Ќе ме фатеше срцев удар,кога дознав некои вистини при истражување што го правев за шенгенскиот визен режим.
Македонските политичари и народ се тешки магариња попречени во развојот.
Идејата за олеснување на визниот режим потекнува од далечната 2006 год. кога на ЕУ и текна да потпише договор за олеснување во мај 2006 со Русија а во октомври 2006 и со Украина без претходни преговори и малтретирања на јавноста во тие земји и без било какви обврски од тие земји. Граѓаните на тие земји дури и немораат да прикажат право г. писмо, т.е. доволно е поканувачот да пополни обично пусулче без печат и било какви плаќања, има и можност тоа да го направи онлајн и да прати меил директно во амбасадата. Како гарација се признаваат сметки од банка и кредитни картици. А во проба е можноста за онлајн аплицирање без притоа да ги видите вратите на амбасадата. Уште сега немора ди идете да чмаете во ред за да го подигнете пасошот, ви се праќа по ДХЛ или УПС. Ваква можност има дури и во Турција. На веб сајтовите на ЕУ амбасадите во Украина и Русија има 4 пати повеќе информации за можностите за добивање виза, па дури има и специјален процес(ремонстрација)за жалба во рок од една година.
Македонија се обврза да врати секое врапче што ќе ја прелета
Македонија а стигне во ЕУ, да го врати назад и сама да му најде чаре,за контрауслуга доби двапати помали олеснувања од Русија и Украина кои не направија трошкови за преговарање(хотел,патни трошкови,дневници итд.).
Ако ова не ви е доволно да ви се дигне притисокот повелете запознајте со банана земји кои безвизно може да патуваат во ЕУ:
-Хондурас,7 мил. жители, 990 дол. ДГЖ (дохот по глава на жител)
-Никарагва, 5 мил. жители, 950 дол. ДГЖ
-Парагвај, 6 мил. жители ,1600 дол ДГЖ
-Гватемала,12 мил.жители,1800 дол ДГЖ
-Ел Салвадор,7 мил. жители,1900 дол ДГЖ
-Уругвај,3 мил. жители,4300 дол ДГЖ
-Панама,3 мил. жители, 4600 дол ДГЖ
има уште...........
Кој го тоа направи ваква Македонија?