Пречекот на кошаркарите - впечатоци

  • Креатор на темата Креатор на темата _Тони_
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе присуствувате на пречекот на Македонските кошаркари?


  • Вкупно гласачи
    246
  • Гласањето е завршено на .
И Борче ништо не прокоментира, барем да кажеше „Да живее Македонија“ :/
Кажа, кога ги претставуваа сите поединчено, па на крај по некое прашање, и последното беше за Бо, водителот го праша на англиски како се осеќа или нешто слично, и овој коа се раздра: ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА! И делириум настана!!!
Прекрасно, алал да ни е значи што успеавме ова да го направиме (y)

п.с. Али стварно многу жешко у пм :icon_lol:
 
Преубаво Е чувството да ги дочекаш кошаркарите на аеродром, да си напраиш хај-фајф со сите и Антич пак да ти ја отвори раната на прстот, да одиш со колоната автобуси и да гледаш народ по улиците како мафта весело и со преголеми насмевки на лицето. Месецов почесто сум на плоштад отколку дома. Фала ЅВЕРОВИ!
 
ПРЕЧЕКОТ ГО ПОНИШТИ ПОРАЗОТ - убаво убаво многу убаво!!!!

пред плоштадот на секој мост, по улиците ,во секоја населба имаше народ насобран на улица, млади стари, од работа од школо од градинка, ......:)

има ли некој снимка од говорот на кошаркарите, баш на тој дел морав да одам!!!
 
Некој нека стави видео за тоа со БО што се раздра.
 
ПРЕЧЕКОТ ГО ПОНИШТИ ПОРАЗОТ - убаво убаво многу убаво!!!!

пред плоштадот на секој мост, по улиците ,во секоја населба имаше народ насобран на улица, млади стари, од работа од школо од градинка, ......:)

има ли некој снимка од говорот на кошаркарите, баш на тој дел морав да одам!!!
Сигурно ќе даваат реприза. Или на Јутуб ќе закачат.:)
 
ПРЕЧЕКОТ ГО ПОНИШТИ ПОРАЗОТ - убаво убаво многу убаво!!!!

пред плоштадот на секој мост, по улиците ,во секоја населба имаше народ насобран на улица, млади стари, од работа од школо од градинка, ......:)

има ли некој снимка од говорот на кошаркарите, баш на тој дел морав да одам!!!
Исто и јас.
 
Сеа се вракам дома и...
Имаше гужва доволно за да неможеш рацете да си ги спуштиш. Колку и да беше топло и испотено :) сепак чуството беше преубаво.
Пред химната се бутнав под знамето и стигнав до 20 метра од бина :)
Иначе шо кур беше со химната некој делови прв пат ги слушам...
 
Леле сега додјов од плоштад, бидејќи неможев да одам на аеродром, каква атмосфера! Вакво нешто не било одамна.
Првин бев кај Народна банка, бидејќи ми е успут кога идам накај школо, (не пуштија од часови :cuc: :D) леле кога помина автобусот што беше, немам зборови! Неверојатно! Иако не можев да се поздравам со нив доволно беше тоа што ги видов. Послем тоа продуживме накај плоштад, како што кажав таму атмосферата беше одлична, неколку пати ги испеавме Едно име имаме и Излези момче, а на крај и песната од Тоше, сите во еден глас.
Владо пак во живо кажа "Леле луѓе што направивме!", епик беше моментот да се слушне тоа во живо, сите репрезентативци ги отпоздравивме додека се качуваа еден по еден на сцена, но врвот беше на крај, кога МекКејлеб рече: "ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!" :cuc: :cuc: :cuc:
И сите му скандиравме MVP :)

Се на се врв атмосфера, уф како посакувам пак не само во кошарката туку и во ракомет (ЕП 2012) и останати спортови да постигнеме вакви резултати, па и нив да ги славиме вака. И дефинитивно да освојат момциве медал на следно ЕП и да се квалификуваат за Олимпијата, не е толку битен медалот за нас, туку за они да бидат наградени за сето тоа што го направиле на терен, сите знаеме дека на нив им беше вчера најтешко.

А и го заборавив Докузовски: "И да ни дадат сега медал, не го земаме, затоа што вие сте нашиот медал!" :cuc:
Алал ти вера мајсторе!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom