Зошто дисквалификација? Зошто одземање бодови? Зошто Италија службено да земе три поена?
Хулигани доаѓаат таму за да прават нереди, но ќе направат неред онолку колку што полицијата ќе им дозволи. Организацијата на тој меч беше КАТАСТРОФАЛНА и затоа Италија треба да биде казнета, па како може цел шлепер факели да бидат шверцувани? И што правеа оние желките доле? Ги буљаа мутаво, влези им таму, испомавај со пендрек се што ќе ти дојде при рука, па ќе видиш дали нема да се смират.
И зошто беше прекината утакмицата? Заради двата факела? Глупост, се фрлале и по дваесетина факели на натпревари па не биле прекинати мечевите. Ако до толку е невозможно да се продолжи со натпреварот, се викаат противпожарни коли па со млазови вода се бркаат навивачите од трибини, откако сите ќе се разбегаат се затвора таа трибина и се продолжува натпреварот без нив. Крај на приказната.
Сосема несериозна организација на италијанциве, дури како и едвај да чекаа ова да се случи, репрезентацијата им е тешко срање па на ваков начин 3 бода да земат.