Premier League - 2023/2024

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Член од
14 август 2022
Мислења
1.449
Поени од реакции
1.778
Поинтересна трка за титула одамна немало во ПЛ.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.734
Поени од реакции
43.828
Па освен можеби ти, другите сите имаат различно мислење, зависи од изданието на вашиот тим. Ќе победите 2:1 на шашма, топ се супер, само уште едно крило, еден бек и замена за Онана.

Ќе изгубите 1-2 разлика од бош тим, ги пцуете сите фејл играчи од Харгривс навака.

Чудното е што кога ќе се потпише некој играч, одма добива поддршка дека тој е следниот незнамсикој, и освен Хојлунд што некако двои, другите сите се чист промашај. Санчо, Мегваер, Ентони, Мартинез (ради повредите), и еден куп други што се вртат во тимот.

Мегваер полека ја враќа самодовербата, и мислам дека ако отиде во некој клуб од средина на табела, ќе биде пак ѕверот од Лестер. Во Јунајтед ги јаде притисок и токсична средина. Белингем Родриго и Мбапе да ги земете мислам дека ќе играат како фатени во нозете.
Види ги болдираните реченици од постот и ќе сфатиш дека е нешто поглем проблемот во клубот.

Прво викаш дека ги преценуваме играчите кога ќе дојдат, после дека Мегваер бил ѕвер во Лестер. Епа баш ради тоа сме се надевале дека конечно доаѓа некој што ќе ја среди одбраната. Исто и Санчо, дечкото беше машина во Дортмунд. За нивото на кое играше Погба во Јувентус да не збориме.

За Ентони реално никој не бил хајпнат, а Мартинез е супер трансфер, повредите му беа повеќе несреќни, не е дека го мачат мускулите или слично. Реално тоа може да му се случи на секој, а и тек две сезони е тука, има уште за докажување.

Проблемот со тие 3-4 играчи што некогаш се збореа тука, е што (како што кажуваш и самиот во твојот пост), на крај никогаш не ги добивме. Можеби Мегваер да беше постабилен и да беше лидерот што ни требаше, а Санчо, Марсијал и Погба да беа попрофесионалени во тоа што го работат, тимот на Солскјер ќе имаше поглем успех и бар ќе освоеше нешто. Ама тоа нема нема да го дознаеме, бидејќи едноставно се покажаа како фејл трансфери.

Е сега прашањето е, зошто Јунајтед кога и да фрли многу пари за некого (кој патем игра во врвна форма), играчот автоматски заборава да игра фудбал. Дали е до атмосферата и средината, дали е до дисциплината и менталитетот на самиот играч, дали е физичката спремност, дали не одговара на стилот на тренерот (Ди Марија и Ван Гал на пример)...тоа треба да се анализира и одговори прво, па кога ќе се гради наредниот тим сите овие аспекти да бидат земени во предвид.

Сепак, мислам дека може да се сложиме дека кај ниту еден од овие играч не бил проблем талентот и сите покажале, бар на краток период, дека знаат да играат фудбал. А реално кога "хајпаш" играч секогаш трчнуваш од тоа и не гледам нешто срамно ако некој сметал дека Погба, Санчо или Марсијал ќе му донесат титула на тимот.

А сега со новото раководство и со неколку млади и талентирани играчи во Хојлунд, Гарначо и Мејно е прав момент да се пресече и да се почне од ново. Едноставно стави ги прв тим, види кој од искусните може уште нешто да понуди, види кој може да ти заврши улога како резерва и замени се што можеш од другото. Секако со јасен план како да се заменат и тие поискусните за некоја година.

Шо на пример кога е во форма е одличен лев бек, ама некаде ми излезе дека има изиграно околу 18-19 ПЛ утакмици во просек за Јунајтед, што значи пола сезона е аут. Тоа ти кажува дека мора да најдеш квалитетен лев бек, а не да ти играат Линделоф и Амрабат таму. Варан исто се повредува еднаш месечно.

Касемиро лани изигра одлична сезона, ама годинава некако не му држи газот. Изгледа малу здебелен, а со тоа е и спор и непокретен. И сега ако лани сме мислеле дека сме покриени на неговата позиција, сезонава излезе дека сепак ќе треба да се бара замена и за него. Бруно исто со форма оди само во надолна линија, а и ќе наполни 30. Уште еден кандидат за замена, кој на пример пред 2-3 години никој не би го менувал.

Така да, реалноста е дека во тимот дури и првотимците веќе стануваат потрошени фудбалери и добар дел од нив мора да биде заменет што поскоро.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Нереално, неверојатно, според ова не важат 2/3тини голови низ историјата.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.328
Поени од реакции
5.370
Нереално, неверојатно, според ова не важат 2/3тини голови низ историјата.
Оваа глупост искочи кога се појави ВАР, пред тоа никогаш немаа поништено гол за ваква ситуација. Пред тоа никој не можеше да види ваква ситуација со голо око.

Не знам што врска има ако играч е во офсајд ако прави ваков блок? Демек предност имаше што беше чекор напред?
Пред 10год цело време имаше играч што сметаше на голман при корнер, дали тоа значи дека сето тоа било офсајд?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.615
Поени од реакции
66.442

Го блокираше играчот кој требаше да го брани просторот точно таму каде што падна топката. Ова се смета за стекнување на предност од офсајд позиција.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Го блокираше играчот кој требаше да го брани просторот точно таму каде што падна топката. Ова се смета за стекнување на предност од офсајд позиција.
Непостоеше такво нешто, ќе речевме се снашол, паметен потег.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.328
Поени од реакции
5.370
Го блокираше играчот кој требаше да го брани просторот точно таму каде што падна топката. Ова се смета за стекнување на предност од офсајд позиција.
Знам зошто е офсајд ама сметам дека е глупо правло. Ендо бил или не бил во офсајд он истото ќе го направеше, никаква преднот не му даде тоа што он беше поднапред од останатите.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.734
Поени од реакции
43.828
Знам зошто е офсајд ама сметам дека е глупо правло. Ендо бил или не бил во офсајд он истото ќе го направеше, никаква преднот не му даде тоа што он беше поднапред од останатите.
Да стои веднаш до играчот може да му избега. Единствена опција ќе му биде да искористи раце, што автоматски би било фаул. Вака му го следи движењето и неочекувано му прави "бодичек".
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.486
Поени од реакции
9.735
Зезнат овој Ван дајк. Двапати им го збрца на Модрите од Лондон. :D
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.734
Поени од реакции
43.828
Ова е разликата меѓу Тен Хаг и класа тренер. Клоп да игра со 10 инвалиди, пак ќе го спреми тимот да се бори до сам крај.

Ќе им биде многу многу тешко на Ливерпул да го заменат. Лош потег како Јунајтед и може да ги чини многу во наредните неколку години.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.448
Поени од реакции
114.202
Ова е разликата меѓу Тен Хаг и класа тренер. Клоп да игра со 10 инвалиди, пак ќе го спреми тимот да се бори до сам крај.

Ќе им биде многу многу тешко на Ливерпул да го заменат. Лош потег како Јунајтед и може да ги чини многу во наредните неколку години.
Па не го отпушти Ливерпул, сам си оди и реши да прави пауза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom