Преговори за либерализација на визниот режим кон Македонија - Фратини / Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

Што очекувате од посетата на Фратини?

  • Да наздрави со шампањско и да ја пофали владата за постигнатото и да ја охрабри така да продолжи и п

    Гласови: 12 41,4%
  • Да соопшти датум за почнување на преговорите за укинување но не и датум безвизен режим

    Гласови: 4 13,8%
  • Веднаш да ги почне преговорите ама да не прецизира датум за безвизно патување

    Гласови: 2 6,9%
  • Веднаш да ги почне преговорите и да изрази надеж дека Македонците побрзо ќе се ослободат од визите о

    Гласови: 11 37,9%

  • Вкупно гласачи
    29
Македонците со бугарски пасоши,НАДВОР од Македонија.Кај си ги продадовте душите на бугарите па и серете по форумиве.Етети пасош бугарски и шо туку јадиш “бурек“ за олеснување на визниот режим,важно ти се олесни,сега си продаена душа,и можиш секаде да си одиш со пасошо бугарски и аман доста сериш!!!!!
 
Македонците со бугарски пасоши,НАДВОР од Македонија.Кај си ги продадовте душите на бугарите па и серете по форумиве.Етети пасош бугарски и шо туку јадиш “бурек“ за олеснување на визниот режим,важно ти се олесни,сега си продаена душа,и можиш секаде да си одиш со пасошо бугарски и аман доста сериш!!!!!

Така е,и јас се согласувам со твоето мислење,само владава нешто како да ни се противи на обајцата спроведуваќи зајакната тортура во сопственото ГЕТО,просто да ни е срам што сме Македонци:

Вратени македонски државјани оти не се од ЕУ


Македонците не можат да си влезат во својата држава ако по некој случај на граничниот премин Табановце е затворена лентата за движење на македонски државјани. Според македонската гранична полиција, Македонија не е членка на ЕУ, па македонските граѓани ќе чекаат со часови, но никако нема да минат граница газејќи на ЕУ лентата


Правото да влезеш во своја држава на легален граничен премин не ти го дозволува токму македонската гранична полиција. Ако случајно заталкаш на лента одредена за движење на патници кои доаѓаат од земјите на ЕУ, деградирано ќе бидеш вратен на друга лента.
За нашите граничари земјите на ЕУ се и Турција, Србија дури и Косово.
Сите патници и моторни возила можат непречено да влезат во Македонија, освен македонските граѓани. Патниците кои доаѓаат од ЕУ, и оние кои не се од ЕУ, а нашите граничари не се едуцирани за тоа, чекањето на нашите гранични премини им се сведува на минимум минута за проверка на патна исправа. Македонецот иако си влегува дома, граничната полиција го тормози со барање на сите можни и невозможни документи, проверка на целото возило, багажот кој го носат со себе, а не ретко се случува и личен претрес. Се на се, ова задржување на граничните премини, македонскиот граѓанин го чини најмалку еден час.
Очигледно, Македонските граничари не им веруваат на сопствените граѓани. Најчесто ваквата појава, тортура, над сопствениот граѓанин се забележува на Граничниот премин Табановце.
Неодамна на овој граничен премин при влез во државава, две македонски семејства биле вулгарно пречекани од граничната полиција затоа што сакале да си одат дома, но за нивна несреќа застанале на лентата за влез на возила од ЕУ. Случајно, од нам непознати причини лентата за влез на македонски државјани била затворена, па семејствата знаејќи дека влегуваат на своја територија кај своја полиција, свои цариници застанале на ЕУ лентата. Имено, македонските граѓани не се ЕУ граѓани, па заслужен македонски граничен полицаец со остар тон ги исшиканирал. Строго им наредил да се вратат на лентата каде што припаѓаат и да чекаат со часови се додека на неговиот драг колега не му текне да почне со својата тековна работа.
Ваквата деградација може само да се случи во Македонија и на македонскиот граѓанин. Секоја земја си ги заштитува своите државјани давајќи им предност на минување на граничните премини, што очигледно не е случај во Македонија.

извор:

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0F0E20806DEA9E4D9641F0988EAFDBBA
 
he,he..., a se sekavam deka koga prv pat vlegov so auto vo Makedonija posle odvojuvanjeto od Yu......policaecot koj me presretna koga go vide MK pasosot ljubezno rece: AAA GRAGJANIN NA MAKEDONIJA , povelete.......prodolzete... :)
OCIGLEDNO RABOTIVE ZASMREDELE...:).....entuzijazmot od toa vreme ISPARIL :)
 
Сабајлево готсинката на А1 г-ѓа Шпреса или слично задолжена за европски прашања на владата, изнесе за мене изненадувачки податоци околу „олеснувањето„ на визниот режим со ЕУ.

1. Безплатни визи за студентите,учениците,наставниците,новинарите,научниците итд.

Не е точно!

Визата ке биде безплатна само во случај кога студентот/ ученикот ќе патува службено т.е. да студира во ЕУ или размена на ученици. Истото важи и за останатите категории граѓани.

2. Визи за повеќекратни влегувања и со важење до 5 год. ќе се издаваат од догодина,кога ќе може да се види дека оваа година примерно сте ја искористиле дадената виза, т.е. не сте направиле пречекорувања.

Се прашувам што ке ни е виза со траење од 5 год.?

3. Намелен број на дукументи потребни за апликација.

Не е точно!

Само е прецизиран бројот на документи потребен за апликација, а не намален, и натаму ке ви треба:
- Покана/г . писмо ( се плаќа)
- Приватно здравствено осигурување (нашиот фонд за здравство спие и понатаму)
- доказ за работен однос


4. Намалено време на обработка.

Не е точно.

Отсекогаш обработката траела до 7 дена,сега е само прецизирано тоа и ставено во рамка.


Таканаречената спогодба за олеснување на визниот режим не е олеснување, туку само регулирање на едностраниот визем режим во документ. Здрав човек не може да види тука никакви олеснувања.

Во касата на ЕУ и натаму ке се слеваат по 14 мил. евра народни пари за визни такси.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=88&ArticleID=4990

Европа чести неворојатни 100 визи годишно за тук там некој студент и новинар. Ама некој ќе рече зар 5000 евра год. не се пари? Фала им!

За потсетување, нашите појдовни преговарачки позиции беа:

1. Безплатни визи за сите граѓани и категории.
2. Одредување на датум за целосна либерализација и внесување во документот.


Нашата влада има навистина неверојатни преговарачи. Сигурен сум дека по влезот на Македонија во ЕУ ке издејствуваат дополнителни „олеснувања„ на визниот режим.

Ова се само теоретските „олеснувања„ , во пракса очекувам
да биде далеку „подобро„.

Првото отежнување на визниот режим се случи во 1998 кога за прв пат некои амбасади нечујно почнаа да бараат приватно здравствено осигурување.
Тоа се направи тихо и на мала врата. Можеби некој има поупатен на форумот да објасни што е работата со нашиот фонд, т.е. зошто тој не гарантира за евентуалните здравствени трошкови направени во странство од нашите патници.

Второто премолчување се случи кога Грција самоволно ја зголеми цената од 9 долари на фантастични 35 евра. Напомена, не се работи за шенген тука ѕа грчка национална виза исклучиво за патување во Грција. Истотака и оваа амбасада од неодамна побарува приватно осигурување.

Се прашувам дали нашите преговарачи го ставиле на маса оваа прашање, и дали побарале објасување од европската комисија како е регулирано здравственото осигурување на 47 милиони никако неосигурани американци кои патуваат низ Европа.

Во предходниот мој пост направив анализа на визниот режим пред и по потпишувањето на „олеснувањето„. И уште еднаш тврдам дека нема никакви промени. Ова е свесно направено театрално сценарио за замолчување на јавноста на балканскиот полуостров. Играта ја прифатија сите мекотели влади на Балканот,ниедна не се покажа како тврд и успешен преговарач.


п.с. Не тврдам дека визниот режим е тежок и скап во споредба со арапските и афричките земји. Но во споредба со Хрватска,Романија,Бугарија, Словачка......... ја кубам косата........
Што се за Македонецот:
-25 евра за гаранција
-30 евра осигурување
-35 визна такса

п.п.с. Не можам а пак да не повторам, ЕУ и натаму ке касира фантастични 14 милиони евра, а ќе дава гратиси само 5000 евра или 0,01% безплатни визи.



ААААаааааааа, од сега ќе си ги патентирам моите колумни, што лесно било да бидеш новинар . Сурфаш по кајгана и правиш копи/пејст.
Безобразлук!

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=89000
 
ААААаааааааа, од сега ќе си ги патентирам моите колумни, што лесно било да бидеш новинар . Сурфаш по кајгана и правиш копи/пејст.
Безобразлук!

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=89000

Па не треба да се нервираш,се случило многупати и од други форуми.Впрочем толку се платени новинариве,да сурфаат и да пастираат од форуми.:)Еве нешто и поново што пак ние го "крадеме" од новинарите и што моментално се случува со фарсата наречена визно олеснување или укинување на визниот режим кое е само на хартија:

-Бесплатни и подолгорочни визи, скратена и полесна процедура, ова требаше да донесе визното олеснување со Европската Унија за одредени категории македонски државјани од 1 јануари оваа година.
Неполн месец потоа дел од македонските граѓани не плаќаат 35 евра за виза, но мора да го платат најскапото здравствено осигурување.
Студенти и ученици кои сакаат да посетат места во Унијата од образовни причини не можат да го сторат тоа, ако немаат покана од некоја европска институција. Истото се однесува на спортистите, научниците и уметниците.
На болни кои немаат сметки во банка на поголема сума пари им е ускратена можноста да побараат медицинска помош во ЕУ.
Новинар на А1 Телевизија, кој на почетокот на годинава службено беше во Виена, доби бесплатна виза за само пет денови. Од австриската амбасада во Македонија објаснуваат дека издале виза на само пет денови, бидејќи тоа одговарало на целта на тридневното патување во Австрија.
„Визното олеснување се однесува на категорија луѓе кои за нас имаат легитимно право да патуваат во ЕУ за многу прецизно наведен настан. Она што е изменето со документот е начинот на кој треба да ја докажете целта на патувањето е многу поедноставен и појасен“, изјави Патрик Паке, прв секретар во канцеларијата на ЕУ.
Според ЕУ, правилникот за визно олеснување што им беше поделен на амбасадите на сите земји членки пред Нова година е унифициран документ и треба да го почитуваат сите дипломатски претставништва.
Од канцеларијата на евроамбасадорот Ерван Фуере било сугерирано во иднина да се издаваат визи со времетраење од најмалку шест месеци.
„За да стигнете до следниот чекор, либерализација на визниот режим, Македонија мора да почне со визното олеснување. Клучен момент за донесување на одлука за укинување на визите е да биде задоволително спроведувањето на визното олеснување“, рече Паке.
И Македонија и Србија во исто време добија визно олеснување, но неодамна ЕУ донесе одлука да започне преговори за укинување на визите само со нашиот северен сосед.
 
Муда за бубрези. Се се сведува на истото како што си беше. Уште не сум слушнал од некого дека полесно извадил виза.
 
Муда за бубрези. Се се сведува на истото како што си беше. Уште не сум слушнал од некого дека полесно извадил виза.

Jaс имам пријатели кој до пред Нова Година некако успеваа да извадат виза за Германија два пати со ред,со цврсти и темелни гаранции што не се бараат ни за посета на државен трезор а сега се одбиени иако немаат никаква повреда на прописите при краткотрајните посети од по 7 дена во предходните месеци.Деновиве се обидуваат да аплицираат пак со скромни надежи дека ќе им успее по втор пат одкако во документите за апликација по некоја поука приложиле и имотни листови на име од родителите за семејната куќа во која живеат.Нацистите не ги убиле сите најбогати евреи затоа што тие успеале за убави пари да го напуштат ГЕТОТО слично на ова во кое ние денес живееме,барем во делот на основното човеково право за слободно движење на луѓе и стока,уствари само за луѓе,затоа што Македонската стока веќе одамна го ужива тоа право.
 
Mislam deka veke i na najgolemite i bucni optimisti im STANA JASNO.....
zatoa sega zanemeni............... ni da beknat :) !!!
 
Eве како требало да се работи за да имаме либерален визен режим како што тоа го има Хрватска:

Помеѓу 1996 и 2000 година дури 253 странски криминалци се стекнале со хравтско државјанство, а утврдено е дека има и голем број оригинални пасоши на фиктивни имиња. Интересно е да се напомне дека сите тие државјанства ваквите луѓе ги добиле по основ на членот 12. од Законот за државјанство кој говори за заслужни странци за хрватската држава. "Заслужните" мафијаши и денеска ги имаат хрватските пасоши и државјанства, а меѓу нив се озлогласени криминалци од Балканот, Италија, Франција и други земји. Хрватски пасош има и неодамна фатениот руско-украинси мафијаш Семјон Могиљевич, а единствен од сите нив кој го загубил статусот е тутунскиот бос Станко Суботиќ Цане, бидејќи тој тоа го сакал. Хрваткото државјансто може да се поништи само по барање на имателот.
Овој факт станал јавна тајна уште во 2001 година, во време кога министер за внатрешни работи бил Шиме Лучина од СДП, но набрзо потоа се се заташкало и паднало во заборав. Според пишувањето на "Слободна Далмација" и тогашниот претседател Фрањо Туѓман немал посебна одбивност кон криминалците. "Почесно" хрватско државјанство уживал и познатиот платен убиец Џемс Капио заедно со цела дузина некогашни француски легионари кои се сокривале зад лажни идентитети.

извор:
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C16A474FF603AF4CBF28D1B9DB5F858F
 
ABC знам дека ти е мерак да лапаш маслинки, ама нели те мрзи бре кога знаеш дека сите знаеме дека тоа се е политичка одлука и многу малку има врска тоа со некои критериуми.
 
ABC знам дека ти е мерак да лапаш маслинки, ама нели те мрзи бре кога знаеш дека сите знаеме дека тоа се е политичка одлука и многу малку има врска тоа со некои критериуми.

Па како инаку да ја свртиме политичката одлука во наша корист,или да си се помириме на ГЕТОИЗАЦИЈАТА како јагниња пред колење?
 
ABC знам дека ти е мерак да лапаш маслинки, ама нели те мрзи бре кога знаеш дека сите знаеме дека тоа се е политичка одлука и многу малку има врска тоа со некои критериуми.

Па како инаку да ја свртиме политичката одлука во наша корист,или да си се помириме на ГЕТОИЗАЦИЈАТА како јагниња пред колење?


Da be Bacillusi i jas ko ovoj ABC postojano se prasuvam kakvo e toa sekojdnevno VADENJE na politicki odluki.....sto sme zapnale za kriteriumi koga treba da se bara priklucok za toa politickite odluki....ili za Makedonija ima NEKOJA ZAEBANA ODLUKA koja nikoj GLASNO NE SAKA DA JA KAZE, tuku kupuva vreme nadevajki se deka utre sonceto na zapad ke izgree :)!!!
 
Јас како голем симпатизер на владата, неможам да се ставам во нејзина одбрана кога греши. Сакам ,се трудам, што се вика ВМРО ми е во душата
ама не иде, не сум така воспитан.
Како да ги бранам или ненапаѓам,кога вчера објавија дека до МНР има доставено голем број поплаки од превозниците за отежнатиот визен режим. Има и поплаки од други поединци кои не се „значајни„ да се спомнат.
- Немој повеќе да не браниш !- би била мојата порака до владата која да не потпишеше ваков срамен договор , не ќе беше толку голем резилот, на Србија да и бидат понудени преговори за укинување а Македонија ден пред тоа да се фали како само ние на Балкат сме потишале дека договорот води до целосно укинување на визите.

-Ај некој нека излезе и нека каже дека не се глупи!

Не е мрднато со мал прст, за либерализација со остатокот од светот, владина делегација беше во Ј. Кореа, а визниот режим не беше ни спомнат. Јужна Кореа би имала расположение да разговара кога би знаела дека со Јапонија имаме безвизен режим со која таа е во блиски односи. Да не ги спомнувам и другите земји од светот..........
Единствено, визниот режим со Израел е укинат, ама тоа повеќе го препишувам како заслуга на Македонската фудбалска репрезентација.

п.с. Единствено нешто што јас му го земам за зло на АБЦ е името со кое го нарекува премиерот. Тој начин е малку смешен за интелигентен човек, кој може да навреди со аргументи а не да се служи со детски методи . Ако можеш да го објасниш тој начин, не би се сомневал во тврдењата на другите дека си комуњар. Штета!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom