Предновогодишна и Божиќна еуфорија

Каква новогодишна еуфорија, на плоштад ни елка се гледа, ни сијалички...ако биде вака времево со маглава и смогов, нема ни бина да видиме, ниту кој пее.
Језива работа.
@Византиецот ти благодарам за пакетчето, исто ко да си ми го подарил.
Биди ми жив и здрав и среќен цел живот.
 
...византиецот виртуелно со подарокот за топлиот поздрав!

1000014943.gif

...изненадена поздравот од виртуелиот подарок! :D
 
a na mene sto ke mi kupite?? :)
Не би ти купил ништо. Ама затоа би ти посакал од срце во 26та да го запознаеш мажот на твојот живот. Некој со кој љубовта нема да е уморно трчање кое те исцрпува, туку ќе е спонтана и опуштена, таква што ти дава мир на душата. Таква каква што секој човек заслужува.
Ова искрено од се срце. Да си среќна.
 

... директорите и шефовите на некои здравствени установи веќе ја доживеале предновогодишната еуфорија во заеднички ручеци, (платени од фирмите за медицински материјал), додека другите здравствени работници не можат да се справат со големата навала на пациенти!


...изборот е случаен, ама сличноста е идентична како тоа изгледаат денешните функционери во здравството! :cautious:
 
Кај за Нова?
Јас кафич најверојатно, сабајлето сум на попис.
 
Насловов ќе го преправам.
Предновогодишна споено се пишува.
 
Кај за Нова?
На 30ти, стандардно, вообичаено навечер, се собираме како друштво. Тоа веќе ни стана и своевидна традиција. Оваа година нема да биде на отворено, ќе биде ресторански. Колку и да имавме густи распореди исполнети со активности, најдовме време да го сочуваме и одржиме контактот. Сите се запознавме во таа академска средина, дел постепено се откажаа, ама друштвото остана. А на 31ви, дома, семејно. Таман ќе ми се погодат празниците повторно да се подружам со мојата прва љубов, на која, поради скпол на околности, годинава морав привремено да и ја откажам.

Празничното чувство ми е некако изветреано, веројатно затоа што сеуште сум пред серија обврски кои мораат да бидат завршени оваа година. Кај мене проблемот е во тоа што не знам да вртам нови карти, не сакам да делегирам обврски, сакам сета работа самиот да си ја завршам.

Убава енергија се собира во таа семејна празнична атмосфера, кога сите наоѓаат ден-два за средба и дружба. Ако имате прилика, максимално уживајте во секој момент. :)
 
Секоја година рајата мора да лока и да треска како стока на овој ден и да го оптовари здравствениот систем, луѓето наместо да интервенираат онаму каде има потреба тие ќе треба да ги перат цревата на стоките кои локале и јаделе без мера. Ај да си постигнал нешто, па да славиш, годината поминала дали си бил ти или не си бил на светов, и пиеш и трескаш до последно дека завршила годината, нова ќе почнувала.

Колку само смисла има тврдењето дека народот е премногу глуп за да го оставиш самиот да одлучува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom