Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    230

enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
406
Поени од реакции
1.370
Инаку, ако Јунајтед заврши зад ваква смешка екипа ко Челзи сезонава, нека се распуштат.
Ама буквално, комплет тренерска екипа, луѓе задолжени за трансфери, 90% од бордот и играчите.
Не би рекол дека сме „смешка“. Смешен ни е пласманот и тоа што кликнавме на крај од сезона и за таа смешка треба да се одговарат многу прашања и да има многу состаноци летово за да не се повтори.
Реално гледано, имаме многу подобра екипа од нив долгорочно, костурот го имаме, еден куп нови, млади играчи, ќе видиме на крај што ќе излезе ама со „проектот“ кој они допрва треба да го почнат, ние веќе следна сме во 3 сезона. За нас, беше очекувано да имаме сезона со успони и падови, ние имавме сезона со многу повеќе падови него успони ама добро финишираме и ако успееме да градиме следна сезона на овој моментум, во многу, многу подобра ситуација сме.
Они се комплетно фијаско, реално гледано, освен Хојлунд и Гарначо, ниту еден друг играч неможат да градат екипа, до толку имаат промашаи кроз годиниве.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Инаку, цело време пишувам за ЕТХ дека е најуспешен тренер во пост-Ферги ерата и дека иако е ваљда ок да биде отпуштен, малце глупо би било да отпуштиш неколку тренери велејќи дека не ги бива... и после тоа да го отпуштиш најуспешниот од нив.

Е па, веќе не мора да го кажувам тоа.

Тен Хаг повеќе не е најуспешен менаџер на Јунајтед во пост-САФ ерата (од аспект на победи, не од аспект на титули, секако Мурињо со 3 е најуспешен се уште)

Сепак, АКО ги добие останатите 4 средби на Јунајтед до крај на сезоната, ќе биде пак #1.
Ако ги изгуби сите останати 4 натпревари, пак ќе остане втор најуспешен тренер во пост-САФ ерата.

Најдобар менаџер во пост-САФ ерата?
Мурињо.
И од статистички и од аспект на освоени трофеи

:cuc: :cuc: :cuc:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.653
Поени од реакции
62.973
Да ама како прво екипата која се спомнува тука не спаѓа во поголема веќе 5 години, а како пто тргнале, тешко и дека и во наредните 5 ќе се оправат. Треба целосна реконструкција, нова стартна 11-ка без исклучок, освен можеби Хојлунд.

Тренер може да е било кој се додека е ваква екипата. Анчелоти да дојде ќе му паднат веѓите коа ќе види со какви дегени си има работа.

Треба да се игра и ЛК според мене, колку и да звучи потценувачки. Муабетот е дека треба да се испробуваат тактики, формации, да се дсва шанса на играчи, нешто што не смеат да си го дозволат во ПЛ со експериментирање. Плус догодина ако не игра европско натпреварување, единствен трофеј за кој што ќе се бори е ФА Куп. Така да пиши пропало на уште една сезона. Градот Манчестер сам по себе не е атрактивен, клубот е во непрепознатлива форма веќе 10 години, токсична средина, непрофесионални фудбалери во однесување, не се знае кој пие кој плаќа, не гледам како би привлекле некој играч што би сакал да игра за клубот (приказната со историја не проаѓа веќе така лесно), а да не биде преплатен и да го јаде медиумски притисок дека за 120 милиони треба секоја утакмица да дава гол и чат-пат некоја асистенција.
А бе они не можат да останат здрави со по еден меч неделно, им фалело да играат во Конференциска лига и да имаат летови низ цела Европа.

Нека е така. Проблемот е што имавте шанса и за ЛЕ, ама ваљда и тоа е испод част па затоа губите со 100-0, не знам што да кажам. Ви напиша Урко страна поназад дека годинава биете во најголемото дно, бутнавте 100 негативни рекорди така да не знам што да ти кажам.
Она што цел ден сакам да ти го укажам е дека со формата во која е екипава, и да сакаат, нема да можат да дојдат до тоа 6-то место. Тренеров вечерва јавно излезе и кажа дека играчиве се предале утакмицава.

