Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?


  • Вкупно гласачи
    232
Добро викам јас, веќе сѐ се смета за игра со рака, освен играта со раката.
Како бе овој одбојкарски потег од Џексон не беше пенал за ливерпул? :pos:
Прилепена рака до гради и тело, го удари у раката, немаше никаков пенал.

И на Чиквуемека можеше комотно да му покаже црвен картон уште во 4та минута.
Ова да, за чудо му прогледа кроз прсти.
 
Добар настап на Челзи, Ливерпул после првите 20 минути се загубија на теренот. Требаше Челзи да го добие натпреварот. Само Стерлинг не можам да сфатам што бара во прва постава.
 
Последно уредено:
Прилепена рака до гради и тело, го удари у раката, немаше никаков пенал.


Ова да, за чудо му прогледа кроз прсти.
Хахахаха

п.с добар новиов фриз на Дарвинка Нуњезова (y)
 
И на Чиквуемека можеше комотно да му покаже црвен картон уште во 4та минута.

Преблиску беше топката во раката на Џексон, напуцана.

За ситуацијата на почеток, можеше Чуквуемека да добие и црвен картон. Можеби тоа што беше рано и не го повреди Конате, ги предомисли и Тејлор и ВАР-судиите.
Јас веќе го прежалив, мислев дека ќе го исклучи веднаш. Спаси задник.

Ако броиме крвни зрнца, не знам како Орбан заврши без жолт картон и како два чисти корнери не досудија за Челзи, ама тоа не беше пресудно и не беше спорно како картонот на Чуквуемека, до таа мера.

За чудо, Тејлор некако добро се снајде во вакво темпо. Очекував дека ќе отсуди очајно дерби, како по навика.

Инаку, дербиво како за прво коло беше многу добро. Мене ми се чини само дека Ливерпул има некој проблем интерен. Однесувањето на Салах ми беше ептен чудно, не е тој таков лик вообичаено.
 
So Caicedo kje bidat strashen tandem. Celzi poleka si pravi top ekipa i ke bidat konkurentni sezonava za top 4, prasanje na vreme e samo koga Poch kje gi uigra.
Јас не мислам дека Челзи може да се вмеша бо борбата за топ 4 оваа година. Напишав погоре, одиграа добро вчера, посебно во второто полувреме, но вчера видовме и еден многу чуден Ливерпул кој престана да игра некаде во 25 минута од првото полувреме. Дотогаш Челзи изгледаше многу лошо на теренот, и 5-10 цм ги спаси да не биде 0-2 и можен потоп. Второ полувреме од за мене неразбирливи причини Ливерпул им ја даде и топката и средината на Челзи да играат.

Челзи е прилично неизбалансиран тим. Тројката во одбраната е реално лоша, вчера направија неколку тешки киксеви. Санчез е на ниво на Кепа. Бековите им се одлични но склони на повреди. Нападот им е МНОГУ слаб. Овај Џексон делува пргаво и силно, ама технички изгледа изгубен. Замена за него е Броха, ако не се лажам и тој е повреден, и реално е просечен играч. Креативец зад напаѓот немаат никаков. Стерлинг, иако вчера не беше катастрофален, најчесто е играч минус на теренот. Повредата на Нкунку кој најверојатно би играл наместо Стерлинг им дојде во многу лош момент.

Покетино е добар тренер и најверојатно ќе извади максимум од тимот, но реално Челзи мислам дека догодина ќе биде вистински силен, со нов напаѓач, креативен играч зад шпицот и уште едно квалитетно крило.
 
Кој му ја напуца?

Диаз со глава, по прекинот на Собослаи. Не стоеше раката одвоена од телото по страна, односно не беше издолжено телото по неприроден пат. Затоа судија и не го свири тоа, освен ако нема тенденција.
 
Самото клипче ти кажува зошто нема и пак форсаш ама чим ти викаш така, имало пенал, сигурно.
Ќе апелираме до ФА да те стават во ВАР соба за следен меч.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom