Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Challenge ACCEPTED малку подоцна се вклучувам пошо дури сега ја гледам темава :) Од први до денес прочитав две книги - "Ловец" од Џенита Лоу и "Колачиња за појадок" од Дороти Кумсон.
Денеска ја почнав "Вештица" од нашиот Венко Андоновски.
 
Challenge ACCEPTED!
1. Memoarite na edna gejsha -Artur Golden
Ja zapocnav da ja citam vo dekemvri ja zavrsiv pred dva dena mislam deka i ovaa ke se smeta vo tie 40
2. Vo prviot krug -Aleksandar Solzenjicin strana 10....
 
Искрено мислам и дека не е некоја екстра голема бројка, нормална бројка за луѓе кои редовно читаат, е сега да се разбериме дали тука ја вклучувате стручната литература или не :).
Јас го прифаќам и ќе пишам во 2013 ( ако се уште постои светот) до кај стигнав со бројката и дали ја надминав.
 
4. Ексклузивна приказна
Срање. Ич не ја препорачувам. Мислам дека не постои машко во светот на кое би му се допаѓала. Значи толку клишеа, толку дупки во приказната, не ми се верува дека уствари ја прочитав до крај. И као демек крајот е незавршен за да не примами да го прочитаме следното продолжение. Ма какво продолжение бре, нема шанси.
 
Книга бр. 1 - Историчарка - Елизабет Костова
Книгата ја препорачувам само на оние што ја сакаат историјата. Се работи за спој од легендата за Дракула и вистинскиот во историјата познат како најсуров владетел Влад Цепеш Дракул. Знаеме дека меѓу овие два лика нема никаква поврзаност, но во книгата е направен спој меѓу реалното и фантазијата, доброто и злото. Интересна приказна, на моменти здодевна, но нека не ве плашат тие 600 страници.
 
Досега прочитав три книги. И сите три се погодија, убава година бар по тоа како почна.
Не се наредени по хронолошки ред.
1. Ѕиркачот од Александар Прокопиев. Книгата зрачи од топлина дури тогаш и кога се опишуваат по малце перверзни работи. Ми се допаѓа освртот на Скопје. Издание на Магор
2. Сечење шуми од Томас Бернхард. Супер превод, мора да признаам. Критика на виенскиот културен живот, но можеме многу лесно да го поврземе и со случувања кај нас. Ми се допадна стилот. Издание на Блесок.
3. Кантервилскиот дух од Оскар Вајлд. Не сум некој голем фан на Оскар, но ова кратко дело ми се допадна најмногу од него. Ја покажува разликата меѓу американците и англичаните, секако според негово видување. Издание на Бегемот.
Моментално ги читам Ѓубре од Ирвин Велш ( кривецот за Trainspotting), издание на Или - или, Наспроти од Карл Уисманс, издание на Темплум и Стариот вепар од Дино Буцати, издание на Феникс.
 
2. Десететта симфонија - Јозеф Јелинек
Ова е интересена книга која нема да ве остави рамнодушни до последната страница. Приказната е за мистериозната Десета симфонија на Бетовен која можеби е откриена од музичарот Роналд Томас кој прави реконстукција на првиот став од неа и го изведува на приватен концерт. Утредента е пронајдено неговото мртво тело обезглавено, што е доказ дека некој верува во постоењето на симфонијата и ја сака за себе и по цена на животот на музичарот... Но дали успеал да ја пронајде симфонијата два века позната како мистерија.. зошто тоа е единствено возможно ако добро го познава Бетовен и неговата музика. Препорачувам, особено за љубителите на трилери ова е must read. :)
 
Јас уште ја немам ни првата прочитано, али оправдано. Бојкотирав библиотека xD
 
Јас прочитав две од кои првата е Бојата на небото од Џејмс Рунси и Разговори со Владимир Путин во прво лице.
Првата е романтична новела а втората е како интервју со Владимир Путин за неговиот живот. Интересни ми беа и двете.
 
3. Краеви и почетоци - Нора Робертс
Трето на листата заврши ова љубовно романче кое ме разнежни, растрепери и го читав со задоволство. Младата ТВ новинарка Оливија Карлмајкл, желна за успех во кариерата и длабоко повредена од својот љубовен живот, го сретнува нејзиниот директен ривал , познатиот и популарен ТВ новинар Т.С Торп. и приказната започнува... тие се впуштаат во врска во која ги соединува страста но едниот упорно се повлекува и поставува бариери околу себе а другиот е подготвен на се` да ги сруши и да успеат заедно.. Приказна која вреди да биде прочитана. Релаксирачко романче :)
 
Challenge accepted
Малку покасно се вкучувам дури сега ја видов темава ама се надевам дека ќе успеам има време до крај на година
 
Досега прочитав три книги. И сите три се погодија, убава година бар по тоа како почна.
Не се наредени по хронолошки ред.
1. Ѕиркачот од Александар Прокопиев. Книгата зрачи од топлина дури тогаш и кога се опишуваат по малце перверзни работи. Ми се допаѓа освртот на Скопје. Издание на Магор
2. Сечење шуми од Томас Бернхард. Супер превод, мора да признаам. Критика на виенскиот културен живот, но можеме многу лесно да го поврземе и со случувања кај нас. Ми се допадна стилот. Издание на Блесок.
3. Кантервилскиот дух од Оскар Вајлд. Не сум некој голем фан на Оскар, но ова кратко дело ми се допадна најмногу од него. Ја покажува разликата меѓу американците и англичаните, секако според негово видување. Издание на Бегемот.
Моментално ги читам Ѓубре од Ирвин Велш ( кривецот за Trainspotting), издание на Или - или, Наспроти од Карл Уисманс, издание на Темплум и Стариот вепар од Дино Буцати, издание на Феникс.


Ги прочитав и Ѓубре од Ирвин Велш и Единаесет жени од Снежана Младеновска Анѓелков.

Ѓубре многу ми се допадна, насловот е доволно дескриптивен, кој е обожавател на trainspotting, нека повели. Единаесет жени е интересен краток роман, вкоренет во тоа Скопје што бар јас не го знам, со тие неприлики што секое дете ги доживеало. Ми се допадна првиот нејзин роман.
 
5. Дебора Могах - Времето на лалињата
Ах, преубава книга е. Стилот на пишување многу ме потсети на оној на Трејси Шевалие. Книгава е многу мала ама ич не се чита брзо.
Кога почнав да ја читам мислев уште едно романче за љубовно неверство. Ама верувајте, приказнава е единствена, мислам дека развојот на настаните нигде досега го немам сретнато, воопшто не е клише.
Значи, се работи за омажена жена која ќе се заљуби во сликарот кој го слика нејзиниот семеен портрет. Убаво е опишан Амстердам од минатото. Преубава книга.
 
Книга бр. 2 Лажна свршеница - Аманда Квик
Артур Ланкастер сака чувствителна и симпатична жена која ќе се претставува како негова свршеница во високото друштво. Целта е таа да ги држи мажите на растојание додека тој на мир го истражуваа убиството на неговиот дедо. Еленора Лоџ е девојката која ќе биде задолжена за таа работа и првата жена која ќе ја разбуди страста во ладното срце на Артур...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom