И на Чиквуемека можеше комотно да му покаже црвен картон уште во 4та минута.
Преблиску беше топката во раката на Џексон, напуцана.
За ситуацијата на почеток, можеше Чуквуемека да добие и црвен картон. Можеби тоа што беше рано и не го повреди Конате, ги предомисли и Тејлор и ВАР-судиите.
Јас веќе го прежалив, мислев дека ќе го исклучи веднаш. Спаси задник.
Ако броиме крвни зрнца, не знам како Орбан заврши без жолт картон и како два чисти корнери не досудија за Челзи, ама тоа не беше пресудно и не беше спорно како картонот на Чуквуемека, до таа мера.
За чудо, Тејлор некако добро се снајде во вакво темпо. Очекував дека ќе отсуди очајно дерби, како по навика.
Инаку, дербиво како за прво коло беше многу добро. Мене ми се чини само дека Ливерпул има некој проблем интерен. Однесувањето на Салах ми беше ептен чудно, не е тој таков лик вообичаено.