- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.341
- Поени од реакции
- 65.384
Емери првата утакмица направи епска глупост. Води 2-0 на Олд Трафорд, и продолжи да инсистира на високо поставена линија. Ако едно нешто Јунајтед знае да одигра добро, тоа е против тимови што стојат со високо поставена одбрана. Нормално, изгубија 3-2, инсистирајки цело време да играат високо.ЕТХ го угаси Гуд Ебенинг сезонава.
Вториов меч, овој денеска, го оставил Камара, кој е метро и жилет, да го чува Мегваер на корнери. Секоја топка му падна на Мегваер на глава, па Јунајтед и даде гол од корнер. Во второ, го извади Бејли кој на Линделоф душа му извади по таа лева страна. Скоро секоја одлука му беше погрешна.
Некако, многу лошо изгледа кога тренер прави гримаси и гестикулации кон свои играчи кога ке направат грешка. Кога го примија голот за 2-1, се сврте, и си седна на клупа, иако имаше уште 10 минути до крај. Едноставно, како да се помири со резултатот. Не знам како очекува играчите да ораат за него до крај, ако тренерот изгледа како да прифатил пораз.
Голема победа за Јунајтед, со оглед на тоа дека во поголемиот дел од мечот немаа никаква контрола, а тука изгубија и Сити, и Арсенал.