Wat? Дизајнирање, програмирање, рендерирање итн. се CPU demanding и во зависност GPU demanding tasks. 4GB RAM е и тоа како доволно за побарувачките на @stk. Гејмингот претставува една од најстресни ситуации за рамот, графичката и процесорот па пак е доволно 4GB RAM. Само BF4 до сега успеа да стигне до 5.5GB RAM и COD Ghosts што се исфолираа со 6GB RAM, а си немаше врска тоа.
Процесорот најчесто не е инката во целиот систем.
Инката се мемориите.
А ако сакаш да програмираш, без 8 ГБ (јас би рекол и 16), и да бидеш и клиент, и сервер, и база на податоци сервер, и тест машина, малку станува бавно.
Замисли развиваш веб апликација, и ги имаш вклучено сите можни пребарувачи, барем 10ина страни со помош (Пола од нив ЈуТуб), нешто пее во позадина, па малку скајп, итн итн. Програмирањето, и развивањето софтверски решенија не е изолиран процес, а комбинација од барем 10ина гладни за меморија процеси.
пс. МсЕСКјуЕл најчесто не знае да си ја празни меморијата, и оп некојпат ќе видиш користи 2+ ГБ рам, само за да имаш брзина додека тестираш. (теоретски пример).
--- надополнето: 5 февруари 2014 во 09:40 ---
Случајно погледнав, утринава само тестирам фронт енд и кориснички интерфејс.
А каков ќе биде резултатот да има едно Вижуал студио со МССКјуЕл во позадина и некоја апликација која анализира нешта од базата на податоци?