Тоа 6-то или 8-ме место, пак ке ти кажам, мене не ми прави никаква разлика, затоа што е пропадната сезона ако завршиш надвор од топ 4.

Реално гледано, трансферот на Касемиро многу ќе ги чини.
Тогаш ни изгледаше топ трансфер, како шлаг на торта, ај денес играше на ЦБ ама пак, сезонава не изгледа на професионален фудбалер и пак е далеку од најлош играч на Јунајтед.
Да не ти кажувам кој тука се смееше кога пишав дека за Јунајтед е подобро да го купи Рајс отколку Касемиро.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
586
Поени од реакции
1.381
@Кристал Палас теле, кога веќе си тука дај нешто од Прти бе ге и компанија да се опуштиме малце.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
Не би рекол дека сме „смешка“. Смешен ни е пласманот и тоа што кликнавме на крај од сезона и за таа смешка треба да се одговарат многу прашања и да има многу состаноци летово за да не се повтори.
Реално гледано, имаме многу подобра екипа од нив долгорочно, костурот го имаме, еден куп нови, млади играчи, ќе видиме на крај што ќе излезе ама со „проектот“ кој они допрва треба да го почнат, ние веќе следна сме во 3 сезона. За нас, беше очекувано да имаме сезона со успони и падови, ние имавме сезона со многу повеќе падови него успони ама добро финишираме и ако успееме да градиме следна сезона на овој моментум, во многу, многу подобра ситуација сме.
Они се комплетно фијаско, реално гледано, освен Хојлунд и Гарначо, ниту еден друг играч неможат да градат екипа, до толку имаат промашаи кроз годиниве.
Сезонава 100% се смешка од секој аспект. Батали за костури и дали имаме повреди или не. Гегерално лошо играа и геенрално беше се хаос. Се што можеше да биде тапа беше тапа.
Челзи имаше подолги периоди кај што не можеа да сврзат победи од Јунајтед (барем така ми се чини можно е да сум грешка)
Конкретно за сезонава, Челзи во ниту еден момент не делуваше екипа како што е блиску до Европа. Имаше период каде што пораз/реми од екипа што се бори за опстанок не ни носеше интернет тролови и заебанции туку беше "to e, jbg". Едно време во Серија А секогаш кога Лацио/Рома ќе изгубеа беше причина за тролање, сега веќе деценија+ порази се "ок, горе доле очекувано"
Така е и за Челзи годинава, победите носеа повеќе заебанции за екипата што ќе изгуби наместо нерешените на Челзи со Шефилд и слично
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.566
Поени од реакции
2.162
Не викам дека за со Челзи Тухел е крив, не е и тоа на секој му е јасно. Ама пак ја има спукано со секоја управа каде што бил. Тоа му е маана. Секој клуб има хиерархија и тренерот никогаш не е на прво место.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.210
Поени од реакции
10.212
Сезонава 100% се смешка од секој аспект. Батали за костури и дали имаме повреди или не. Гегерално лошо играа и геенрално беше се хаос. Се што можеше да биде тапа беше тапа.
Челзи имаше подолги периоди кај што не можеа да сврзат победи од Јунајтед (барем така ми се чини можно е да сум грешка)
Конкретно за сезонава, Челзи во ниту еден момент не делуваше екипа како што е блиску до Европа. Имаше период каде што пораз/реми од екипа што се бори за опстанок не ни носеше интернет тролови и заебанции туку беше "to e, jbg". Едно време во Серија А секогаш кога Лацио/Рома ќе изгубеа беше причина за тролање, сега веќе деценија+ порази се "ок, горе доле очекувано"
Така е и за Челзи годинава, победите носеа повеќе заебанции за екипата што ќе изгуби наместо нерешените на Челзи со Шефилд и слично
Челзи ако не раскрсти со ѓупците што ги има во екипа, не тера далеку.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
586
Поени од реакции
1.381
Инаку, овој Гласнер за релативно краток период ги трансформира Палас. Баш да видиме како ќе котираат следна сезона. Ако ги задржат Олисе и Езе со уште некој играч би биле доста зафркнати. Овој Матета исто се има разулавено последните утакмици.
 

enzo8

ファックユー
Член од
1 октомври 2023
Мислења
406
Поени од реакции
1.370
Да не ти кажувам кој тука се смееше кога пишав дека за Јунајтед е подобро да го купи Рајс отколку Касемиро.
За Рајс не знам како било ама знам дека кога Челзи го пазари Каиседо имаше доста хехенца, посебно од фанови на Јунајтед ама од сегашна перспектива, подобро и за Каиседо да сте дале 100м отколку за овој што едвај трча.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.861
Поени од реакции
7.437
За Рајс не знам како било ама знам дека кога Челзи го пазари Каиседо имаше доста хехенца, посебно од фанови на Јунајтед ама од сегашна перспектива, подобро и за Каиседо да сте дале 100м отколку за овој што едвај трча.
Каиседо ќе беше слабхед 2.0 во Јунајтед.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
А чекај, што кога би играле ЛК со полу-аматерски екипи од Балканот и источна Европа? Ќе го освојат трофејот, па треба да се курчиме како Мурињо?
:pos: Полуаматерски екипи кажа :pos:
Астон Вила се топ 4 во Англија, многу бољи од Јунајтед.
Ако тие се полуаматерски, ваљда Јунајтед се аматерски?

Да, фала богу, има многу екипи од рангот на ФК Копенхаген и Галатасарај во тоа натпеварување, ама сепак не е лесно да се победат и такви екипи.
За секоја екипа треба да е императив да се освои ЛЕ/КЛ/ што и да играат.

Во последниве шест сезони (со се оваа)

Јунајтед има три пати завршено надвор од топ 5 (!!!)

Ливерпул:
Во последните 6 сезони пред да дојде Клоп само еднаш беше во топ 5 (второ место)

И наместо да кажат "шо бе, ќе се замараме со лига европа тоа уефа куп таму со второразредни екипи??" сфатија дека местото им е со истите тие "второразредни екипи" и дека не се ништо подобри од нив.

Игра финале во ЛЕ уште во првата сезона и го искористија тоа како ситуација за градење на нешто посебно и кревање на стандардот ниво погоре, за 3 сезони подоцна да ја освојат Лигата на Шампионите.

Челзи во 2019 освоија ЛЕ и го искористија тоа за 2 сезони подоцна да освојат ЛШ.

Не можеш да докажеш дека не си полуаматерска екипа ако не си доволно добар за да играш со нив.
И ако не успееш да ги победиш тие 'полуаматерски' екипи, никогаш нема ни да дојдеш до ситуација да бидеш било што освен топовско месо за 'професионалните екипи'
Арсенал помина 5 од последните 6 сезони по ред играјќи во Лига Европа, и што би рекол Цацко se navezbaa se navezbaa i mu otidoa na toj starecot sto im ja skrsi kicmata.
И затоа сега 2 сезони по ред се борат за титула во ПЛ, бидејќи така се гради екипа, од почеток.

Освен ако не си екипа што преку ноќ добива ептен богати сопственици како Манчестер Сити па одма да скокнеш во ЛШ...а не, сепак и Манчестер Сити играа 3/4 сезони во УЕФА Куп откако добија нови сопственици (и ниту еднаш не стигнаа подалеку од 1/4 финалето, што се покажа дека сепак има уште многу леб да јадат за ЛШ, што е и причината зошто дури во 4 години откако последен пат играа УЕФА Куп за прв пат стигнаа до 1/4 финале во ЛШ)


tl;dr - мора да одиш чекор по чекор. Јунајтед во моментов не е екипа за ЛШ и додека не се докаже дека е подобра од екипите што не се на исто ниво како и нив, нема да видат сериозен успех или сезона

(да, фала богу ова важи и за Челзи и за Тотенхем и за Рома и за Лацио и за кој и да е...)
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.463
Поени од реакции
42.761
Да ама како прво екипата која се спомнува тука не спаѓа во поголема веќе 5 години, а како пто тргнале, тешко и дека и во наредните 5 ќе се оправат. Треба целосна реконструкција, нова стартна 11-ка без исклучок, освен можеби Хојлунд.

Тренер може да е било кој се додека е ваква екипата. Анчелоти да дојде ќе му паднат веѓите коа ќе види со какви дегени си има работа.

Треба да се игра и ЛК според мене, колку и да звучи потценувачки. Муабетот е дека треба да се испробуваат тактики, формации, да се дсва шанса на играчи, нешто што не смеат да си го дозволат во ПЛ со експериментирање. Плус догодина ако не игра европско натпреварување, единствен трофеј за кој што ќе се бори е ФА Куп. Така да пиши пропало на уште една сезона. Градот Манчестер сам по себе не е атрактивен, клубот е во непрепознатлива форма веќе 10 години, токсична средина, непрофесионални фудбалери во однесување, не се знае кој пие кој плаќа, не гледам како би привлекле некој играч што би сакал да игра за клубот (приказната со историја не проаѓа веќе така лесно), а да не биде преплатен и да го јаде медиумски притисок дека за 120 милиони треба секоја утакмица да дава гол и чат-пат некоја асистенција.
Реконструкција ќе има секако, всушност таа е веќе и започната, и не само во тимот туку и во целата структура на клубот по доаѓањето на Инеос. Ја заменија скоро цела управа, а се отвараат и нови департмани и позиции, и се носат стручни луѓе и искусни луѓе кои ќе раководат со истите. Треба да има цел тим кој ќе поставува трансфер цели и ќе ги мониторира истите, ќе го планира составот на долг рок во рамки на ФФП, ќе работи на надоградување на Академијата и ќе носи одлуки за тоа кој ќе замине, а кој ќе дојде/остане во клубот. Мислам дека бараат и луѓе кои имаат добри односи со останати клубови и агенти, што очекуваат да биде некој плус во идни трансфер преговори за цената, достапноста на фудбалерите и слично.

Слично очекувам да биде и со тимот, па во наредните 3-4 трансфер периоди да се заменат најголем дел од играчите кои настапуваат во моментов. Со оглед на тоа што Хојлунд, Гарначо и Мејну веќе се практично првотимци, очекувам да градат тим околу нив, па така наредната сезона секако не верувам дека би биле во игра за нешто повеќе од топ 4 и некој од куповите ако се погоди ждрепката. Трансфер целите кои барем досега се споменуваат, исто така се прилично млади и неизградени фудбалери како Олизе, Тодибо, Тах, Фримпонг, па според ова целта најверојатно ќе биде да се изгради тим за некоја година од сега.

Од друга страна, Марсијал 100% заминува, Варан скоро па сигурно, Касемиро се очекува да има нови понуди од Саудиска Арабија, прашањата околу Санчо и Гринвуд сеуште не се официјално решени, Ван Бисака, Мегваер, Мектоминеј претпоставувам сите би ги дале без да им трепне око за некоја пристојна цена, а на Ентони реално тешко да му најдат купувач летово, па според мене ќе биде тука барем уште една сезона. Бруно исто така имаше некое чудно интервју каде изјави дека ако треба да заминува од Англија, ќе размислува на тоа после ЕП, па кој знае што ќе биде и со него.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.000
Поени од реакции
84.537
И ја ова мислам, не е некогаш до играчите, зависат многу фактори тука.
Или на пример дека Тросард да завршеше во Челзи наместо Арсенал дека сега ќе беше на позајмица во Стразбур.
Или Палмер да останеше во Сити сега ќе имаше 300 минути преку сила одиграно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom