Да ама како прво екипата која се спомнува тука не спаѓа во поголема веќе 5 години, а како пто тргнале, тешко и дека и во наредните 5 ќе се оправат. Треба целосна реконструкција, нова стартна 11-ка без исклучок, освен можеби Хојлунд.А чекај, што кога би играле ЛК со полу-аматерски екипи од Балканот и источна Европа? Ќе го освојат трофејот, па треба да се курчиме како Мурињо?
Ајде освојување ЛЕ ти носи пласман во ЛШ, па може да ја користиш како џокер ако имаш проблеми за топ 4. Ама од ЛК освен некој милион за ФФП и некое поенче за УЕФА коефициентите, реално нема некој поголем ќар за било која поголема екипа. Не гледам причина зошто рандом фан би се замарал со тоа натпреварување.
Тренер може да е било кој се додека е ваква екипата. Анчелоти да дојде ќе му паднат веѓите коа ќе види со какви дегени си има работа.
Треба да се игра и ЛК според мене, колку и да звучи потценувачки. Муабетот е дека треба да се испробуваат тактики, формации, да се дсва шанса на играчи, нешто што не смеат да си го дозволат во ПЛ со експериментирање. Плус догодина ако не игра европско натпреварување, единствен трофеј за кој што ќе се бори е ФА Куп. Така да пиши пропало на уште една сезона. Градот Манчестер сам по себе не е атрактивен, клубот е во непрепознатлива форма веќе 10 години, токсична средина, непрофесионални фудбалери во однесување, не се знае кој пие кој плаќа, не гледам како би привлекле некој играч што би сакал да игра за клубот (приказната со историја не проаѓа веќе така лесно), а да не биде преплатен и да го јаде медиумски притисок дека за 120 милиони треба секоја утакмица да дава гол и чат-пат некоја асистенција.