Ибраимовски: Ќе ве поразиме како Барселона, со 5:0
- Објавено: пред 52 минути
- Прочитано: 520
- Печати
Сподели со твоите пријатели!
Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, на вечерашниот митинг на „Сојузот за иднината“ во Прилеп истакна дека меѓу присутните не гледа увозни Роми од Шутка, тука, како што рече, наши Роми, од Прилеп.
- Вистината е ова што вечерва јас ќе ви ја кажам. Овие од власта, кои не ја кажуваат вистината, се дијагностицирани како патолошки лажговци. Прашав прихијатар дали не чувствуваат срам. Тој ми рече - срамот е емоционална реакција - рече Ибраимовски.
Тој истакна дека стечаец од Штип, на тамошниот митинг на здружената опозиција, му дал едно ливче на кое пишувало дека социјалната помош му е покачена само за 15 денари, порачувајќи дека тие пари ќе му ги подари на Зоран Ставрески, за да ги врати кредитите со кои ја задолжи Македонија.
- Со некој позајмен авион
го донесоа шминкерот Субрата Рој. Знаете ли ние за таквите како него на ромски како велиме: „О преваранти“. Рој на ромски значи лажица, а човекот стана вилушка, само не знам дали голема или мала - рече претседателот на ПЦЕР.
Тој му порача на актуелниот прилепски градоначалник, Марјан Ристевски, дека Ромите нема да гласаат за него затоа што ги излажал дека до Три багреми ќе донесе вода, дека ќе им гради куќи, патишта, но од тоа ништо не направил.
-
Затоа „Сојузот за иднината“ ќе ве порази како Барселона со 5:0 - и порача Ибраимовски на власта.