни од дефанзива во офанзива, ниту од офанзива во дефанзива, зошто буквално сите играчи се убиваат од трчање. Ама играта во посед, ќе мора да ја решат.