Предавања до доцна

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
69
Возраст
39
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.fenster.mk
Ме интересира до колку саат имате редовно предавање на факс, и кое е најкасното предавање кај вас на факултет.
Еве на пример јас коа идев на факултет имав во понеделник блок 4 часа предавање до 19:00, и тоа со Кињола (кој бил на филолошки знае).
 
До лани, во трета година, имав две предавања, до 21ч. Сега најкасно во 19 не пуштаат.
 
Јас сум имал најдоцна исто до 19, почнувајќи од 15:30 ама кратко време беше тоа.

Еве ти нешто ептен маратонско :tv:
 
Најкасно од 16 часот до 21 часот, некад и неколку минути повеќе, но не ми сметаше, бидејќи и онака беше понеделник и онака беа многу интересни предавањата, башка си бев топ наспана секој понеделник, што мене ми е најбитно.:pipi:
 
Кај нас предавањата секогаш беа прва смена, така да најкасно до крај 3 часот попладне некаде:toe:
 
уф немора да е доцна ама да си на факс од 9 до 19 навистина е многу
други групи остануваа до 21
 
Јас во четврток имам часови од 8 сабајле до 7 навечер.
 
Ме интересира до колку саат имате редовно предавање на факс, и кое е најкасното предавање кај вас на факултет.
Еве на пример јас коа идев на факултет имав во понеделник блок 4 часа предавање до 19:00, и тоа со Кињола (кој бил на филолошки знае).


Хах , Јас на Машински имам од 10:00 сабајле до 20:00 вечер во сТреда !!! тибам денот , и кичма и се заебав , ни убаво се храниш ни ништо , ебате и деканат и се, неможат да средат еден распоред !!!
 
Хм, во среда имам Римско од 8 до 12, па од 18 до 20 и нешто имам Општ дел на граѓанско... Тоа треба да почнуваме во 18, ама најчесто почнуваме од 18 и пол, а треба да завршуваме во 20 и пол. Е, кога има натпревар ЛШ, држат не таман да пропуштеме прво полувреме, иначе не пуштат пред 20 и пол.
 
Дечки секоја ви чест јас во средно едвај издржувам од 13h до 19h кога имам седум часа :zid: а не па како вас од зори до мракови на факултет.
Сега пак кај вас не е ни принудно да присуствуваш на предавањето но претерано е тоа целиот биоритам на телото ќе го пореметиш :nesum:
 
Во четврток имаме предавање од 8 сабајле до 20 часот и 15 минути, али никогаш досега не сум пошла од 8. :pos:
Сум отишла кај 16 часот па сум седела до 20. Повеке од 5 сати немам издржано на факс.
 
Најдолг ден ми е петок, од 11 до 20.00, имам само едно пола саат одмор од 18 до 18-30. А до Најкасно шо сум бил е колоквиум од 20:00 до 22:00, немжело да се најде слободна училница па морало така одкоа ке завршат сите предавања(надвор од колоквиумска недела беше ставен така да имавме и предавања таа недела)......победете го тоа х`х.

патем се работи за Електро(а каде на друго место :/).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom