Прегласување 15.06.2008

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Прегласувањето во Изборните единици еден, два и шест утринава започна со помали неправилности во Липковско, Сарај и Голема Речица.
Ова го регистрира Граѓанската асоцијација МОСТ, која прегласувањето на предвремените парламентарни избори го следи со 310 акредитирани набљудувачи, распоредени на повеќе од 80% од избирачките места.
Гласањето, според МОСТ, започнало со задоцнување во две избирачки места во Липково поради недостапност на објектот во кој требало да се гласа, односно поради тоа што во избирачкиот материјал недостигал печат.
Гласањето не е започнато во три изборни места во Голема Речица, Тетово бидејќи исчезнал избирачкиот материјал. Недостаток на избирачки материјал е регистриран и во две избирачки места во с. Отља, Липково.
Гласањето започнало со задоцнување и на едно избирачко место во Сарај, поради недостиг на УВ ламба.
Излезноста до 10 часот според МОСТ, во ИЕ 1 е 15,63%, во ИЕ 2 е 8,09% и во ИЕ 6 е 11,03%.



Вкупно 161,874 граѓани ќе можат денеска повторно да гласаат на 187 избирачки места на кои поради нерегуларностите беше поништено гласањето на 1 јуни.



засега дали се сложувате дека мирно и регуларно се одвива прегласувањето и дали мислите дека се можни инциденти во денешниов ден?
 
По посета на гостиварско евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере изјавил дека атмосферата е добра и оти гласањето се одвива во најдобар ред.

- Од она што го видовме, атмосферата е добра и гласањето се одвива во најдобар ред. Можам да кажам дека земјава има капацитет да организира избори кои ќе бидат регуларни. Се надевам дека до крајот на денот, атмосферата ќе помине без закани и притисоци, рекол Фуере при посетата на селото Чегране.


денес шо и да се случи , оценката е веќе дадена )
 
И сеа шо бидна?
Кој победи?:)
 
мислам дека нема да постигнат процент ако не се лажам...
а и многу веројатно дека на крај брајчава че поебаат работата
 
Погледнете ја сликава... WTF!!!??? :raz:
 

Attachments

  • fucked-people.jpg
    fucked-people.jpg
    43,8 KB · Прегледи: 17
и дпа прогласиле победа според кирилица
 
Да повторно се случува истото и ДПА и ДУИ прогласуваат победа, еве ги интегралните текстови според КИРИЛИЦА:

Демократската партија на Албанците прогласи голема победа на денешното прегласување на предвремените парламентарни избори.

- Дозволете ми уште еднаш да ја прогласам големата победа, која е поубедлива од онаа на 1 јуни. Им благодариме на членовите на ДПА за големата поддршка и за зачувувањето на слободниот глас. Со ова го зачуваа демократскиот дух на Албанците, од криминалците како што се ДУИ – рече портпаролот на ДПА, Адриатик Имери.

Сепак, од партијата на Мендух Тачи истакнаа дека и овој изборен ден поминал со серија неправилности. Тие ги посочија избирачките места во Голема Речица, каде што беше украден избирачкиот материјал и крадење на гласови во Липково.

Имери најави дека по изборната победа неговата партија ја очекува голема работа за да ја реализираат предизборната програма што и ја претставиле на граѓаните.


Убедлива победа на денешното прегласување во трите изборни единици објави портпаролката на ДУИ Ермира Мехмети. Според се уште некомплетните резултати на партискиот аналитички центар, ДУИ очекува дури 18 наспрама 10 мандати на ДПА.
- Досега обработивме меѓу 70 и 80 проценти од податоците. Со задоволство ја објавувам победата на ДУИ – рече Мехмети.

Според податоците на ДУИ, од 90 отсто обработени податоци за првата изборна единица, партијата денеска добила 6.909 гласови наспроти 4.641 глас на ДПА. Со освоените гласови на 1 јуни, ДУИ има 22.020 гласови, а ДПА 10.850 или претворно во мандати, ДУИ очекува 3, а за ДПА предвидува само еден пратеник.

Во втората изборна единица, според преброените 85 проценти гласови во ДУИ, тие добиле 9.473 гласа, а ДПА 4.701 што претворено во мандати изнесува 4:1.

И во шестата изборна единица со обработените 70 проценти од материјалите, ДУИ добила 18.000, а ДПА 14.800 гласови.

Кај се Македонските партии?

Кој и да е победник, покажавме дека преглесувањето можеме да го направиме фер и коректно со само малку инциденти.
 
Ги нема ДИК да пресечат?
Според ДПА, пак многу неправилности...
 
Ги нема ДИК да пресечат?
Според ДПА, пак многу неправилности...


x.gif
ДИК:Во 130 избирачки места ДУИ освоила 25.168, а ДПА - 20.214 гласови
Станува збор за податоци од 130 избирачки места кои стигнале по електронски пат до 22 часот
Josifovski-vo.jpg
На денешното повторено гласање за предвремените параламентарни избори во изборните единици еден, два и шест, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), Демократската унија за интеграции освила 25.168 гласови, а Демократската партија на Албанците 20.214.
Станува збор за податоци од 130 избирачки места кои стигнале по електронски пат до 22 часот.

Како што соопшти на прес-конференција вечерва претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифовски одѕивот на гласањето изнесувал 47,5 проценти.
 
интересно, на дпа во вториот круг им „фалат“ околу 35.000 гласови
 
интересно, на дпа во вториот круг им „фалат“ околу 35.000 гласови
За тие мислам дека на пресот се жалеа дека им ги „украле“...Колку што следев...
 
Back
На врв Bottom